Авто новости

Член од
1 февруари 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0
Lamborghini Cabrera

Помалку или повеќе е познатo што Lamborghini на своите модели им дава имиња на познати боречки бикови. Но тие имиња имаат исто така и шпанско значење – на пример Gallardo во превод е “галантен”, додека името на неговиот заменик Cabrera значи “овчар” на шпански и на каталонски. Најнови гласини се дека новиот модел ќе добие напојување од 600 КС ... Солидно !


Lamborghini_Logo_3D.jpg
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Пристигнува и Astra GTC

За само шест недели, на 7 јуни, Opel ќе ни ги открие деталите за тровратната верзија на новата Astra



Тогаш ќе започне и со примање на нарачки за неа, а дотогаш ни останува единствено виртуелно да ја гледаме како вози по замислениот пат, кој ќе заврши на салонот на во Франкфурт, каде во септември ќе биде претставена нејзината производствена варијанта.




Автоплус
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Пристигнува и Astra GTC

За само шест недели, на 7 јуни, Opel ќе ни ги открие деталите за тровратната верзија на новата Astra



Тогаш ќе започне и со примање на нарачки за неа, а дотогаш ни останува единствено виртуелно да ја гледаме како вози по замислениот пат, кој ќе заврши на салонот на во Франкфурт, каде во септември ќе биде претставена нејзината производствена варијанта.




Автоплус

бас ме интересира што цена ќе биде моделот во Македонија има низа позитивни особини новиот модел само уште цената да е поприфатлива
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Од 14000+ нагоре ќе биде сигурно нема под толку :) Како и да е, за наш стандард, солено :)
Мада зборувам за себе... :)))
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
novata calibra ., dali ke bide bash vakva

 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897


Оваа е новата Калибра
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
konceptniot model go pushtiv znaejki deka ke ima reakcija i da se vidi razlikata pomegju vistinskata namera na nekoi dizajneri da skockaat vistinska calibra., i ostanalite koi pretegnaa ., pa ispadna samo insigna kupe ., ., moe mislenje fo ispoganija kultot na modelot., ., aj sega vashi mislenja:place:
 
Член од
21 април 2009
Мислења
139
Поени од реакции
16
Renault го претстави Megane RS Trophy

13.06.2011 | Автомобили

За оние љубители на автомобили кои бараат повеќе спортски дух, Renault претстави специјална верзија на Megane. Новиот Megane RS Trophy доаѓа со повеќе моќ под хаубата, а ќе се произведува во само 500 примероци.
Најголемата промена е токму моторот - RS Trophy има модифициран 2.0 литарски турбо мотор со четири цилиндри кој развива 265 КС.
Францускиот производител вели дека Megane RS Trophy забрзува од нула до стотче за 6.0 секунди, а развива максимална брзина од 254 км/ч. Потрошувачката на гориво во комбиниран европски циклус изнесува 8.2 литри на 100 километри, со емисија на СО2 од 190 гр/км.
Во поглед на „козметичките“ промени во однос на стандардниот Megane, RS Trophy има црн покрив, спојлери, 19 инчни црни фелни и LED дневни светла.
Renault ќе започне да прима нарачки за Megane RS Trophy од 20-ти јуни, а од овој датум возилото ќе биде достапно во повеќето европски земји.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
1.jpg
Се планира нов модел од мерцедес ( SLC )...специфично за него ке биде тоа што ке има посебен начин на отварање врати.Ке има две опции за моторот . првата е V6 со 300 коња , а втората опвија е V8 мотор кој ке произведува 500 коњски сили ...Моделот ке биде направен за да конкурира на порше 911.Што се тиче на дизајнот превземен е од предходните модели SLS и SLK...
 
Член од
21 април 2009
Мислења
139
Поени од реакции
16
Тест – Citroen C4 1.6 - Погали ме нежно


Само седни, релаксирај се и уживај... Ова е појдовна точка на инженерите на Citroen уште од почетоците - од првите конструирани автомобили со двоен Chevron на маската...




Види фотографии
Напиши коментар




Иако, последните неколку години видовме многу предизвикувачки и спортски дизајни од Citroen, нешто што донекаде важи и за новата генерација на С4, повторно, крајната граница и цел е високата удобност, нешто што ниту еден конструктор не смее ни да помисли да го помине

Дизајн


Во поглед на надворешниот дизајн, новиот C4 не сака да биде екстравагантен како својот претходник, едноставно, сега формата максимално е посветена на фукцијата. Делува робусно, со забележително моќна и лута предна маска, но и со многу логично изведени страничен и заден дел – се во функција на поголема понуда на простор, прегледност и влез на светлина во кабината. Како кај Golf, на пример.

Многу значајно, C4 никако не потсетува на друг автомобил. Нема евтини дизајнерски трикови, па веројатно затоа има загарантирана безвременска убавина – автомобилот е убав како целина, тоа е она што е најбитно. Едноставно, се издвојува од толпата.

Вистинската иновација во поглед на дизајнот се забележува кога се анализира ентериерот, каде веднаш се забележува дека е напуштен принципот на централно поставена контролна конзола, па главните инструменти со поставени веднаш пред возачот, во една спортско - елегантна изведба, со изглед кој асоцира дека се работи за автомобил од повисока класа.

Она што новиот Citroen C4 со сигурност ќе му го донесе на секој свој сопственик е висок имиџ. Самиот ентериер кажува дека возачот сака да ги следи светските трендови и да биде во чекор со модата, нешто што го овозможуваат само премиум автомобилите... На новиот С4, веројатно повеќе би му одговарала и DS ознака, што не би можело да се каже за многу автомобили од неговата класа.

На пат

Перформанси
Бензинецот кој го имавме на тест, е позајмен од претходната генерација на С4. Има 120 КС и 160 Nm, извлечени од 1,6 литри зафатнина, благодарение на варијабилното отворање на вентилите. Како за атмосферски бензинец, го карактеризира задоволителна еластичност уште од пониските вртежи, иако за силни забрзувања бара да биде завртен малку повисоко, до црвенотo поле.

Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 10,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 193 km/h. Ова се перформанси кои не се на нивото на турбо бензинците со слична сила, но сосема задоволителни дури и за излети на автопат. На светската промоција на новиот C4 минатата година, имавме можност да ги возиме и HDI и eHDI моторите – тука приказната е сосема поинаква. Тие се вистинскиот избор на мотори за овој автомобил.


Управливост/Удобност
Веќе најавивме, во поглед на удобноста, ова е класичен Citroen, дури и повеќе од тоа. И, не само што е удобен – овој модел поставува нови стандарди во класата, засрамувајќи дури и некои поголеми модели од повисоките класи. Суспензијата едноставно ги пегла дупките на патот, правејќи лажна претстава дека нашите улици се идеално рамни.

Удобноста е особено висока на автопат, каде патниците добиваат чувство дека пловат по патот – не се присутни ниту ситните вибрации, ниту големите осцилации на каросеријата. Возењето со новиот C4 претставува едно смирено и релаксирано искуство. Гарантираме дека голем дел од автомобилите од повисоката класа, особено оние што имаат поспортски апетити не нудат вакво ниво на удобност како C4. Автомобилот е како измислен за нашите улици.

За поздравување е дека овој Citroen не одзема данок кај возните својства. Се држи мошне солидно и безбедно на патот, иако малку повеќе се навалува во кривините. Можеби на динамичните возачи нема да им се допадне недиректното управување, но тоа е направено со цел за порелаксирано возење...

Едноставно, возачот на C4 повеќе е капетан на брод, а не F1 тркач.

Рафинираност
Во прилог на високата удобност, оди и извонредно високото ниво на рафинираност. Моторот е одлично придушен. Кога работи во место речиси и да не се слуша во внатрешноста, а особено импресионира недостатокот на звуци од надворешноста – едноставно, кога ќе се затвори вратата, се влегува во светот на тишината. На отворен пат звук од ветерот и од гумите се слуша само минимално, што секако го олеснува разговарањето во автомобилот.

Кај тест моделот, единствена забелешка е недостатокот на 6-ти степен на пренос, кој дополнително би придонел за уште потивко возење при повисоките брзини.

Високата рафинираност, карактеристична пред се за премиум автомобилите, ја надополнува и недостатокот на вибрации од моторот и подвозјето, што остава впечаток на цврсто и солидно изработен автомобил – голем напредок во однос на претходната генерација.

Во кабината

Простор/Практичност
Простор не недостасуваше ни во претходната генерација, но кај овој модел, особено на задната клупа, пространоста е речиси како во средната класа. Багажникот, со 408 литри е меѓу рекордерите во класата и има правилен, правоаголен облик, што го олеснува распоредувањето на товарот. Висока оценка за понудениот простор во внатрешноста особено доаѓа до израз ако во обзир се земат помалите надворешни димензии на С4 во однос на повеќето модели во класата.

Сепак, и покрај големата функционалност, заклучок е дека нема премногу места за одлагање ситници во внатрешноста (има само два држачи за пијалаци), а и оние што ги има се со помали димензии, што доведува до заклучок дека практичноста не е како кај најдобрите во класата. Задните седишта, иако се склопуваат, не прават рамен под, а забелешка е и дека кај тестираниот модел, (иако солидно опремен), недостасува потпирач за раце на задната клупа, нешто што дополнително би ја зголемило удобноста.


Ергономија
Како никогаш досега во Citroen, зад управувачот на С4 чувството е како во некој кокпит. Средната конзола е благо свртена кон возачот, што го олеснува работењето со командите, кои се многу интуитивно изведени, со големи и читливи копчиња.

Интересно, инженерите во Citroen се одлучиле голем дел од командите да ги вградат и на самиот управувач – толку копчиња на управувачот се чини имаат само уште F1 болидите. Ова бара подолго време за навикнување, но штом се научат командите, рацете речиси и да не се тргаат од управувачот.

Високата ергономија ја надополнува и лесното наоѓање на идеалната позиција – управувачот и седиштето се подесуваат во сите правци. И прегледноста е одлична, иако, карактеристично за класата, задното стакло е многу мало и не овозможува добар видик назад.

Опрема
Од двозонска автоматска клима, преку целосно опремен аудио систем (USB+AUX) и целосна електрика, до сензори за дожд – тестираниот модел беше опремен како премиум модел. И основниот модел не треба да се срами – нуди мануелна клима, електрика на предни стакла, централно со далечинско, 8 воздушни перничиња, радио со CD+MP3 и 6 звучници...

Моделот кој го имавме на тест, со 1,6 литарски бензинец со 120 КС и Seduction ниво на опременост вклучува: ABS + REF + AFU, предни воздушни перничиња за возач и совозач напред, странични воздушни перничиња, воздушни перничиња во вид на завеси напред и назад, светла за магла напред со странично осветлување, регулатор / ограничувач на брзина со меморирање, ESP, централно заклучување со далечинско управување, варијабилен серво управувач со висинско и длабинско посдесување, автоматско придружно осветлување - follow me home, електрика на предни стакла со секвенцијално подигнување и заштита од штипнување, електрика на задни стакла со секвенцијално подигнување и заштита од штипнување, повеќефункционален борд компјутер, надворешни ретровизори со електрично подесување, возачко седиште со висинско подесување, совозачко седиште со висинско подесување, кожен волан, аудио систем CD RDS MP3 6 Hp со команди на волан и приклучок на централна конзола, рачки на вратите во боја на каросерија, ПAKET "Автоматска клима" - автоматски клима уред, сензор за дожд и светло, регулатор / ограничувач на брзина со меморирање, внатрешен полихрон...

Во највисокото ниво на опрема, C4 нуди и 220V приклучок, што за сите tech-зависници е како измислено – за крај на грижите за полна батерија на мобилен, лаптоп или фотоапарат.

Финансии

Трошоци за купување и одржување, потрошувачка
Моделот кој го имавме на тест, со 1,6 литарски бензинец со 120 КС и Seduction ниво на опременост, чини 16.990 евра. Со оглед на извонредно високото ниво на опрема, цената и не е толку висока, иако постарите модели на пазарот, благодарение на попустите, веќе се поевтини од новиот С4. Но, Французинот е нов модел на пазарот, кој припаѓа високо на врвот на класата, па за очекување е да има и малку повисока цена.

Потрошувачката на тестираниот мотор, според фабричките податоци, изнесува 6,2 литри во просек, односно 8,8 во град и 4,7 на отворено. Реалните бројки не се многу далеку од фабричките, па потрошувачката во град изнесува околу 9,5 литри, а на отворено околу 5,7 литри во просек. На тестот, во просек потрошивме 7 литри гориво на 100 km. Мерено по брзини, при константно возење со 70 km/h, потрошувачката изнесува 4,6 литри, односно 5,5 литри при 90 km/h, 6,8литри при 120 km/h и 7,8 литри при 140 km/h. Се забележува дека потрошувачката е нешто повисока при повисоките брзини, што веројатно се должи на недостатокот на шести степен на пренос.

Квалитет, доверливост и повратна вредност
Од каде и да се погледне, новиот С4 зрачи со квалитет и оддава чувство на премиум автомобил. Внатрешноста е облечена во најквалитетните материјали, а обработката и вниманието на деталите се извонредни. Однатре, тешко е да се каже дека се работи за автомобил од компактната класа.

А, и според последните истражувања, Citroen има доста добри резултати во однос на доверливоста и задоволството на купувачите. Најавите од компанијата се дека доверливоста ќе биде уште понагласена кај новата С4-ка, особено заради целосно високиот квалитет на изработка.

Во поглед на загуба на вредност, во Македонија С4 не доживува голем пад на цените како на странските пазари, но факт е дека се уште не држи цена како јапонските конкуренти или VW на пример.

Безбедност
Чисти пет ѕвездички и високи резултати во скоро секој поединечен дел на тестирањето на EuroNCAP, јасно укажуваат дека Citroen е и натаму еден од лидерите кога е во прашање безбедноста.


Заклучок

Со фантастично високото ниво на удобност и рафинираност, и секако извонредна кабина и веќе докажани HDI Мотори, Citroen C4 ќе ги задоволи сите љубители на смиреното и штедливо возење.

Навистина, С4 нема да го дигне адреналинот како подинамичните конкуренти (Mazda 3 на пример), но како чист крстосувач, му нема рамен во класата! Тренд е сите автомобили во класата да бидат поудобни од своите претходници, факт кој го докажуваат голем дел од главните играчи во класата (и Focus, и Golf VI и Astra). Високата удобност, без сомнение, најсилно е изразена кај новата C4-ка.

Ако размислуваме за кого најмногу одговара еден ваков удобен и смирувачки автомобил, првата помисла би била постарите возачи и секако семејствата, но... Без разлика на возраста, секој би посакал едно нежно галење и милување, нели? И, секако чувство дека секој ден има парламентарни избори, па дупки на патиштата има се помалку.

Предности:
• Извонредно високо ниво на удобност
• Премиум рафинираност
• Пространа внатрешност и напред и назад
• Супер квалитетна внатрешност
• Високо ниво на ергономија
• Робусен, динамичен дизајн
• Голем, употреблив багажник (со оглед на класата)
• Богати нивоа на опременост

Недостатоци:
• Недоволно директно и прецизно управување
• Функционалноста не е на нивото на најдобрите во класата
• Кај 120 КС бенсискиот мотор недостасува шеста брзина – дополнително ќе ја намали бучавата и потрошувачката на повисоки брзини
• Барем засега (јуни 2011), цената е меѓу највисоките во класата

Извор: koli.com.mk
 
Член од
21 април 2009
Мислења
139
Поени од реакции
16
Megane RS Trophy со нов рекорд на патеката Нирбургринг. Renault Megane RS Trophy е најбрзиот автомобил со преден погон кој некогаш се возел по Нирбургринг а од стандардниот модел R26.R, бившиот рекордер, е дури 9 секунди а полни 18 секунди од Ford Focus RS. На BMW M3 му е потребно 8.05 минити за да стигне на целта а на Megane RS Trohy му е потребно само 3 секунди повеќе. Еве еде клип од Меган р26р снимен пред три години кога го бутна рекордот првиот пат и што го држеше до пред десетина дена:
Еве го клипот на Меган рс трофеј шо го бутна рекордот на меган р26р:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936
Абе луѓе сте го виделе новото Авео 2012?!?! аууу закон е и во хечбек и седан верзијата. Мене многу ми се допаѓа. :)







Сеуште не е официјално во продажба. Би требало кон крајот на летово да има и први понуди :)
 
L

Lu

Гостин
Абе луѓе сте го виделе новото Авео 2012?!?! аууу закон е и во хечбек и седан верзијата. Мене многу ми се допаѓа. :)







Сеуште не е официјално во продажба. Би требало кон крајот на летово да има и први понуди :)
Е тука си грешка :)
Почетна цена му е 9070 евра, има насекаде билборди низ градот.
Јас вчера го видов во живо хечбекот, сина боја беше и одлично изгледа, седанот не ми се допаѓа баш одпозади али затоа хечбекот е ТОП :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom