Авто-турнеја низ Македонија

Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Се вратив денес,
Кажи батка колку парички потроши, гориво и ноќевањата колку те фатија, се друго нели зависи до човекот колку ќе потроши за храна пиење итн ... со другари имаме планови и се се договараме да ја возиме МК 2-3 години унапред.. и се нешто излегува никако да се собереме, пуста туѓина, сега есента пак ќе сме сите заедно па планираме да одиме и ми :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.619
Поени од реакции
14.353
Кажи батка колку парички потроши, гориво и ноќевањата колку те фатија, се друго нели зависи до човекот колку ќе потроши за храна пиење итн ... со другари имаме планови и се се договараме да ја возиме МК 2-3 години унапред.. и се нешто излегува никако да се собереме, пуста туѓина, сега есента пак ќе сме сите заедно па планираме да одиме и ми :)
Па види:

За двајца потрошив околу 11000 денари севкупно.

За гориво ме фати некаде 6 литра дизел на 100 км или 80 литра грубо.
Рачунај колку ви троши колата и напрајте си математика за 1500км ако ја возите оваа тура или некоја слична.

Ноќевање за двајца во Дојран платив 800, Крушево 1000, Охрид 900, додека во Скопје спиев кај роднини.
Другото е за храна или трошкови за влез во Крушево и Охрид (музеите во Крушево, Галичица се плаќа такса за возење 140, Св. Наум, Залив на коските и тн.)
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Не сум бил уште, ама имам испланирано се. Лоадирана е навигацијата, спремни се офлајн мапите... Само уште ми остана да израчунам колку би имал за возење секој ден во саати, а колку ќе ми остане за трошење време во некој град. Макс до кај 19 часот да бидам во последниот град за тој ден. Не планирам како манијак да возам и посетувам, туку полезетски, мислам дека ми се фино испланирани ноќевањата. А и источна Македонија блиску се градчињата, така да брзо се мине.

Чекам девојката да заврши некоја обврска и одам, најмногу за еден месец, здравје само.

Толку се фаќа некаде, околу 1300км, само јас имам во план и некои места кои не се град, ама се успат до некој друг град, а не сум ги посетил до сега или јас или девојката (пештера Пешна, село Јанче, Трескавец и тн.)
Предизвик ми е да ја поминам цела МКД, така да со 4 ноќевања (Дојран, Крушево, Охрид, Скопје) ќе гледам да ја поминам.

Пиши ако имаш некоја дилема за нешто или имаш некој предлог за мене :)

Ова е конечната рута:

1. Кочани
2. Виница
3. Македонска Каменица
4. Делчево
5. Пехчево
6. Берово
7. Струмица
8. Валандово
9. Дојран (ноќевање)

10. Богданци
11. Гевгелија
12. Демир Капија
13. Неготино
14. Кавадарци
15. Прилеп
- Маркови Кули
- Трескавец
- Зрзе
16. Македонски Брод
- Пештера Пешна
17. Кичево
18. Крушево (ноќевање)
- Македониум
- Спомен куќа Тоше Проески
- Св. Преображение
- Мечкин Камен

19. Демир Хисар
20. Битола
- Хераклеа
21. Ресен
- Отешево
- Стење
22. Охрид (ноќевање)
- Св. Наум
- Залив на коските
- Самуилова тврдина
- Св. Јован Канео
- Плаошник

23. Струга
24. Дебар
- Св. Ѓорги Победоносец
- Елен Скок
- с. Јанче
- Св. Јован Бигорски
25. Гостивар
- с. Вруток
26. Тетово
- Шарена џамија
27. Скопје (ноќевање)

28. Велес
29. Свети Николе
30. Куманово
- Кокино
31. Крива Паланка
32. Кратово
33. Пробиштип
34. Радовиш
- Хотел Бел Камен
Препорачај ресторан во Вруток
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.619
Поени од реакции
14.353
Не седевме во Вруток баш, кратка прошетка и тоа беше.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
753
Поени од реакции
356
Оптимална кружна рута низ Македонија (919km, направена со http://gebweb.net/optimap/) со посета на следниве места:

SKOPJE, PELINCE, KOKINO, OSOGOVSKI MANASTIR, KUKLICA, LESNOVSKI MANASTIR, VELJUSA, SMOLARSKI VODOPAD, KOLESINSKI VODOPAD, KRUSEVO, PESHNA PESTERA, OHRID, VEVCANI, RAJCICA, BIGORSKI, MAVROVO, SKOPJE

 

Kajgana Shop

На врв Bottom