Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

Член од
17 јануари 2019
Мислења
882
Поени од реакции
1.029
Член од
13 јуни 2009
Мислења
372
Поени од реакции
148
не оти се рабирам нешто ама многу ми се интересни ваквите научни детални истражувања,познато е дека мозокот работи на фрекфенција од 0 30 херци алфа бета гама како беа ко ќе спие напомалку херци мозочна активнос(ова го прочитав на интернет) ,е сега на која фрекфенција тоа се се отвора та димензија ако постои нормално треба да се открие ,има едно истражување ,пред да заминат на тој свет шо велат старите го мерат тоа,https://www.sciencealert.com/brain-activity-recorded-as-much-as-10-minutes-after-death-human-science ,можи не е измислено такво апаратчеа пак можи да се и непознати неоткриени бранови .кој влегват во друг свет универзума парлален непараллелан незнам каков. Значи ако постои душа шоте слуша :) пример кога е таа создадена од кој период е пред колку години започнало од Хомо сапиенс или пред паркот јура :),и како се создава нова од кој момент со ембрионот митозата клетките како беа нез и таму треба да има фрекфенција .значи од две души се формира нова една две три зависи колку деца разможување и реплицирања а можи клонирање :).https://www.nature.com/articles/s41467-017-01462-y .се извињавам можи траскам зелени :) и шо бараја џерманците на тибет 38 и дали индија џонс го најде светиот пехар .
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
5.697
Поени од реакции
3.601
Според студијава, епифизата веројатно нема улога во ендогената синтеза на ДМТ кај стаорци со срцев удар. :D
DMT concentrations following cardiac arrest (red tracings) increased significantly over baseline (blue tracings) in both brains of the pineal-intact group (panel Ab; p = 0.00027) and the pinealectomized group (panel Bb; p = 0.034). We found that 60% (15/25) of normal pineal-intact rats demonstrated more than two-fold increases in DMT while 32% (8/25) showed less than 1.5-fold change (panel Ab). Of the rats without the pineal gland, 45% (5/11) showed more than two-fold increase in DMT whereas 55% (6/11) of rats exhibited minimum change (<1.5-fold; panel Bb) following the onset of cardiac arrest.
Има некоја разлика.....ама небитно.

Average fold increase following cardiac arrest for DMT in the brain was 2.84 ± 1.65 for the pineal-intact group (with a maximum of 6.18-fold), and 1.84 ± 0.89 for the pinealectomized group (with a maximum of 3.47-fold).
Ако гледаш максимумот е скоро дупло.....иако статистички нема некоја разлика.
DMT concentrations in rats exposed to experimentally-induced cardiac arrest did not differ significantly between pineal-intact and pinealectomized rats (panel Cb; p = 0.34 via unpaired t-tests with Welch’s correction).


Она што е интересна работа е зошто се синтетизира во овие специфични услови односно која му е целта. :)
Покрај тоа што се синтетизира и во нормални услови, а и таму не се знае скоро ништо за оваа сустанца.
The cardiac arrest-induced increase of endogenous DMT release may be related to near-death experiences (NDEs), as a recent study reports NDE-like mental states in human subjects given exogenous DMT50. Not all rats in our current study exhibited a surge of DMT following cardiac arrest (Fig. 4), an interesting observation in light of the fact that NDEs are reported by less than 20% of patients who survive cardiac arrests51. It is unknown whether the concentrations of DMT reported in our study at cardiac arrest can elicit the effects of an exogenous psychedelic dose of DMT, or whether this surge of endogenous DMT similarly occurs in humans. Moreover, the conscious states reported by NDE survivors may involve contributions from several of the other neurotransmitters found to surge at cardiac arrest in our prior rodent study21. Further investigation is clearly warranted to investigate whether DMT plays a role in generating neural correlates of near-death consciousness.

Како и да е, постои традиција од неколку илјади год. каде епифизата се смета како еден вид портал до други димензии на постоење. Ова е премногу опширна тема и има други места каде што може да се дискутира. Во Тибет на пр. правени се во минатото операции со отварање на черепот за да се стигне и да се активира наводно со некои супстанции, покрај ова да речеме слична е и операцијата https://en.wikipedia.org/wiki/Phowa

Да не зборуваме за мистичните искуства со земање на ДМТ кои се приказна сама за себе, и се исклучиво субјективна работа....како и спознавањето на оваа реалност нели :) Затоа што се виде дека науката удира во ѕид кога станува збор за набљудувачот во експериментите на квантно ниво(planck scale) каде се губи суштината на научниот приод а тоа е објективноста, ама и тоа е друга тема, иако тесно поврзана со оваа.[DOUBLEPOST=1561803036][/DOUBLEPOST]
Ова докажува дека божјата честичка се лачи за време на смрт. Катапулт на душата во другата димензија. Сега почнува се повеќе да се истражува дмт-то
Нема никакви научни докази што би поврзале ДМТ со било што :)
Интересен е заклучокот што логички се наметнува поврзан со искуствата на NDE и конзумација на ДМТ, а кои се во основа многу слични.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
476
Поени од реакции
689
DMT concentrations following cardiac arrest (red tracings) increased significantly over baseline (blue tracings) in both brains of the pineal-intact group (panel Ab; p = 0.00027) and the pinealectomized group (panel Bb; p = 0.034). We found that 60% (15/25) of normal pineal-intact rats demonstrated more than two-fold increases in DMT while 32% (8/25) showed less than 1.5-fold change (panel Ab). Of the rats without the pineal gland, 45% (5/11) showed more than two-fold increase in DMT whereas 55% (6/11) of rats exhibited minimum change (<1.5-fold; panel Bb) following the onset of cardiac arrest.
Има некоја разлика.....ама небитно.
Разликата е занемарлива.
Она што е интересна работа е зошто се синтетизира во овие специфични услови односно која му е целта. :)
Покрај тоа што се синтетизира и во нормални услови, а и таму не се знае скоро ништо за оваа сустанца.
The cardiac arrest-induced increase of endogenous DMT release may be related to near-death experiences (NDEs), as a recent study reports NDE-like mental states in human subjects given exogenous DMT50. Not all rats in our current study exhibited a surge of DMT following cardiac arrest (Fig. 4), an interesting observation in light of the fact that NDEs are reported by less than 20% of patients who survive cardiac arrests51. It is unknown whether the concentrations of DMT reported in our study at cardiac arrest can elicit the effects of an exogenous psychedelic dose of DMT, or whether this surge of endogenous DMT similarly occurs in humans. Moreover, the conscious states reported by NDE survivors may involve contributions from several of the other neurotransmitters found to surge at cardiac arrest in our prior rodent study21. Further investigation is clearly warranted to investigate whether DMT plays a role in generating neural correlates of near-death consciousness.
Прочитав на неколку веб-страни и начинот на кој е прикажана студијата е лажна индикација со цел студијата да се прочита и да им биде интересна на луѓе. Пример, на една статија го пишува ова:
„Borjigin and colleagues worked on unraveling the pineal gland mystery and determining whether it truly does produce DMT. Their findings were profound: DMT was present in the pineal gland of a rat brain, and there’s also evidence that it can be produced by other parts of the brain, as well, including the hippocampus and neocortex.“





Луѓето сакаат да си ги потврдуваат наративите во кои веруваат и да ги одбиваат информациите кои не им одговараат. Популарниот муабет е дека епифизата (поради сите тие верувања за трето око, локацијата на душата според Декарт итн.) е таа што го произведува ДМТ-то. Иако студијава не го покажува тоа, луѓето ќе се сосредоточат на тоа дека ДМТ се произведува кога умираш, а ќе го занемарат тоа дека според студијава нема никакви индикации дека тоа го прави епифизата, туку најверојатно кортексот. Дури и да има тело од докази дека епифизата игра улога, тоа не го потврдува постоењето на душа која е локализирана во епифизата. Ова е една студија која не е реплицирана. Ако човек сака да гледа објективно на нештата, ќе наиде на многу проблеми.

1. Постојат многубројни психоделици (некои природни, некои синтетизирани) кои имаат сличен ефект: 1P-LSD, 25x-NBOMe, 2C-X, -4AcO-DET, 4 AcO-DMT, 4HO-DiPT, 4-HO-DPT, MET, LSA, LSD, мескалин, псилоцин/псилоцибин, DOB, DOC, ибоган и уште мал милион други. Истото важи и за дисоцијативите што имаат поинаков механизам на дејство. За „Темпл оф д тру инер лајт“ евхаристот е ДПТ. Племиња во западна Африка конзумираат ибоган за време на релизиогзни ритуали и сл. Кој ентеоген се употребува зависи од многу фактори, некои културолошки, а други климатски (што расте во околината). Тоа што го знаеме е дека сите психоделици како серотонински агонисти имаат слично дејство, делуваат на 2-HT серотонинските рецептори како парцијални или целосни агонисти и тоа доведува до мистичните искуства. ДМТ-то нема специјален статус. ДМТ-то е во популарната култура и затоа ноностоп се зборува за истото.

2. Мозокот синтетизира различни прекурсори и метаболити на серотонин (имаат многу слична структура, односно индолен прстен). При различни каскадни реакции на синтеза на серотонин, во комбинација со други фактори како оксидативни стресови и тристо други чуда додека се случува срцевиот удар кај глувците, Бог знае кој интермедиерен метаболит е ДМТ-то и зошто се произведува. Сосема е можно да нема никаква функција и да биде нус продукт на дехидроксилација на серотонинот и метилација на азотот или самиот по себе да е некаков прекурсор. Ова е доста комплицирана работа, но тоа не ги спречува луѓето да си го објаснуваат сево ова во стилот на „Како мали Џокица си замислува дека работи човечкиот мозок“. Глеј го абдалов погоре.

3. Сега за сега за тестирање на психоделици користат стаорци (Sprague Dawley), „minibrains“, клеточни култури и „данио-рерио“ рипки (zebrafish). Но ова се парцијални модели за тестирање вакви неврохемиски процеси, не се ни хомологни. Тоа доведува до некои проблеми кога пробуваме да употребиме животински модели за да проектираме психолошки манифестации кај човекот.


4. Еден од поголемите проблеми со мистичните искуства на психоделици е проблемот на дискриминација. Не можеме да знаеме дали мистичното искуство е приказ на некоја надворешна стварност која во оваа состојба на свест не ја перцепираме или мозокот пробува да ги срочи хаотичните стимулации во некој кохерентен наратив. Во голема мера играат улога верувањата на тој што го конзумира психоделикот и ред други фактори за тоа како ќе биде толкувано психоделичното искуство. Моето скромно мислење е дека ако земеш поголеми дози на психоделик (што ми се случило и на мене посебно на DOB и LSD), веќе не постои бариера помеѓу несвесното и свесното (има многу добро неврофармаколошко објаснување кое е поврзано со таламусот како филтер). Постои можност сите несвесни перцепции, емоции и некои праразмисли да ни се достапни, а тоа го дава чувството на припаѓање, бивање едно со се' и тристо други чуда. Луѓето ги гледаш како архетипи (личи како да ги извадиле од Животинска Фарма) и си поперцептивен за туѓите и своите емоции и инстинкти. Тоа може да помогне во огромна мера од психотерапевтски аспект. Ова што го кажувам е теза поддржана од емпириски докази, но не е силна теорија, потребни се уште испитувања.
За некои од овие работи, субјективното искусување не може да се тестира и е индивидуално во огромна мера.


Сума сумарум, производството на ДМТ кај стаорци со срцев удар не укажува на никакво катапултирање на душата во други светови. Тоа е огромно рипање кон заклучоци. Концептот за душа е дуалистички по природа и душата сама по себе е нематеријална. Од друга страна ДМТ е молекула која постои во рамките на натурализмот и потребно е да се објасни како материјална молекула би имала функција во нематеријалниот свет. Ова е прашање поврзано со проблемот на декартовиот дуализам, односно како нематеријалната душа го командува материјалното тело и обратно, како прима информации преку материјалното тело?
Зошто токму оваа хемиска структура од сите други 5-HT агонисти со слично дејство е „молекулата на душата“? Можеби сите психоделици да се молекули на душата и 5-HT рецепторите да се порти кон оној свет, но не верувам дека ова е можно објаснување. Од друга страна, ако душата е материјална и 5-HT агонистите и рецепторите се порта кон истата, тоа е контрадикторно со традиционалните наративи за природата на духовниот свет кој е одделен од материјалното.

Како и да е, постои традиција од неколку илјади год. каде епифизата се смета како еден вид портал до други димензии на постоење. Ова е премногу опширна тема и има други места каде што може да се дискутира. Во Тибет на пр. правени се во минатото операции со отварање на черепот за да се стигне и да се активира наводно со некои супстанции, покрај ова да речеме слична е и операцијата https://en.wikipedia.org/wiki/Phowa
Со концептот за трепанација се сретнав кога ја читав „Трето Око“ на Лопсанг Рампа пред 15-20 години (авторот нема никаква врска со Тибет). Пребарав повеќе за тоа потоа и дознав дека е булшит што Хоскин си го измислил. Не можев да најдам никакви докази дека во Тибет правеле трепанација за отварање на третото око. Најверојатно и ти се имаш заебано на ист начин. Ако најдеш било каков доказ за нешто такво, испрати ми го. Од друга страна, во минатото навистина се практикувало трепанирање (и уште се практикува во медицината) поради различни религиозни и медицински причини. Денешниот њу ејџ наратив за трепанација за отворање на трето око е модерен мит и не е поддржан од никакви историски податоци. (1) Во некоја мера е и опасен зашто има будали што мислат дека ако си избушат дупка во главата ќе го отворат третото око.
 
Последно уредено:

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
271
Поени од реакции
66
Ако сакате конкретен одговор на прашањето од темава, јас дојдов до еден конкретен заклучок.
Според Гностичките учења душата е таа што го одржува телото во живот.
Според науката основните животни функции, (fly or die) рефлекси и нагони се наоѓаат во рептилскиот (продолжен) мозок на луѓето.
Оттука и душата се наоѓа во продолжениот мозок.., а може и грешам.;)
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
372
Поени од реакции
148
Од хемија не се разбирам многу, ама од физика иам мало познавање,тоа со дмт и разни дроги колку релевантно незнам,органисзмот 90 проценти е од хидроген кислород карбон и азот, дали овие атоми се менуваат во тек на еден живот и како меморијата на мислите останувааат не е познато ,сите информации шо ги примаме е енергија електромагнетно зрачење од движењето енергијата на атомите електроните , светлината фотоните се исто енергија од зрачењето на материјата кои немат маса (ама имат столица ) :) и можи да се кажи дека е светлината е нематријална .душата можи да биди светлина концетрирана во една точка како во dota 2 io :) најниска ентропија како во термодинамиката или еквилибриум на некоја енергија слична на светлината ама не е видлива за обичен сфет .Било шо да е треба да содржи информација запишана некако ,па да се пренеси во некоја друга форма како днк шо има билиони парови програмирани и да се пренесува наредно кодот понатаму. dmt e обична молекула со таму колку има 12 карбон атоми 16 хидроген и 2 азот.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
735
Поени од реакции
260
Wrong...:facepalm:
Нема „обратен смер„...Тоа е погрешна логика на расудување..
Мики , во бити се вели друго , дека има обратен смер....

Битие 3

22. И рече Господ Бог: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!
23. Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата, од која беше земен.
24. Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.

 
На врв Bottom