Затоа екстазата доаѓа кога логиката умира.
Логиката е плод на разумот, евреите го нарекуваат руах и е голема препрека за спознавање на реалноста. Затоа сите учења што постојат од памтивек и кои имаат пракса се обидуваат таа логика која се темели на искуство и ти што велиш во овој материјален свет подлежи на каузалноста да биде умртвена - и тоа е можно, но треба пракса. Тогаш нема логика, нема расудување во онаа смисла како сега, кога размислуваме во кој логички редослед да ги напишеме нашите размисли најдобро за да ги разбере другиот

И од друга страна, исто така кај евреите, руах или разумот е дел од формативниот свет, онаму каде што се градат формите, идеите... твојата логика која е големо мерило дали нештата се правилни или не кај човекот. Се што го надминува човештвото, не може да му се најде логичка разврска, само сопственото искуство е мерило, другото е философски расправи и ништо повеќе...
Но, сепак, мислам дека логиката зависи од искуството и свесноста за нештата во нашиот универзум до каде се протега. Мал универзум не дава многу свесност за нештата ниту пак логиката за мноштвото ќе е на завидно ниво. А ние, упорно се обидуваме да бидеме ограничени и да не прифаќаме многу нешта кои ни немаат логика во даден момент.
Не може нечие незнаење да е доказ за било што, може да е поттик за истражување и искуство, но тоа пак зависи од човекот и неговото минато... инкарнирана душа си бара она што и фали низ вечноста, колку и да изгледа малку постигнато за 70+ години на Земјата, сепак е постигнување... ти веднаш виде како може да се злоупотребува незнаењето. Тоа го правеа во стариот еон и религиите од тој период, сега е ново време
Јас реков: ние сме во грешка ако не сме способни и постојано бараме докази од другите, или другите се виновни бидејќи немаат во моментот прикладен доказ што ќе ни ја задоволи „нашата логика“?
Ја разбирам потребата од докази, сето тоа е од старите религии кои неумесно напнаа со идејата дека е „доволно да веруваш, не мора искуство, знаење, надминување“...
Зошто ние веднаш одбиваме дека нема душа или богови кога ќе дојдеме во допир со тие идеи? Чекаме друг да ни докаже дека има, тој што вели дека има богови или душа и таа се наоѓа насекаде во телото? Не сакаме од наши причини и искуство да не постојат богови и душа? Интелектуално ќе бараме доказ за постоење на „ентитети“?
Не постои начин после Руах или разумот да се дадат логични објаснувања за другите да најдат она што некој го има постигнато, затоа се користат хиероглифи, параболи и симболи за да може да се прескокне разумот.... разумот е за земски нешта, каде логиката владее, не за духовни каде разумот само ја расипува светлината заради врските со Земјата и искуството меѓу четирите елементи ... доволно е да се проучат малку источните учења и ќе се дојде лесно до тој заклучот.