Авто новости

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
најголемиот футурист према мене е овој
али, да не одам оф-топик

--- надополнето ---


стварно мислиш дека идејата нема да смени правец за 30 години?
ах .. сигурно би сменила правец .. но ете чисто онака е интересен концепт :)

хеххе
инаку гледам линкот ..
Венус проект .. ептен јака работа .. само неизводливо :) барем не во блиска иднина ..
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нафта има за наредните 200 години, така да треба да гледаме дали ќе остане нешто од светот за 200 години, а не пак за вакви или слични глупости....

Војо Ушевски да не помогнал во дизајнирањето на перпету возилото???
 
T

Tetro

Гостин
Нафта има за наредните 200 години, така да треба да гледаме дали ќе остане нешто од светот за 200 години, а не пак за вакви или слични глупости....

Војо Ушевски да не помогнал во дизајнирањето на перпету возилото???
грешка. највеќе до 35 години, светските резерви на течни горива ќе ти снема. и гасовите горива се поврзани со овие, а цврсти може ќе има нешто повеќе.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
грешка. највеќе до 35 години, светските резерви на течни горива ќе ти снема. и гасовите горива се поврзани со овие, а цврсти може ќе има нешто повеќе.
Грешка... ќе прајме муабет за 30 години па ќе видиш.

На сите од интерес им е да се продава барел (а.ка буре) нафта за 50 наместо некогашните 15 долари, а ние живееме во илузија дека нафта ќе снема. Ако снема, знаеш каков колапс ќе се случи? И друго, ако стварно нема нафта, треба да се почни со развој на овие електрични автомобили бидејќи прашање е дали за 20 години напредок и развој од сега ќе може електричен автомобил да го замени обичниот. Сети се кога го изгради Хенри форд првиот големосериски автомобил, и колку време помина за да дојде до денешното ниво на модернизација. Е тоа кога ќе се случи, ќе биде главен знак дека нафтата дошла на некоја резерва и гледано од тогаш ќе ја има уште 20 години.

А прибидејќи овие ја заташкуваат работата стандардно, и проектите дремат во фиока чекајќи цената на нафтата да си порасне... ете ти го заклучокот дека има нафта за 200 години.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.027
Ова е само концепт.
Концептите се прават само со замисла и без реализација,
Претпоставка на некои футуристи е дека ќе биде реализиран проектот во наредните 30 години,
Мене лично ме загрижува следново:
погонското гориво кое ќе го користи овој изум?
и низа друѓи прашања, сензори за против судири (магнети)...
Проблемот со безбедно движење на возилото по патиштата е лесно решлив. Со помош на радари, компјутери, сензори, сето тоа ќе се реши.
Но кое е задоволството да поседуваш возило кое се движи автоматски? :)
ОК, за на долги патишта можеби е добро, ама уживањето во возењето е друго.

--- надополнето ---

Грешка... ќе прајме муабет за 30 години па ќе видиш.

На сите од интерес им е да се продава барел (а.ка буре) нафта за 50 наместо некогашните 15 долари, а ние живееме во илузија дека нафта ќе снема. Ако снема, знаеш каков колапс ќе се случи? И друго, ако стварно нема нафта, треба да се почни со развој на овие електрични автомобили бидејќи прашање е дали за 20 години напредок и развој од сега ќе може електричен автомобил да го замени обичниот. Сети се кога го изгради Хенри форд првиот големосериски автомобил, и колку време помина за да дојде до денешното ниво на модернизација. Е тоа кога ќе се случи, ќе биде главен знак дека нафтата дошла на некоја резерва и гледано од тогаш ќе ја има уште 20 години.

А прибидејќи овие ја заташкуваат работата стандардно, и проектите дремат во фиока чекајќи цената на нафтата да си порасне... ете ти го заклучокот дека има нафта за 200 години.
Не е точно. Резервите на нафта ќе траат најмалку уште 40, 50, па еве и 60 години. Резервите кои ќе бидат економски исплатливи, пошто како што ќе се троши, така и ќе се зголемува цената на нафтата во иднина.
Сепак ел. автомобили нема да ја заменат нафтата, туку ќе почни да се користи био горивото, како и хибридни модели... а исклучиво ел. автомобили може да се користат само за кратки дестинации, низ град, патување до работа и сл... ама ако му се исплати на секој да купува по 2 автомобили 1 за низ град и друг за долги дестинации... така да не гледам многу иднина во чисто електричните автомобили.

А замената нема да настане наеднаш.... тоа е процес кој е веќе започнат и полека, бавно биогоривата и хибридите ќе ја заменуваат нафтата...

--- надополнето ---

пишува ..
соларна енергија и ел.мотор ..
Според тој концептот што е погоре тешко дека ќе може да биде подвижна и на нафта... 7 патници, кревети дисплеи, никаква аеродинамичност, енергија за компјутерот и дисплеите итн итн...
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Во вакво нешто се возеше Жан Клод Ван Дам во филмот „Временски Патник“, и тоа беше во далечната 2004 година (филмот мислам дека е снимен 1994). Човекот ноншалантно си влезе во колата, и вика „ај носи ме дома“, си точи пијалак и ич не се замара... А всушност во 2004 се мачевме да запалиме 101 сред зима.

 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897


Вакво требаше да возиме во 2000-та година според 1950 година...
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
24
Поени од реакции
2
Првата кола која не само што не загадува туку И Ја ЧИСТИ ОКОЛИНАТА

Неверојатно, но вистинито... Ова е дефинитивно најинтересната концепт кола која е некогаш видена! SAIC Yez е првата кола, концепт или било каква идеја за кола која не само што не влијае негативно на загадувањето на околината туку напротив таа ја чисти околината и помага во редуцирање на загаденоста.



Мора да признаеме дека изгледа малку смешно, зар не? Како и да е, овој автомобил е многу важен за Кина и тој го означува почетокот на остварувањето на визија за сигурен и еколошки личен превоз на масивно ниво.

Зошто е овој автомобил толку важен за Кина?
Во Кина, во овој период сè е во поголеми размери од било кога до сега, а дел од тоа е и загадувањето. Кога Yez би се користел масивно како што е планирано, тогаш тој би можел да направи големи промени бидејќи не само што самиот се напојува од обновливи извори на енергија туку тој комплетно ја редефинира релацијата кола – природа со тоа што го отстранува загадувањето од околината. Покрај користењето на комбинација на извори на енергија како сонцето и ветерот Yez исто така користи некои многу нови технологии како фотоелектрична конверзија (вештачка фотосинтеза) и сето тоа го прави сличен на листот кој врши толку добра работа за глобалната животна средина. Самото име Yez во превод од мандарински збор значи лист, но бидејќи англискиот збор за лист – leaf веќе е искористен за едно друго возило кое набрзо ќе го погоди светскиот пазар, Yez останува Yez. Прочитај повеќе...

 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Стара вест е оваа :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
bajata vest e za kolata list...

p.s. vozilovo ne izleze vo proizvodstvo...
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Во полето на хибридни возила мислам дека засега најдобра идеја е таа на Better Place. Гледав пред некое време документарец (Plug and drive, мислам на ХРТ беше) и нивната идеја е следна:

Моментално најголемиот проблем кај хибридните возила претставува батеријата. Таа е многу скапа што ја зголемува цената на овие возила, плус потребно е нејзино одржување, а по одредено време и нејзина замена. Идејата е возилата да се продаваат без батерија, што ќе ја намали нивната цена и истите ќе бидат попристапни. Наместо тоа, имате станици од каде се зема полна батерија.
Пр. Со една батерија автомобилот ќе помине 160 км, потоа се оди на станица се менува истата со друга таква полна. Нема потреба сам да ја полни човек. Нема потреба од одржување. Нема потреба од менување по неколку години.
Сметам дека ако успеат да постигнат прифатлива цена на изминат километар, оваа идеја има иднина.

Еве едно видео како функционира целиот систем:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Која ќе биде цената на таа батерија? Ако е литиум-јонска ќе биде ѓаол и пол. Зошто? Многу е поскапо да го купуваш нештото во помала количина. Да речеме ако една батерија сега (никелна) е 5000 долари и можеш да поминеш 150 000км со неа (пример...трефнувам). Една мала батерија ќе биде 50 долари за 750км. Ќе речиш ефтино така? А не гледаш дека е дупло поскапа?
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Затоа реков ако успеат да постигнат прифатлива цена, да биде поефтина варијанта. Ако излезе дека е поскапо од моменталнава состојба тогаш нема никаква економска логика да се воведува ваков систем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom