Може ова поминало, но нема врска, нека оди повторно.
https://www.youtube.com/watch?v=9d-_jjLc3hw
И така темава е веќе општа тема за моменталните политички настани, СЈО генерално (кое нели е против уставно и против законито), за политичките прогнози кој ќе победи на избори, и пред се’ дали тие ќе се одржат или не, политичката криза последниве неколку месеци, Пржино, а сега протестите во Скопје.....се’ на едно место.
Зошто ако СЈО е против уставно, тогаш му се посветува толку внимание? Зошто во општ договор помеѓу моментално неуставната иституција- Уставниот суд, ДПМНЕ и прррретседателот на Р.М. се аболицираа сите обвинети? Пред неполн месец изјави дека нема никого да аболицира/амнестира за изборни нерегурарности!? Но народот рекол- “договор куќа гради“! Нас навистина ни треба една куќа за сите тие спорни гласачи, кои за добрата волја на одредени наши партиоти, ги држат заведени под нивното живеалиште (поточно во Велес), се додека спорните не го легализираат нивниот имот. И како после да не гласам за нив!? Вистински дух на патриотизам и човечност.
А сега, до каде е таа наша “куќа“ за која мислел народот? Ќе се гради, ќе се урне (затоа што не е легална), или пак ќе се легализира, па дури потоа да се врати во системот и во институциите, во рамките на дозволеното?