- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.333
- Поени од реакции
- 26.291
http://plusinfo.mk/vest/61063/vanhaute-do-izborite-kje-nema-sredbi-na-rabotnite-grupiИзгледа имаме различен концепт за тоа што се институции. Ти имаш султански концепт, јас демократски. Институциите треба да работат независно од волјата на еден човек, или група на луѓе. Тебе сега ти се чини дека немаме институции затоа што повеќе еден куп работи не зависат од волјата на Грујо.
Еве пример. Ова е волјата на Грујо и пазарење. Ама не е институции. Одложување на датумот за избори не е институции. Проблемот со медиумите ќе се решаваше институционално, доколку СДСМ нивниот предлог го поднесеа во Собрание. Тоа ќе беше институцијата во која се решава.
Тоа што се случува во Македонија во последниве година и 2 месеци нема врска со демократија, има врска со дерогирање на државата. Ама не е најбитно, тоа е пред крај, од ден на ден станува се поочигледно. Прашањето е, што планираат за да го средат кршот што ќе остане зад нас. Јас немам сомнение дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, после избори ќе биде помоќен од тоа што премиерот Груевски бил моќен во јануари 2015та. Иако најверојатно не ми веруваш за тоа. Мојата дилема е, дали Груевски има план како таа моќ да ја префрли врз премиерот Груевски. Затоа што ако не го направи тоа, не направил ништо.