Акните - повеќе од тинејџерски проблем

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од The`bItCh, 14 септември 2005.

  1. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Тинејџерите кои имаат проблем со акните се тешат дека проблемот ќе помине со проаѓање на периодот на пубертерот и разбеснетите хормони. Проблемот е со што се тешат оние кај кои за првпат во животот се појавуваат акни!?

    [​IMG]

    Акните се кожно заболување - медицински проблем кој може да трае повеќе години. Тие претставуваат и голем естетско-психоген проблем кај луѓето. Патолошкиот процес за создавање на акните се создава во лојните жлезди или поточно во фоликулот (вреќичката) на влакното во кој се собира излачениот лој од лојната жлезда. Акните може да се јават по целата кожа, а особено таму каде што има повеќе лојни жлезди (лице, грб, гради).

    [​IMG]

    Кај жените по пубертетот може да дојде до појава на хормонални акни поради зголемено ниво на машките (андрогени) хормони во крвта.
    Кај жените е корисно паралелно испитување на хормоните во крвта - тестостеронот, прогестеронот, естрадиолот и дехидроепиандростеронот ако се забележува појава на зголемена влакнатост и нередовен менструален циклус.

    [​IMG]

    Третирањето на акните е долготраен процес. Пред да се користат лекови, многу се важни превентивните мерки за третманот на акни. Тие мерки вклучуваат миење на лицето двапати на ден со топла вода и благ сапут. Лекувањето на сите форми акни треба да биде навремено и упорно.

    [​IMG]


    Јас мислам дека акните настануваат како резултат на недоволна хигиена на телото ( особено на лицето ), преголемата употреба на шминки уште од раните години и исхраната. Што мислите вие!?
     
  2. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.545
    Допаѓања:
    26.043
    Незнам што да кажам, освен... :pov:
     
  3. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Добро.. и јас претерав со сликите извинете. :place:
    Ако мислите дека се премногу гадни за да стојат како слики нека стојат само линковите..
     
  4. Acid

    Acid Администратор

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    33.545
    Допаѓања:
    26.043
    Јас и Анонимус едногласно одлучивме сликите да одат само како линк. :wink:
     
    На smihajlo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. spooky

    spooky

    Член од:
    14 јули 2005
    Мислења:
    2.221
    Допаѓања:
    41
    Малку сликиве не ми се слагаат со името на форумот, посебно со она „убавина“ :) :)

    Во секој случај, постојат третмани за такви работи - само треба да се оди на кожен лекар, а не да се кријат со пудри и такви некои средства.
     
  6. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    спуки, класичниот третман за отстранување митесери и акни се врши со професионален апарат, што опфаќа чистење на лицето со млеко и пилинг, парење, вакуумско отстранување митесери и акни (без иритација и црвенило на кожата), по што следува затворање на порите и скин-регулатор (професионална масажа со вибрации), галвано маска за циркулација и за стимулација на лицето, како и топла и ладна масажа на лице. А сето тоа се врши машински, без допир на лицето со раце. Најпожелно е посетата на козметичките салони да почне од 18-годишна возраст.
    Што е со оние кои немаат време, пари и 18 години? :roll:
     
  7. VirtualA

    VirtualA Гостин

    Ми го зеде зборот... :pov:
     
  8. Toreador

    Toreador Spectacular Apocalypse

    Член од:
    24 јуни 2005
    Мислења:
    3.451
    Допаѓања:
    45
    akni najmogu se pojavuvat od majonezi e epten mrsni jadenja. znam sum videl za sebe. Mene sami mi se povlecija aknite, e sea, imam malce na raminjata ostanato, ama nikakoda se povlecat :evil: e drzam redovna higiena....argh....treba sea da me bushat so laseri i pilinzi vo Siluet. :D
     
  9. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    И јас сум слушнала дека од мајонез се прават акни.
    И ти не претерви со бушење:) пробај прво со некое средство за чистење лице - по можност безалкохолно.
    Јас сум сигурна дека малку барем малку ќе ти се повлечат.
    Моја препорака ( ако земаш ) да земиш нешто од нивеа.
    Јас фала богу немам акни ( да чукнам во дрво ) но, си користам средства за чистење на лице зошто да не. :P
    Другарка ми имаше. Таа ( по моја препорака ) користеше средство за чистење ( безалкохолно - нивеа ) и сега лицето и е стакло! 8)
    Пробај.. ништо нема да изгубиш. :wink:
     
  10. Toreador

    Toreador Spectacular Apocalypse

    Член од:
    24 јуни 2005
    Мислења:
    3.451
    Допаѓања:
    45
    danke katja :D znaes tocno kako se vika? I podeleno e na maska/zenska linija ili taka nesto?
     
  11. Гижо

    Гижо че о надрва

    Член од:
    13 март 2005
    Мислења:
    10.731
    Допаѓања:
    137
    јас не си го дирам лицето и у ред е, што повеќе го мачкав тоа полошо беше, вака сум си раат, ама и плус поминав пубертет па може и од тоа е :D
     
  12. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Nivea visage tonic.
    Нема машка женска линија сите се исти:)
    Е сега зависи каква кожа имаш ( мрсна, сува, нормална.. ) таков ќе си земеш. И ќе внимаваш да не мириса - пошо ако мириса алкохолен е:)
    Јас моментално го имам овој..

    [​IMG]

    ..за нормална кожа ( алкохолен ). :wink:

    Би ти го препорачала и млекото тоа е многу доброооо!! A изгледа вака..
    [​IMG]
     
  13. spooky

    spooky

    Член од:
    14 јули 2005
    Мислења:
    2.221
    Допаѓања:
    41
    Тоа е скроз професионален третман кој претпоставува дека пубертетските промени на кожата престанале. Инаку, постојат неколку начини со кои може да се контролираат - не скроз да исчезнат, ама да се контролираат акните : со избегнување одредени видови храна, обично помрсна (моја пријателка мораше да избегнува чоколади - од нив и се засилуваа акните!!!); со редовна хигиена на лицето; и верувале или не - со избегнување на стресови и намалување на нервози.
     
  14. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Во право си за чоколадото.
    Се верува дека некои храни може да доведат до влошување на акните, меѓу нив често се окривува чоколадото. Но нема доказ за ова. Во чоколадото не се откриени состојци, кои би можеле да потикнат појава или влошување на акните. Сепак се верува, дека високиот гликемичен индекс, комбиниран со високата содржина на рафинирани јагленихидрати во чоколадото, може да се поврзани со појавата на мозолчиња.
     
  15. spooky

    spooky

    Член од:
    14 јули 2005
    Мислења:
    2.221
    Допаѓања:
    41
    Мене доказот ми беше многу очигледен, кога ќе окркавме по еден чоколаден еклер во Жито Лукс - наредното утро колешкава беше со еден куп нови акни. А баш сакаше да јаде чоколади :)

    Многу е битно колку и како организмот ги метаболизира јаглените хидрати и мастите. Доколку ги складира како поткожни наслаги, поголема е веројатноста за стварање на акни.
     

Сподели преку: