Гледам ова стана општа дискусија за политика па мора да пишам подолг пост...
Прво, читам и не можам да си објаснам една работа. Јас моменталната ситуација во МК одамна не ја гледам како борба на две политички партии. Ај пред бомбите и така и така, ама сега никако. Значи имаме докази што сите ги видовме и чувме дека државата ја водат злобни криминалци, луѓе со никаков морал, луѓе што комплетно ја уништија државата и ги уништија животите и на оваа и на идни генерации. И да ми простите вие поддржувачите на режимот, ама за мене само глуп, уценет или крајно расипан човек може да гласа за Груевски. Тука не санува збор за политичка борба, туку за диктаторски режим кој мора веднаш да биде срушен, и верувајте, ќе биде наскоро.
Второ, СДСМ со бомбите веќе оствари една голема победа, и тоа на долгорочен план. Бомбите се историски факт и од нив нема бегање, што и да биде во иднина. И ќе бидат достапни за следни генерации. Па пак да ве прашам вие што го браните режимот, како ќе ги погледнете вашите деца во очи кога еден ден ќе ве прашаат зошто сте бранеле луѓе, кои меѓу другото, се закануваат со убивање жени и деца во ендек, кога сите здраворазумни луѓе ги напаѓале?
Трето, не можам да верувам дека тука има луѓе кои тврдат дека немало закани и притисоци?!? Вие изгледа живеете во некоја паралелна Македонија??? Па јас со свои очи имам видено куп гадости од ДПМНЕ. И знам добро на што се се спремни. Имам другари во администрација што трпат нечовечки притисоци пред секои избори.
Четврто, немојте да ги користите минатите грешки на СДСМ како алиби. Тие си платија за своите грешки со тоа што 10 години се во опозиција. И немојте да ги ставате актуелните млади и амбициозни политичари од опозицијата во ист кош со потрошените транзициски кадри, кои веќе не се ни активни.
Петто, патетични сте со муабети од типот „Заев ќе јаде живи луѓе“. Ако таа изјава сте ја разбрале буквално, нема што да коментирате веќе никаде... А да, изјавата звучи грдо, ама не толку грдо како оние на Грујо дека на клоци ќе тепал и мавал и жени и мажи и се што е против него...