- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.516
- Поени од реакции
- 8.226
Врзан со лисици ти доаѓа обвинителкава со таков ебазовен поглед... на Миле и не му е до толку лошо. ![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Има како нема еве го во средина,димитров од лево силванева од десноИма ли претседател државава, да даде мислење?
Бидејќи темава е 90% навивање, да пренесеме нешто од печатот...
Хималаи и Kораб на Kатица Јанева
Еве и ние да се вклучиме во расправата за новиот закон за медиумите бидејќи од стариот кој има едно од оние знаменциња на ЕУ се оградија сите – и самата ЕУ, и госпожа Дуња Мијатовиќ и сите домашни потписници. Па, замолуваме во рамките на новиот закон, да биде пропишан и образецот, односно формуларот кој треба да се пополни ако сакаме да направиме интервју со некого од СДСМ. Односно, да биде прецизирано до која странска амбасада да го упатиме и да биде одредена формата. На пример, дали прашањата што сакаме да ги поставиме ќе се запишуваат во формуларот или не. Дали амбасадорот од амбасадата да го ословуваме со „неговата екселенција“ или на некој друг начин. Дали интервјуто да биде во живо или писмено. Ако интервјуто е во живо, дали да попуштаме за да не н` искараат потоа Бејли, Орав и Гарет, дали да има сведоци или доволен е само диктафон. Потоа, да има временски рок во кој амбасадата ќе ни одговори. Замолуваме во законот да биде прецизирано дека одговорот од амбасадата задолжително треба да биде во писмена форма. За да нема потоа евентуални забуни и за да остане писмен траг. И да не набројуваме понатаму, сигурни сме дека Питер ван Хут е доволно инвентивен да ја обмисли целината на оваа одредба и формуларот. Ете, од нас толку за ова.
Kатица Јанева го најави првиот случај. „Титаник“ за Пустец. Kој го смисли ова име? Му кажал ли некој на генијот дека „Титаник“ потона, па според тоа не е многу бистро на една ваква акција да ~ се дава такво име? Белки Јанева сака ВМРО-ДПМНЕ да потоне, а не нејзината акција. А „Титаник“ потона затоа што газдите премногу брзаа, па не ги слушаа предупредувањата. Да не брзаат премногу и газдите на Јанева?
Е, кога сме кај брзањето и она за раѓањето „слепи кучиња“, еве само еден дел од кажаното на вчерашната прес-конференцијата:
Дарко ЈАНЕВСКИ„Во овој предмет... произлезе основано сомнение дека одредена група луѓе..., а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради свои непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала цел вршење кривични дела против изборите и гласањето или во превод преку целокупното криминализирање на изборниот процес, освојување власт“.
Значи, имаме обвинителство кое веќе утврдило дека делото за кое се товарат десетината е „особено и заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта“. Би бил голем придонес за правната теорија СЈО да ни каже како тоа правно го утврдиле? Kако тоа мислењето на некој си јавен обвинител за тоа зошто некој сака да остане на власт, влегува во еден предмет на истрага? По кој закон? Оти привилегија е и бесплатното пиење кафе. И службениот автомобил. Тоа е мотивот некој да организира злосторничко здружување како што тврди СЈО? Kако ве молам го утврдивте тој мотив? Ви го кажа Јанкуловска или онака, ви падна на памет. Си седат специјалните во кафеана, пијат шприцер и јадат кромид со по некое ќебапче (или кога имаш четири милиони евра е обратно) и им текнало? Kако тоа муабет меѓу двајца соседи, еден вмровец и еден сдсмовец одеднаш го слушаме на прес-конференција на специјално обвинителство?
Одиме понатаму од прес-конференцијата: „Меѓутоа, ова не е единствениот начин на кој е влијаено врз изборниот процес. Применувани се и други методи како насилства... злоупотреба на медиумите, злоупотреба на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања“. Ви личи ова на говор на партиски функционер на СДСМ или на јавен обвинител? Или подобро кажано, ова не е говор на јавен обвинител. Ова е говор на некој што нема врска со правото, а кого го поставиле да ја врши функцијата специјален обвинител. Kако тој обвинител утврдил злоупотреба на медиумите која е казнива според Kривичниот законик? Ете тоа е од вчерашниот памфлет на Фатиме Фетаи.
Е, ама почекајте го следното од Kатица Јанева: „И правната наука има што да научи од специјалното јавно обвинителство, особено кога е во прашање границата помеѓу приватноста и јавниот интерес и нивните меѓусебни односи.“ Тоа го вели јавната обвинителка, која границата меѓу приватноста и јавниот интерес ја постави така што не состави ни записник за приватните и незаконски снимки на 20.000 лица и која нема поим дека тоа било нејзина обврска (или има поим, ама имаше потреба со Зоран Заев да игра друга игра). Па сега ќе правела статистички преглед за снимките зашто ги имало многу. Тука нема што повеќе да се каже. Ова е врв на с`. Хималаи, Kилиманџаро и наш Kораб заедно. Повозрасните може да си го додадат и Триглав. А правната наука во Македонија може слободно да се построи и да си стрела во слепоочница.
Од Ленче Ристовска, засега доволно е само ова: „Медиумите наместо да го почитуваат правото на пресумција на невиност, се впуштаат во пресумција на вината на лицата против кои се поднесени кривични пријави.“ Така добивме специјален јавен обвинител кој ги обвини медиумите дека се впуштале во пресумција на вината? Од кој закон го извлече ова за „пресумција на вината“? Шегобијна била Ленче! А кога денеска ќе ја пренесеме нивната прес-конференција за десетината осомничени, дали со тоа се впуштаме во пресумција на вината на лицата против кои се поднесени кривични пријави? Некои жени, како овие три вчера, навистина имаат специјална моќ да му ја остават на човека устата подзината. Во стилот на она кога СДСМ делеше цвеќиња во Битола не делејќи ги жените по родова структура, а најмалку по пол.
Им има ветено дека сам ќе отиде во Шутка. Сигурно.Temelko si zaminal so privatna kola. Ima video
Да бевте бар малку политички стратези и тактичари, немаше да губите 10 пати на избори, а веќе најголемиот изборен пораз ви се ближи.Сега ќе се најостри и најагресивни мегафоните, се што ќе праат по медиумиве на емисии ќе биде класичен алиби фидбек за тврдата маса за ситуацииве, на која ќе и треба нешто на што ќе може да се држи..
Во очите на секој што може и му е дозволено малку да резонира, сето ова ќе изгледа доста психопатски.
Малку си грешка, принципот е меница, да беше лојалност немаше да бидеме 10 години под властВМРО-ДПМНЕ е структура изградена само врз еден принцип. Лојалност. Таа секогаш се мери и се докажува.
Тоа не треба да те смее, туку да ти ја каже ситуацијата у која е државата, дека се помалку и помалку пари имаме, ко држава.(Јер кај нив се парите).
Ne se normalni ovie be.
Sekoja godina sve poeftini I poeftini botovi plakjaat.
Sent from my D2403 using Tapatalk