Еве на што работам во моментов, 1/18 Ферари 288 ГТО од Бураго. Целосно преработена внатрешност и мотор со додадени многу детали по урнек на 1/1 моделот.
Овде се гледаат филтерите за воздух кои ги импровизирав од тенки парчиња сунѓер.
И внатрешноста......
Остануваат уште неколку ситни детали на внатрешноста и моторот, па потоа фарбање на каросеријата и додавање на сите амблеми кои ги имам испечатено на ласер колор принтер на самолеплива хартија. За фарбањето чекам убаво, топло и суво време. Кај да е ќе биде.