[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Превземено од Вест
НОВА АВАНТУРА НА ЛЕТОТ НА "СИРУС" ЗА СКОПЈЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Олеснете се, па да полетаме[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Капетанот на авионот ги замолил патниците од Франкфурт за Скопје пред да полетаат, да одат во тоалет во аеродромската зграда затоа што авионскиот тоалет бил пола полн, а летот трае 3 часа и 45 минути[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Авионот на германската компанија "Сирус ерлајнс" кој во средата вечерта требало да полета од Франкфурт за Скопје, останал на германскиот аеродром. Во Франкфурт биле принудени да преноќат и 40-тина патници, меѓу кои и високи функционери од македонското Министерство за надворешни работи.
Патниците велат дека циркусијадата почнала уште кога стигнале на франкфуртскиот аеродром. Иако требало да полетаат во 20 часот, патниците за Скопје биле повикани на бординг еден час подоцна. Потоа ги качиле во автобус и ги однеле до авионот, но не ги пуштиле да излезат, туку чекале 20 минути во автобус. Пред нив не бил авионот на "Сирус ерлајнс" туку помал авион со пропелери и без никаква ознака.
Еве што раскажува еден патник:
"Во автобусот влезе и пилотот, го зеде микрофонот и ни се обрати и ни рече: 'Јас сум од Данска и јас сум вашиот капетан. Ме повикаа од супермаркет и еве дојдов да ве однесам дома. Како што гледате ова не е оригиналниот авион со кој требаше да летате. Наместо 2 часа и 15 минути до Скопје ќе летаме 3 чоас и 45 минути, авионот има само еден тоалет, тој е половина празен, што значи - половина полн. Затоа, предлагам автобусот да ве одвезе до аеродромската зграда, таму малку да се освежите и за половина час ќе се вратите во авионот.
Откако патниците по наредба на капетанот отишле во тоалет за да се подготват за долгиот лет до Скопје, автобусот ги вратил до авионот. Таму ги пречекала стјуардеса со обраќање:
"Јас сум од Холандија. Работам за авиокомпанијата "Деним ер". Ова не е вашиот авион со кој требаше да летате. Авионот е изнајмен. Затоа, ако имате поплаки немојте да ми се жалите мене оти јас немам ништо со "Сирус". Жалете се кај управата во Зарбрикен", учтиво замолила стјуардесата.
Додека чекале дозвола за полетување, патниците го чуле повторно гласот на капетанот:
"Дами и господа, имам една лоша вест. Сега е веќе 23 часот, а во 24 часот Скопскиот аеродром затвора и не може да не прими. За среќа тука е автобусот што може да ве врати во аеродромската зграда".
Паниците пак се качиле во автобус. Во терминалот ги упатиле како да го најдат хотелот и компанијата им го платила ноќевањето. Другиот ден требало да се најдат на аеродром во 5 часот. Полетале дури во 8.
Иако германската компанија "Сирус" лета за Скопје со "ембраер 170", патниците во Франкфурт завчера ги качиле во "фокер 50", кој со екипаж долетал од Холандија. Разликата не е само во големината на авионот. Наместо млазен авион што од Франкфурт до Скопје лета и за 2 часа, скопските патници биле качени во турбо пропелерски авион кој лета час ипол подолго. На Скопскиот аеродром патниците наместо во 22.35 во средата, слетале во 11.30 часот вчера претпладне. Поради малиот капацитет на несоодветниот авион, некои од нив останале и без багаж.
Пред неполн месец, проблеми со летот за Франкфурт имаше и министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Нејзиниот лет доцнеше три часа а министерката направи дипломатски скандал.
Освен за бизнис патници кои од Македонија летаат за Франкфурт, утринскиот лет на "Сирус" од Скопје го користат и голем број патници за западна Европа и македонски иселеници кои од Франкфурт ги фаќаат прекуокеанските линии на "Луфтханза".
(А.С.) [/FONT]