Типците кои го бранат режимот, оние лојалните, експертите од типот на Пандов и Каракамишева, како и целокупната програма на Сител, Канал 5, Алфа, МТВ, РСМ и сл. толку ми е неподносливо за слушање и гледање, што мислам дека попрво би избрал 24 саата Гулабица да ја слушам како пее отколку овие мегафони како го бранат режимот.
Па овој начин на изразување, тоа карактеристично одвлекување на вниманието од реалните проблеми, таквото правење "на удрен", таквото глумење дека не се од овде и не можат да ја согледаат реалноста, а наспроти тоа те прават будала и те убедуваат во ненормалното.
Тој простаклук јас не можам да го поднесам. Изразувам сочуство до мозочните клетки на сите оние кои се информираат од горенаведените медиуми.