Тие 500к многу набргу ќе бидат сигурно до кај 300-350к, а можеби и помалку. Затоа и се бори тој црпнат, да докаже дека постои криминал во секој поглед и во избори и во крадење на народот и во пресуди на невини и во незаконско рушење на имот и сл., се бори за конечно да видиме правда.
За Глобал веќе почнале истрага и не нашле ништо дури се откажале од понатамошно судење/пресуди бидејќи е местенка. Постои изјава од Ване Цветанов кој го работел тој случај, човек поставен од вмро и избркан од тоа место кога почнал да открива нешто што не требало да чепка. Се посравте веќе со тој Глобал и аболиција.
Доволно ќе беше прв случај овдека да беше прислушкување, се да се разоткрие кој и зашто прислушкувал, се друго ќе беше полесно, ќе дознаеја останатите неинформирани граѓани што е вистината а што беше говорено/лажено преку владините медиуми и вешто криено од јавноста додека се презентираа бомбите.
Тие сечени, лепени и монтирани докази беа за оние најнеинформираните кои освен информациите на владините тв и турски серии, друго не ги интересираше, па така што и да имаше нешто на други тв, портали, фб страни беше небитно, сите читаа и си викаа, не е можно, измислуваат. Сите овие години се што се изнесуваше на "споредниве" извори на информации се полека полека се потврдува.
Чекаме деновиве што ќе има следно од СЈО, ништо чудно да се докаже дека и "помилувачот" го имаме со наместени избори.