Авијациски битки од 91 до 2000 на балканот.

?

..........

Гостин
oф топик-нас со рамковен не испотепаја брат.Пцуеш а ништо неможе да се смени све од други планирано.
Рамковниот договор не е воздушна битка .....темава е за воздушни битки на балканот во поновата историја.......нај натепани од воздух се србските малокурци .......тоа го потенцирав:helou:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.488
Поени од реакции
5.193
ОК, мислам дека прва војна во која учествуваат авиони наоружани со ракети ВВ е Индиско - Пакистанската војна од 1965, кога Пакистанските Ф86 Сејбр се наоружани со АИМ9 но кои во почетокот биле многу непоуздани па поголем дел од борбите пак спаднале на топови/митролези.

А војната меѓу Израел и соседите во 1948?
 
S

smart ass

Гостин
Арапско израелски војни.

ајде нешто за арапско-ираелските битки.

П.С ме мрзеше слики да ставам.


Сведоци сме дека во јуни 1967 година блискиот исток не беше веќе таков каков што светот го знаеше,имено за кратко време Израел-мала земја опкружена со непријателско настроени соседи-стана локална Сила.

Всушност на 5 јуни и постоењето на Израел беше под знак прашалник.Но сепак неговите граници беа добро чувани.

Но знаеме планот на агресорите Сирија и Египет беше да ја поделат земјата на два дела,од една страна сириските сили беа на голанската висорамнина,додека пак Тел Авив тогаш беше одалечен неко 40километри од границата со Египет.
Очигледно Израел а и неговите воздушни бази беа на домет и на јорданската артилерија,но се случи нешто неочекувано,имено за 6 дена Израел ја зголеми својата територија речиси трикратно.Сирија ја изгуби голанската висорамнина,а Египет суецкиот полуостров-интересно сега за непријателиски расположените Сирија и Египет беа во уште потешка состојба,имено иако на прв поглед логиката е Израел доби(окупира може и така да се рече) огромна територија која би било потешко да се одбрани,но фактички не е така,имено за да биде нападнат Израел Египетските сили ќе треба првен да ги пробијат дефанзивните позиции на новоосвоената територија-како и да е шанса за напад врз израел е авијацијата-без неа незамислив е секој напад врз израел,но во оваа шест дневна војна Израелската авијација постигна супериорност.

Но не ре се така црно-бело,имено израел со новодобиените територии,доби и повеќе население.

Важно е да напоменам дека израелската авијација изгуби 20% од нејзините ловци,а исто така Израел беше принуден наместо француско оружје да користи Американско(ембаргото од Франција).

Поисле шестдневната војна израелците едноставно сакаа статус-кво,но ова не им одговараше на неговите непријатели-посебно на Египет...за нив важеше она-Што е изгубено насила,така и ќе биде вратено.И покрај фактот што египет претрпе тешки загуби и во опрема,луѓе...сепак на 1 јули 1967 египетски специјалци нападнаа израелска патрола во северниот дел на суец,се разбира имаше жртви кај двете страни,а египет своите сили ги поддржуваше со артилерија,додека Израел нормално ја употреби авијацијата-за забелешка овде се воздушните битки на 8ми,11ти и 15 јули каде Египет изгуби шест летала а воедно беше употребена ракета Рафаел шафир,Израел изгуби еден Мираж.Иако Египет изгуби повеќе битки сепак не сметаше дека војната е загубена па така следната шанса за акција беше на 21 октомври египетски ракетни чамци го потопија израелскиот ЕИЛАТ со употреба на sтyx ракети,47 морнари загинаа при потопувањето на destroyer-от додека 152 беа спасеи а од нив 92 повредени-истите беа спасени со помош на авијација т.е со помош на S-58 и super frelon хеликоптери-ова беше тешка загуба за израелците-но не останаа рамнодушни па возвратија гранатирајќи египетски рафинерии.Исто така имаше активност и со сиријците,всушност овде и Ирак гранатираше со артилерија а и секако израелците имаа проблеми и со палестинската герила во израел.
Сега израелската авијација се подели на два фронта.Кај јорданската граница беа користени S-58 и Bell-205 кој ги гонеше копнените сили.ЧПонатаму со цел израел да се обезбеди на кај Јорданската граница ја започна операцијата Тофет(пекол) која имаше за цел уништување на клучни бази авијацијата изврши масовно бомбардирање,но копнените сели не се покажаа баш најдобро па оставија неколку напуштени центурион тенкови.
Израелската авијација изгуби едно летало(Super Mystere) соборено од ПА на 29 март 1968.
Парале на суецкиот фронт Египетсјката артилерија демонстрираше супериорност со тешки артилериски баражи на 8 септември,а и на 26 октомври кои имаа резуллтат десетици жртви од израелска страна.Нормално израелците мораа да преземат мерки па така на 31-ви октомври со хеликоптеи Супер Фрелон(овие беа основа тамн за израелските командоси) израелците уништија неколку цели во египет меѓу кои и мостови како и електрична постројка,која беше важна за египет.Оваа акција всушност беше доказ дека и покрај артилеријата која ја употребуваа еѓипетските сили,сепак не се доволно,а и израел од воздух ги средува.Следуваше релативна тишина наредните 4 месеци,всушност еѓипет се спремаше за нов напад,додека пак јорданскиот фронт сеуште беше активен,на први декември авијацијата на израел употреби Bell-205 со цел уништување на железнички мост,односно малце економска штета за сиријците.четири дена подоцна од страна на ирачките сили беше соборен а Супер Мистерие при масовен напад и бомбардирање од страна на израел.
10 декември беше соборен египетски МИГ-17 од страна на Одед Маром командант на 101 сквадрон.(хаха на 12 август 1968 два сириски МИГ-17 слетаа во израел ахах по гршка...цццц)
28 декември израелски напад врз аеродромот во бејрут(белл-205 и франциски фрелон),како одмазда за ова палестинците киднапираа израелски патнички авиони,но и израелците не останаа рамнодушни,имено Израел уништи 13 комерцијални арапски авиони-со ова израел демонстрираше решителност.

24 фебруари израел врши воздушен напад врз кампови во сирија-сиријците праќаат пресретнувачи,но на крајот сирија изгуби еден МИГ-17 и МИГ-21 од страна на израелски мираж.

Додека се случуваше ова на сирискиот фронт,во меѓувреме Египет се спреми за напад па така на8 ми март 1969 нападна со масивна употреба на артилерија по должината на суецкиот фронт овој датум е познат како Attrition day.

8-ми март израелски мираж соборува египетски МИГ-21.
Наредниот ден 9-ти март соборен е израелски Дорниер27 од страна на САМ систем-СА2.(важно е да напоменам дека имаше масовна употреба на специјални сили).

Сепак израелците сеуште имаа воздушна супериорност во борби воздух-воздух и во периодот април мај има 5 потврдени соборени авиони во воздушна битка последниот т.е 5-от авион беше втор авион соборен од ракета Рафаел шафрир(Air to Air).

На 17јуни 1969 4 израелски мираж авиони успеваат да го надлетаат Каиро-ова секако имаше последици-разрешен е египетскиот командант на Египетските воздушни сили.

Недела посе ова Израелски миражи се пресретнати од страна египетски МИГ21 оваа битка била една од најмаестралните,а египет до 7 јули изгуби 10мигови меѓу кои неколку погодени од новата ракета Рафаел2.

Исто така 8-ми јули соборени се 7 сириски МИГ-21.

12јули египетски командоси убиваат 29 израелски војници.

Додека светот беше сконцентриран на стапките на нил армстронг на месечината,на 20 јули 1969 израел врши масивен воздушен напад над суец очекувано-египет одговори во воздушни битки беа соборени 2 израелски миражи,2египетски Миг21,трета загуба МиГ 17 од 40мм ПА топ и еден СУ-7 од MIM-23 havk САМ.(од СССР СА6,СА3,..


На 13 август 1969 соборен е израелски А-4 а пилотот е фатен,односно воен заробеник.

Израел сакаше да го принуди египет да побара прекин на огнот,па израелците испланираа масовен воздушен напад на западниот и јужниот дел од суецкиот фронт-целта беше да се уништат Египетските САМ постројки и радари,како израел во тој реон би постигнал воздушна супериорност-па оттука израелците сметале дека египет ќе побара прекин на огнот.

ёоваа кампања израел ја спроведе итро,имено истата почна на 9-ти септември кога израел употреби советски тенкови и оклопни возила(запленети) кои беа пренесени бродски во египет во местото ЕЛ хафир-египќаните изгубија 150 војници а има извештаи дека загинал и советски генерал,израелците изгубија А-4 авион,а по овој срам претседателот Насер доживеа срцев напад.

Не се за занемарување и мисиите кои ги вршеа специјалните елитни единици.

Да напоменам имаше битки и до 19833,но воглавно неамше некои побитни разлики..
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.139
Поени од реакции
9.598
А војната меѓу Израел и соседите во 1948?
Таа е уште со пропелерци и без наведувани ракети, всушност продолжение на втора светска по тактика. Во друга тема ке правиме за од прва светска до кореа кога се борат „фраерски“ само со топови и митралези.

Инаку да надополнам за шестдевната војна (5-10 јуни 1967) Израел фактички ја решава војната со неверојатно рискантниот напад во таканаречената „операција фокус“ под команда на генерал Мордекај Ход, кога со речиси сите 200 виони што ги има Израел напаѓаат рано изутрина на 11 воздухопловни бази на Египетските ВВС. Нападот е неверојатно успешен од повеќе причини:

1. Египетските авиони биле наредени на пистата пуни со гориво и муниција и ги чекале пилотите да се вратат од молитва пред да почне нападот на Израел, тие еднододруго наредени авиони како сардини биле лесна цел.

2. Египетските ПВО системи биле исклучени од страв дека може политичките противници на режимот да пробаат да ги убијат генералите Амер и Махмуд кои како верни на моменталната Египетска власт летале во инспекција. (Ова е стална Арапска главоболка од што вернаоста кон кланот е над верноста на државата)

3. Пошто Израелците знаеле дека се спрема војна, испланирале како може да победат и установиле дека мора да имаат воздушна надмоќ. Цела година Израелските механичари и оружари вежбале до изнемоштеност само едно - брзо полнење гориво и оружје на авионите за да се спремаат за втор и трет напад. Ова доведува до неверојатно брз втор и трет бран на напади што на првиот ден од војната извојува воздушна надмоќ со уништување на 452 Арапски авиони од кои само 79 во воздух а другите построени на писта.

Останатите Арапски воздухопловства биле незначителни во однос на Египетското и послабо истренирани па исто им се фаќало пошто третиот бран на Израелците се поделил и дел нападнал на Сирија и Јордан и ги потепал нивните авиони. Инаку Јордан, Либанон и Ирак (праќа авиони) биле наоружани со Хокер Хантер англиски авиони.

Загубите за операцијата фокус се отприлика како следат:

Арапски загубени авиони (повекето уништени на земја)

Миг 21 - 148 парчиња
Миг 19 - 29 парчиња
Миг 17 - 112 парчиња
Су 7 - 14 парчиња
Хокер Хантер - 27 парчиња
Ту 16 - 31 парче
Ил 28 - 31 парче

Освен овие загуби изгубени се и троа транспортери и дузина хеликоптери

Израел губи 49 авиони од кои само 19 во првиот бран. Во оваа војна Израел е пред се наоружан со Француско оружје како Мираж, Ураган и Мистерие сите произведени од ДАСО. Оваа операција дозволува на Израелските ВВС непречено да ги масакрираат Арапските војски во повлекување кои останувајки без заштита на небото не можеле да се скријат на рамната пустина. Според Израелците најхрабри и најспремни непријатели биле Јорданците кои иако имале помалку од 30 авиони и мала војска биле неверојатно пожртвувани и дисциплинирани.

Следи: Виетнам, Индиско-Пакистанската од 1971, Јом Кипур 1973, Лебанон 1982/3, Фокландската војна, некои Афрички рчки каде имало воздушни операции и како што ке ни текне.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
:

Одлични текстови,едвај чекам да се произнесе некој за битката за "falkandskite" острови и употребата на "exocet"
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Против овие не е потребна никаква АА одбрана....:pos2::pos2:

 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Е ајде за Фокландите малку...

Тоа се група острови во јужниот Атлантик кои се окупирани од Британците уште во 1831 година иако и припаѓале на Арентина.Аргентинците од тогаш до 1982 не се помириле со тоа,но дури во 1982 решиле да преземат нешто за враќање на таа територија.Како бонус тука бил и островот Јужна Џорџија (китоловна база) :vozbud:...
Инаку Фокландите (Ислас Малвинас) се безначајно парче земја (карпи) шибани од ветровите во јужниот Атлантик без никави ресурси со околу 4000 постојани жители (без контингентот на британската армија)...немаат никакво значење освен политичко меѓу двете земји...

Генералот Леополдо Галтиери,диктаторот (лидер на воена хунта) на Аргентина во тоа време решил да спои корисно со удобно и набрзина организирал ударна група за освојување на Фокландите иако тој потег бил со цел да ја врати популарноста кај населението и да го одвлече вниманието од катастрофалните економски резултати за време на неговото владеење.Можноста да влезе во аргентинската историја како човекот кој ги вратил Фокландите била уште една причина...

Припремите на аргентинските сили биле избрзани без соодветна подготовка и во целосен расчекор со можностите.Носачот на авиони `Виентесинко де Мајо` бил на ремонт,биле превземени само 11 од 16 порачани француски морнарички ловци-бомбардери `Дасо Супер Етендар` и пилотите минувале дообука за овие авиони,освен тоа биле преземени само 5 (пет !!!) противбродски ракети Егсозе ММ38 од целата нарачана пратка од Франција...иако и тие 5 ќе се здобијат со бесмртна слава подоцна...:vozbud:
Јасно било дека главниот терет на конфликтот ќе биде врз старите но сеуште ефикасни `Даглас А-4 Скајхок` како основен ударен авион,кои требало да бидат заштитени од Мираж 3 и Израелската варијанта од истиот (Нешер/Дагер).
Како авион за поддршка на копнените сили на располагање во поголем број биле само локално произведените турбоелисни ФМА-58 Пукара.

Аргентинското раковдство сметало дека во коцкањето имаат адут во слабоста на британската морнарица која во тој период била најслаба во последните 300 години,двата големи носачи на авиони (Арк Ројал и Игл) биле повлечени од употреба,морнаричката авијација била во стадуим на реорганизација со новиот и се уште недоволно познат Си Хариер (со можност за вертикално полетување и слетување)...

Продолжува...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Во тоа време во Британија на власт била Маргарет Тачер :vozbud: (уште има полемики во Британија дали се работи за жена или не...:vozbud:) нејзината влада (конзервативците) исто така била крајно непопуларна...се зборувало дури и за нови избори...па така испадот на Генерал Галтиери и дошол како неочекуван подарок од Дедо Мраз...шанса да се претвори во `железната лејди` и национален херој кој ја спасил честа на Британската империја (еден мизерен остаток од истата како Фокландите но сепак...)

На 2-ри април 1982 ударната група истоварила морнарички десант на Фокландите (батаљон аргентински маринци) кои биле бранети од околу 120 британски војници и полиција.За неколку часа отпорот бил скршен и Фокландите биле завземени.Заробени биле 114 британци меѓу кои и гувернерот на Фокландите Харт а аргнетинците загубиле 1 маринец и имале 3-ца ранети.Запленети се и 1 транспортен Шорт Скајвен и 2 авиони за обука.
Следниот ден е нападнат и островот Јужна Џорџија при што дошло до првата загуба на аргентинската авијација.Иако на овој остров и населбата Гритвикен имало само 22 британски маринци нивниот отпор бил жесток при што е соборен еден Аероспасијал Пума транспортно-борбен хеликоптер со употреба на М2 тежок митралез и пешадиско оружје.
Сепак со помош на фрегатата `Герико` една чета аргентински специјалци успева до крајот на вториот ден да го скрши отпорот и да ги зароби сите 22 британци кои се предаваат.Аргентинците освен хеликоптерот губат три војници и имаат 9 ранети,а фрегатата е полесно оштетена од неколку погодоци со ПО проектили.

Така завршува првата фаза на војната каде аргентинските сили за 2 дена ги остваруваат своите цели со минимални загуби и почнуваат прославите во Буенос Аирес во стил на освојување на светска титула во фудбал.
Хунтата смета дека Британија нема да интервенира воено туку ќе се ограничи на меѓународен притисок преку ОН и САД.Советот за безбедност ја осудува инвазијата,САД и Франција воведуваат ембарго на испорака на оружје и опрема за Аргентина што ќе биде сериозен удар во подоцнежниот тек од конфликтот...

Продолжува...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
24 часа изгледало дека коцката на аргентинската Хунта ќе се исплати се додека во долниот дом на парламентот не се појавила Маргарет Тачер и објавила I`LL BE BACK. Веќе на 5-ти Април била оформена ударна група за враќање на островите под британска власт (операција КОРПОРАТ) која испловила од Плимут на пат кон Вознесенските острови,првата етапа од 11.000км долгиот пат кон целта.

Margaret Thatcher : I`LL BE BACK.


Британците за напад на Фокландите можеле да сметаат на следниве единици

Морнарица

2 Носачи на авиони (`Хермес` и `Инвинсибл`)

1 Носач на хеликоптери (`Енгадин`)

2 Десантни брода (`Фиерлес` и `Интрепид`)

6 Јуришно-десантни брода (`Бедивер`,`Галахад`,`Гереинт`,`Персивал`,`Тристрам` и `Ланселот`)

5 Нуклеарни подморници (`Сплендид`,`Спартан`,`Конкверор`,`Валијант` и `Корејџес`)

2 Дизел електрични подморници (`Оникс` и `Оберон`)

1 Крстарица (`Бристол`)

24 Разурнувачи/Фрегати/Корвети (`Антрим`,`Гламорган`,`Кардиф`,`Ковентри`,`Егзетер`,`Глазгов`,`Шефилд`,`Брилиант`,
`Броудсорд`,`Актив`,`Аларсити`,`Ембускејд`,`Антилоп`,`Ардент`,`Ероу`,`Авенџер`,`Аргонаут`,
`Пенелопи`,`Минерва`,`Андромеда`,`Јармут`,`Плимут`,`Лидс Касл`,`Дамбартон Касл`)

1 Ледокршач (`Ендуранс`)

3 Патролни брода (`Хекла`,`Хералд`,`Хидра`)

5 Миноловци (`Корделиа`,`Фарнела`,`Јунела`,`Нортела`,`Пикт`)

10 Танкери,5 брода за снадбување,2 брода за поддршка,1 Флотен транспорт (`Атлантик Конвејор`) , 2 Патнички брода,1 Брод-болница, 35 Транспортни пловила од различен вид.

Авијација

38 Хариер/Си Хариер морнарички ловци-бомбардери со вертикално полетување и слетување.
2 Камбера тактички бомбардери
4 Вулкан стратегиски бомбардери
20 Виктор стратегиски бомбардери
16 Нимрод морнарички патролни авиони
9 Ц-130 Херкулес транспортни авиони

66 Весекс транспортни хеликоптери
14 Линкс морнарички борбени хеликоптери
50 Си Кинг патролни & спасувачки хеликоптери
9 Восп патролни хеликоптери
15 Газела борбени хеликоптери
12 Скаут борбени хеликоптери
8 Чинук тешки транспотни хеликоптери

Пешадија & Морнаричка пешадија

2 Бригади (1 Маринци,1 Пешадија околу 9.000 војници)
24 Хаубици 105мм
Блоупајп и Стингер ПА преносни ракети
Рапир ПА ракети со краток дострел
Карл Густав 84мм бестрзајни топови
Милан ПО ракети
51 и 81мм Минофрлачи
12 Извидувачки тенка Скорпион

Продолжува...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Браво за трудот Тoecutter.Добра тема(војна) си одбрал да истражуваш.Фокландите, војна која претежно се одвива во воздух.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.139
Поени од реакции
9.598
Браво Токатер. Полека полека ке ги претресеме сите воздушни операции.

Бај д веј, Смарт Ес еве го линкот за Иран како вели дека ке ги задржи Ирачките пребегани авиони како отштета.

http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,972677,00.html

И уште велат дека ова е само дел:)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.488
Поени од реакции
5.193
Браво! Го очекувам последниот дел, баш ме интересира. Одлично!

Јас колку што знам и денес се водат спорови за тие острови.
 
S

smart ass

Гостин
Браво Токатер. Полека полека ке ги претресеме сите воздушни операции.

Бај д веј, Смарт Ес еве го линкот за Иран како вели дека ке ги задржи Ирачките пребегани авиони како отштета.

http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,972677,00.html

И уште велат дека ова е само дел:)
Идиоти....60% од авијациијата припаѓа на Ирак и треба да биде вратена,а Ирак би требало само да плати за одржувањето...ова може и на суд да оди...бидејќи веќе беше завршена ирачко-иранската војна.

Конкрете,балканот го решивме,туку се думам,помеѓу корејската војна ама таа е аут, или вијетнам каде сајдвиндер кој како проект беше развиван уште во 50 десетттите(бидејќи америте се плашеа од руски бомбардери "згрешија"авион само со ракети...без митралез-не го бива) бидејќи сметаа дека со ракетите догфајт ќе исчезне...но во вијетнам се покажа грешка ...и вијетнам.

ај ќе видечемо..
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Погоре се зборуваше за ирачкиот МИГ-23 кој се наоѓал во Белград. Во СФРЈ биле допремени поради ремонт во ВЗ Змај. Биле вкупно 6 МИГ-21 и 6 МИГ-23. Одреден број бил ремонтиран и вратен во Ирак, а неколку биле недовршени кога избила војната во Југославија.
Овој пред музејот бил довршен и долетал на Сурчин од Жељава.





 

Kajgana Shop

На врв Bottom