@Josef K si probal skinoren?
Нема врска, и јас ко него имав проблем, ама само на челото. Ми изгледаше ужасно, ем црвено ем исфрлено со акни. Си правев шишки да го скријам, а само уште повеќе ми се иритираше. Јес да бев во пубертет, ама доцен беше.
Сите можни креми ги пробав од медицински креми до "лекот е пет пари само треба да го најдеш", и таа што си ја напишала скинорен од која се чешав ко ненормална. Луѓето мислеа псоријаза дека имам, е до толку беше гадно.
Ништо не ми помогна освен редовни третмани, прво со ласерски во дерма естетика, па во дерма медика, па на клиника на кожно, па дерма плус ,медикоз па Д-р Светлана. Се' вкупно потрошив 500 евра само за третманите на челово, без вклучување на медицинските сапуни, креми, тоници, маски, пилинзи, пени за лице.
Сега лицето ми е скроз исчистено, чат-пат за пмс ми се појавуваат 2-3 грди акни, ама со хлорамфеникол/дермогал поминуваат брзо.
Додека не те прегледа доктор, ништо не се зема на своја рака. И тие антибиотици ја заситуваат кожата и после одредено време немаат дејство.
Само треба да се најде добар дерматолог (Николина-Медикоз да речеме).