Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Сега за жал аболирани лица имаме во врвот на двете партии, дали имало докази за нивната вина да се докаже со правосилна пресуда, исто за жал не е повеќе релевантно, сите аболирани засекогаш ќе го носат теретот на тоа дека се потенцијални криминалци, и тоа секогаш ќе им се вади на нос, затоа што не е докажано дека не се, исто како што Заев тој терет со години го носеше по првата аболиција. Ѓорѓе не им ја даде шансата да излезат достоинствено пред правдата и пред јавноста, иако сите тие (обвиентите и потенцијалните обвинети) тврдеа дека се максимално невини.

Ѓорѓе што ја заеба работата ја заеба, настрана овие глупостите со протестите, мора да се издува некаде енергијата, ако за тоа треба да страда некоја фасада, две-три стакла и неколку фотељи, па реално тоа е и мала цена за глупоста која ни ја приреди „таткото на нацијата“.

Лоша работа, многу лоша, како и да толкуваш, Хорхе направи огромен проблем, мислејќи дека нешто решава.
Eве се согласувам донекаде со тебе, во ред? Ни се поклопуваат мислите за одредени работи :)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Братче те гледам некако изгубен случај си на темава , запознат со за шо е сјо направено воопшто ? запознат си за шо се аболицирани овие моментално ?
Енда гнида удбашка прошверцува материјали од МВР и ги монтираше* или даде да се монтираат така да изгледа дека шупрајш муабети се доказ за којзнае каков криминал. Тоа е почетокот и засега единствениот факт што го знаеме.

* монтажа/монтирање не мора да значи додавање, може да значи само кратење, како и редење на неповрзани секвенци по редослед кој изгледа логичен, а не мора да е.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
825
Поени од реакции
839
И ти си ист како кучево ако не можеш да видиш дека не бранам никој, туку дека ги напаѓам двете страни. Да ти се кењам у образованието со светски ранг кога не можеш да разликуваш нормален од ненормален човек. Споменав и претходно, не туку ми се пувате овде, туку најдите некој од Белгија кој ке каже "Море малку ви е Брисел". Хах, диплома од светски ранг...на Славјанскиот да не заврши во Св. Николе?
1. Никаде не сум се обидувал да правам разлика од нормален и ненормален човек. Најверојатно халуцинираш.(хенс треба да си се преиспиташ колку си нормален)
2. Кењај колку сакаш во тоа образование од светски ранг, толку си сиромав во памет и во душа што не можеш да стигнеш таму, камоли па да кењаш.
 
Последно уредено:

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Енда гнида удбашка прошверцува материјали од МВР и ги монтираше* или даде да се монтираат така да изгледа дека шупрајш муабети се доказ за којзнае каков криминал. Тоа е почетокот и засега единствениот факт што го знаеме.

* монтажа/монтирање не мора да значи додавање, може да значи само кратење, како и редење на неповрзани секвенци по редослед кој изгледа логичен, а не мора да е.

Каде бе со вакви бе :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Доста се препукавате бе по форуми, фејсбук и слични „социјални“ страни. Во последниве години ниту од вмро ниту од сдсм а ниту од самиот народ што живее во државава (ако може држава да се нарече) не видов еден асален протест.... како може да кажеме дека некој протестира кога едвај 2 000 луѓе ке се соберат од држава што има 2 милиони жители? знаете тоа колку е процентуално? 0.01% без разлика за што и да се работи ако граѓаните се незадоволни треба да ги има во што поголема бројка и што помасовни да бидат - ова не личи на ништо освен на хулиганизам!!!
Низа „протести“ имавме во последниве години како што беше случајот за нешковски како што беше случајот на талат џафери кога го поставија за министер како што беше „монтираниот“ случај за смилковско езеро за крстот и за многу други па сега и за ова... И? што направивме ние како народ? без разлика дали е некој од вмро сдсм или неопределен? што направивме и што добивме? едно големо НИШТО!!! на секој протест видовме испартизиран контра протест. - ова го има само кај нас и во ниедна друга држава, еве еден ако знае вакви слично контрапротести да се случуваат на некое друго место јавно нека пише тука и нека го поткрепи тоа со било каков доказ! Ни се смеат сите наоколу и после криво ни е кога ке ни речат дека не заслужуваме да сме во ЕУ. па и во право се, не заслужуваме ни држава како што сме тргнале. Кај го има ова претседател на држава да помилува топтан криминалци? Пу пу неважи - шалили смо се? од утре јово наново со нови сили во нов криминал ама сега малку поинаков пошто досегашниов е веќе разоткриен нели?
Бев и вчера бев и денеска на протестите и искрено тоа што го видов таму е жално па дури и очајно! И претходно сум кажал и пак ке кажам, протести на кои се удира по полицијата не заслужуваат да бидат подржани од ниедна страна под никаков услов под никакви околности! Кога ке сватите дека тие луѓе се поставени на работно место и дека тоа им е должност? они сами си ја вршат работата како што и треба! Убаво би било кога цел политички врв би си ја вршел работата како што треба ама тоа јок... кај нас може се само тоа не бива. Наместо власта да работи за своите граѓани и за подобро утре на државата кај нас малце обратно пропорционално се поставени работите, власта го дере народот на секој можен легален и нелегален начин, го изложува на срам и непочитување кај соседните држави и на крај ке го злоопотреби пак за нејзини лични интереси.
Не е крива власта - Народот е е пак крив!!!
Ме интересира до каде им оди свеста и коефициентот на интелигенција на оние кои протестираа на бихачка. Страшно ме интересира. Против кого протестираат? Чекај.. уствари.... знаат ли они ЗАШТО протестираат??? Срамота е бре луѓе ве држат како лисица во стапица со уцени притисоци и закани да дојдете на протест... зашто? зашто наредниот ден може ке ви виси работното место, работното место кое е ваше лично право и стварно го заслужува на легален начин а сепак го добил преку партиска линија зашто поинаку и неможе.
Да имаше закон и ред во државава немаше да има потреба ни специјално обвинителство да се формира - затоа постојат судовите и министерство за правда ама и тоа од дамна не функционира како што треба... за жал!

На почетокот кога почна цела политичка криза нели снимките беа лепени сечени монтирани креирани од странски служби ти реков ми рече па се препукаваа едни со други кој што рекол како рекол кој кого ке тужи и така натака... вмровциве сите викаа дека им се креирани разговориве. Зашто сега аболиција? ако се невини нека не ја признаат аболицијата и нека бидат мажи како што се прават пред избори па нека одат до крај со судските постапки, ако се докаже дека се невини супер - ке им рипне рејтингот ама ако се докаже дека треба да одговараат тогаш нека си лежат ќорка како што треба. Не е ни етички ни фер ни нормално некој да лежи казна затвор за украдени ќебапи а некој да биде аболициран за милијарди, не е ни фер некој да поминува неказнето затоа што е син/мајка/татко/вујко на некој политичар а некој да плаќа казни зашто продава марули и коприви за да преживее.


ако продолжам да пишувам ке го направам постов километарски и ке пишувам до 3 сабајле а имам толку многу работи да изнакажам ама ајде нека има простор и за понатака.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Река од платеници кои по список беа штиклирани на вратата на автобусите , дали ќе бидат присутни на протестите. На ова бев личен сведок , цела организација ја водеше младите на СДС со списоци во рацете. Зборувам за Струмица конкретно , али најверојатно и во другите градови е во слична режија.

Не дека и тие на ВМРО не беа на ист начин собрани , буквално на ист начин се и они организирани. Туку само ми се гади од овие кои што тврдат дека групите биле неопределен народ кој само сакал демократија. :pos:
Нема притисоци друже,закани и уцени , тоа е болната вистина шо ви ја гори душата. Се е доброволно.

И која е причината опозиција да прави притисок врз своите членови, размисли малце глупости пишеш.

Како припадник на СДММ, ке ти кажам од најсигурни и најреални извори дека нема притисок, ни уцена ни закана. Единствено шо се прави е список за запишување на доброволно пријавување на членови за митинзи/протести/собири за да се знае колкава е точната бројка на луѓе, за да се обезбеди место за сите, и со колку комбина и автобуси ке се оди да се знае. Тоа е се во врска со списокот. Неможи ти да знаеш повеќе од мене и повеќе да си информиран шо се случува и како. Затоа те молам немој да манипулираш овде за нешто што не си доволно запознаен.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
27.676
Па? Оние што имаат 2 помилувања пу пу не се важи, од трето нагоре броиме? Тоа сакаш да ми кажеш?
Се важат бе. Не сум сигурен, сакам да ми потвриш дали така случајно се погодило... Тоа сакам да ти кажам односно да те прашам.
Сфаќаш дека поради вакво известување, огромен број на луѓе не се свесни што навистина се случува и всушност мозокот им е испран, така?
Дополнително, ВМРО се „фрапирани“ од ситуацијата ама случајно на Сител кажуваат како ова порано се случувало со претходни Претседатели и всушност имплицираат дека е сосема нормална одлука :)
 
Член од
6 август 2012
Мислења
174
Поени од реакции
77
Море пола држава се аболицира, проверете само и вие дане сте на некоја листа, дане заборави Иванов некого.

Иначе на крај само Аљи испадна цар, деценија и поќе на власт а да си чист. Море, море...
Аљи го амнестираше закон за амнестија изгласан у собрание,а нормално на документот ,како за крај ,параф има стаено хорхе,
 
T

templar55

Гостин
Добро, хипотетички никој и да не лежи у затвор и покрај тоа што го направиле, дали веруваш дека тоа ќе доведе до поголема стабилизација на државата? Дали државна структура во која не постои почит кон највисока инстанца на правила, правила кои треба да бидат темел на стабилноста и редот, можеш да ја сметаш за стабилна? Наведи ги критериумите кои определуваат стабилност на една држава и кажи ми колку од тие критериуми, ги задоволуваме ние како држава у моментов.
Тоа е точно дека не можеме да знаеме што ќе се деси утре ако отиде цела криминална банда од двете партии у затвор.
Кои ни се опциите? Можеме да попуштаме до степен кајшто више нема назад и нема отпор кон ништо. Според мене, ова денес и вчера е крајното попуштање, последната илузија за демократско фер општество у кое ние бираме нешто. Пред очи го гледаме голо. Ова не се разликува во ниту една компонента од типично самоволие на власта, од типична диктатура според ниту еден елемент. Замисли утре, некој да убие луѓе што протестираат, некој трет да стаи у ендек независен новинар којшто објавил нешто. Оп, амнестија. И луѓе да протестираат... И некој тука да дојде и да рече, ако протестирате, ќе идат у затвор овие од бандава и кој ќе ги смени, Заев, Ојле, Дојле? Батали, никој нејќе дестабилизација. Задутре замисли, се воведе ново правило според кое, секој којшто не се слага со словото на владетелите, лежи затвор.
И сеа што, ако пробаме со протести, тоа е дестибилизација, па дур се возобнови структурата на државата, Ојле, Заев, Дојле, ќе искористат. Па + можност за граѓанска војна. Батали. После некој ден, сфаќаме дека живееме у адот. Отворено и јавно, смртна казна за тие што серат за владетелите. Ама што се жалиме? Сеа протести, луѓе ќе умираат, за што? Да дојде некој Заев, Ојле, Дојле? Батали.
И полека, полека ќе попуштаме. Според тебе, која е крајната линија до која еден народ треба да допушта на една ваква хипотетичка власт? Кога мислиш дека нема да има друг начин освен правење масовна промена која може да доведе до огромни срања или до боље ситуација, ама е неизбежен настан ако нејќеме да умреме со главата у чмар?
Добро, хипотетички никој и да не лежи у затвор и покрај тоа што го направиле, дали веруваш дека тоа ќе доведе до поголема стабилизација на државата? Н
-Не, каква стабилизација? Оној што крадел ке продолжи да краде. Не е власт, не е опозиција, се работи за човечка природа. Ако се извлечеш за некое злодело еднаш, голема шанса има да го повториш истото. Тоа важи за силувачи, убијци, дилери и сл.

Дали државна структура во која не постои почит кон највисока инстанца на правила, правила кои треба да бидат темел на стабилноста и редот, можеш да ја сметаш за стабилна?
Нормално дека не е стабилна, ама не мислам дека со смена на власт ке дојде до почитување на истата. Самиот нивен настап кон целава ситуација ми кажува дека нема жива сила да ебат (исто како нивните претходни колеги)

Кои ни се опциите?
Реално, за да помине мирно, смена на раководства од двете страни и после тоа да се оди на избори. Мал период на безаконие (на што сме навикнати) додека новиве се "искалемат".
Друго...трета опција, трета партија ама неможно е затоа што овие две партии буквално се навлезени во сржта на луѓето и голем % од граѓаните зависат од нив, што од обичен човек на кој што му зависи работно место до бизнисмени кои треба да лапаат тендери. Секој сталеж е паметно зафатен, па затоа мислам појавување на трета опција/партија би траело далеку подолг период за разлика од првата опција со смените. Далеку подолг период да се стабилизира земјава значи и голема опасност за нас, така да ја би се држел (сега за сега) до првата опција.
Нормално комбинација од овие две е најдобро решение за нас. Нови раководства плус влез на трета партија како фактор би било рај (инаку некаде ова е секојдневие).[DOUBLEPOST=1460590901][/DOUBLEPOST]
1. Никаде не сум правел разлика од нормален и ненормален човек. Најверојатно халуцинираш.(хенс треба да си се преиспиташ колку си нормален)
2. Кењај колку сакаш во тоа образование од светски ранг, толку си сиромав во памет и во душа што не можеш да стигнеш таму, камоли па да кењаш.
Ако имаш јако образование (ама снаоѓањето не ти е јака страна) а седиш тука и чекаш Грујо да ти даде работа, ондак ти си за мене идиот. Извини ама...така е.
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
77
Поени од реакции
16
ako moze da postira nekoj spisokot od zastitenite zivotni fala unapred
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Луѓе Бастерод го нема, загрижувачки станува цела вечер го нема.

Да не го уапсија и него, да го згрешил протестот.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
ako moze da postira nekoj spisokot od zastitenite zivotni fala unapred
1.Ирена Мишева – претседателка на Советот на Град Скопје
2.Миле Јанакиески – поранешен министер за транспорт и врски
3.Живко Пејковски – директор на затворот „Идризово“
4.Гордана Јанкулоска – поранешен министер за внатрешни работи
5.Љупчо Димовски – поранешен министер за земјоделство
6.Мартин Протоѓер – шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски
7.Љупчо Тодоровски-Радникот – поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
8.Мендух Тачи – претседател на ДПА
9.Бедредин Ибраими – член на ДИК од ДПА
10.Кирил Божиновски – поранешен генерален секретар на Влада
11.Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК
12.Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер
13.Трајко Трпевски – генерален директор на градежната компанија „Бетон“
14.Мирослав Јовановиќ – главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком
15.Горан Грујовски – поранешен началник на Петата управа при УБК
16.Тони Трајковски – градоначалник на Гази баба
17.Жарко Луковски – главен извршен директор на „Телеком“
18.Зоран Заев – претседател на СДСМ
19.Трајко Вељаноски – претседател на Собранието на Република Македонија
20.Зоран Верушевски – поранешен директор на УБК
21.Ивица Анчевски-Пуки – поранешен раководител на полициската единица „Алфи“
22.Горанчо Тодев
23.Метуш Шабани
24.Новица Станковски
25.Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје
26.Владимир Тодоровиќ – поранешен градоначалник на општина Центар
27.Ристо Новачевски – формално директор на „Сирах инженеринг“, кум на Груевски од првиот брак
28.Тодор Мирчевски – директор на офшор-фирмата „Ексико“
29.Киро Тодоровски
30.Надица Велевска – вработена во МВР
31.Мунир Пепиќ – полициски службеник
32.Едмонд Темелко – градоначалник на Пустец, Република Албанија
33.Коста Митровски – претседател на управниот одбор и извршен директор на Универзална инвестициона банка – УНИ банка
34.Тони Јакимовски – национален координатор за борба против тероризмот и поранешен директор на „Идризово“
35.Никола Бошкоски
36.Валентина Симоновска – архиварка во МВР
37.Владимир Талески – градоначалник на Битола
38.Ѓорѓи Лазаревски – поранешен вработен во УБК
39.Соња Верушевска – сопруга на Зоран Верушевски, вработена во Комерцијална банка
40.Бранко Палифров – вработен во Општина Струмица
41.Анета Станчевска – шеф на одделот за внатрешна контрола во МВР
42.Исмет Гури – поранешен член на општинска изборна комисија на Чаир
43.Дејан Митровски-Урко – поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски
44.Бранко Црвенковски – поранешен претседател на СДСМ и поранешен претседател на Македонија
45.Коста Крпач – директор на скопската компанија „Финзи“, која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“
46.Владислав Стајковиќ – прв управител на фирмата „Финзи“ и директор на „Мобико ДООЕЛ Скопје“, фирма која е овластен сервисер за мобилни телефони на „Т-мобиле Македонија“
47.Христијан Панев – директор на НВСП, сопственик на „Радио Слободна Македонија“
48.Божидар Јанковски – директор на „Дајнерс Македонија“
49.Светлана Костова – судијка на Вишиот управен суд
50.Хаим Хакини – државјанин на Израел
51.Лиле Стефанова – обвинителка во СЈО
52.Фатиме Фетаи – обвинителка во СЈО
53.Гаврил Бубевски – обвинител во СЈО
54.Звонко Костовски – вработен во МВP
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom