Авионски несреќи

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
шепртља ...невидена шепртља, затоа во кабина треба секогаш да се има падобрански нож...никогаш не знаеш кога и за што ќе ти притреба...
Неверојатно колку е употребливо тоа орудие. Би рекол општо во животот треба да се има нож. :wink: Судбина, сите да се спасат само пилотот не.

За жал, уште една трагедија, 9 загинати во судир на хелихоптер со aвион на пограничната стража (US Coast Guard).

http://fr.news.yahoo.com/4/20091031/twl-usa-armee-crash-bd5ae06.html

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
Лоцирани “црните кутии“ на авионот на “Ер франс“ што се урна во Атлантикот

Црните кутии на авионот на “Ер франс“ што се урна ланскиот јуни во водите на Атланскиот океан биле пронајдени. Во авионската несреќа загинаа сите 228 патници и членови на екипажот.
Кутиите биле најдени на дното на океанот. Се уште не било познато дали ќе има акција за нивно вадење.
Портпаролот на министерството за одбрана на Франција, генерал Кристијан Баптист изјавил дека немало гаранции дека “црните кутии“ ќе бидат извлечени на површина. “Тоа не значи дека ќе ги извадиме “црните кутии“, бидејќи повеќе не даваат сигнал и се наоѓаат на многу тежок терен“, посочил генералот.
Новата акција за лоцирање на кутиите француската војска ја покренала пред четири дена, пренесува “Индекс хр.“.
И до денес сеуште не се познати причините за падот на патничкиот авион, кој летал на линија Рио де Жанерио – Париз. На први јуни леталото навлегло во бура и исчезнало од радарот.

Нетпрес
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Во Сан Франциско се сруши B-777 на самото слетување.

Има многу различни објаснувања од сведоци како се срушил авионот.

Не се знае ни колку има настрадани: во некои написи пишува други двајца умреле, во деуги дека нема мртви. Сигурно е дека има барем 60 потешко повредени.

Asiana Airlines нигде ја нема да се јави со изјава, ниту пак се огласија официјалните органи (сем FBI дека кој кажа дека не се работи за тероризам). Се се одвива зад затворени врати.

http://www.ktvu.com/news/news/local/boeing-777-crashes-while-landing-sfo/nYfcx/

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Кутрите!
А знаете ли по што е прочуен градот казан???
По кој завод.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930

Авионот бил во функција вкупно над 23 години , како нејзиниот прв лет бил на 18 јуни 1990 година
Авионот бил користен постојано на француска , угандијска , бразилска , романска и бугарска компанија - " Бугарија Ер" , пред да биде земен од авиокомпанијата " Татарстан " во 2008 година , покажува погледот на специјализираниот сајт.
Во поголемиот дел од времето тој бил вработуваат различни оператори од компанијата Ansett Worldwide Aviation Services ( AWAS ) .
На 7 декември 2001 година авионот претрпел несреќа при слетувањето во Бразил .
При слетувањето на аеродромот на градот Бело Оризонте при неповолни временски услови , авионот со вкупно 108 лица на одборот скршил левото слетување . Инцидентот се поминаа без жртви , но машината требало да помине низ сериозен ремонт .
Кон оној момент таа била користена од бразилската авиокомпанија " Рио Сул " , специјализирана во регионалните летови .
" Бугарија Ер" го искористила овој авион сосема малку . Тој бил најмен од бугарската компанија во мај 2008 година , а од декември 2008 година се ужива од страна на авиокомпанијата " Татарстан " .
Во досието на машината што Aviation Safety Network одржува , е снимен уште еден инцидент -
во декември 2012 година , авионот требало да се врати на аеродромот , што полетал поради губење на притисокот во кабината .
Несреќата во неделата стана при лет од Москва за Казан, престолнината на руската република Татарстан. Загинаа сите 50 лица во авионот, 44 патници и 6 члена екипаж.

Меѓу жртвите е Ирек Миниханов, синот на претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, и шефот на локалната власт на Федералната служба за безбедност Александар Антонов.
Семејствата на сите загинати ќе добијат по 2,25 милиони рубљи од осигурувањето плус 1 милион рубљи од властите.
Во понеделникот во Татарстан е прогласен ден на жалост.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Katastrofa.
Obichno 737 vazhat za bezbedni letala.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Кутрите!
А знаете ли по што е прочуен градот казан???
По кој завод.

И нивната идна директна замена Ми-38

Katastrofa.
Obichno 737 vazhat za bezbedni letala.
Едно е 737 во Америка, друго во Русија.Или озбилна авиокомпанија со помалку сериозна, аналогно на ова и одржувањето.Фокерот на Палер во Скопје беше само 11 месеци стар, Јаковлевот на Авиоимпекс во Охрид само 3 години.Од друга страна Авиоимпекс, Мета и МАТ имаа и DC-9-30, 737, MD-81/82/83 , Jak-42Д, Ту-154М - произведени во 70-те и 80-те, најновиот авион во флотата на Авиоимпекс беше произведен 1989-та година.Па најновите авиони отидоа :unsure: Кога сме веќе кај некогашните домашни компании, Мета и Палер ги именуваа леталата по местата во Македонија - Охрид

Фокерите на Палер :cuc: Крушево (F-OLGB, F-OLGA Охрид и уште еден Фокер - Скопје)

Плус општото мислење уште од советско време дека Русите, нивната авијација и посебно нивните авиони (Јак,Ту) се небезбедни, огромни потрошувачи на гориво и бучни кое секако западот го искористи во своја полза...Дури имаше и докумемтарец за ова:

Ама ќе се сменат работите...
Sukhoi 100-95 Superjet, регионален летач со 88-103 седишта.
Втор цивилен авион после Ербас 320 фамилијата со некласично управување на џојстик.Интересно е проект 50/50 на италијанската Алениа и Сухои, со консултантска улога на Боинг.Моторите и пилотскиот софтвер се француско-руско-германски микс, електрониката е американска , опремата за слетување канадска...oсвен екс-советските земји, Кина, Тајланд и Индија, убав сигнал е првата западна нарачка - од италијанската компанија Blue Panorama Airlines, а 20 (+10) нарачки мексиканската нискобуџетна InterJet.

Па во бои на Аерофлот и карактеристичните предни стакла е вреден за внимание

Цената е 30% помала од неговиот бразилски роднина Ембраер ERJ 170 / 190, 50% од Ербас А 318/А 319 и скоро во ист ранг со канадскиот CRJ 900/1000.

Туполев ТУ-214, за средни линии (156-210 седишта).

Цeната на ТУ-214 е скоро два пати помала од неговата Боинг (737-800/737-900) и три пати од Ербас во истата величина (321).

Ги спомнав цениве чисто онака дека ни е останат од Русите долг уште од времето на СССР и СФРЈ и не е израмнат.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
14
Поени од реакции
4

Како прво, првиот авион од Палер што го имаш ставено тој со име Охрид не е Fokker , туку Tupolev Tu-154, потоа го ценам тоа што си се потрудил во голем пост да објасниш повеќе за руските авиони, и јас го делам твоето мислење дека Боингот во Русија се срушил само поради ниските стандарди на одржување на леталото. А кога зборуваме за безбедноста на овие две летала кои ги имаш детално опишано Tupolev баш како на сликата од Red Wings се сруши во Москва еве видео и слики а и линк со податоци.

Повеќе информации и слики имаш на http://airplanepassion.blogspot.com/2014/03/about-red-wings-crash.html#.UxKfH_ldXpM
Истото се случи и со Sukhoi Superjet 100 се сруши во Индонезија при тест лет и 45 лица ги загубија животите, но нема да го земеме тоа во обзир бидејќи истрагата покажа дека се работи за пилотска грешка. Затоа ќе го земеме во обзир тоа што при друг тест лет ист таков модел на авион слетал без тркала среќно бидејќи пилотите не успеале да ги отворат тркалата поради некаков дефект.

Еве и линк со повеќе податоци за инцидентот http://avherald.com/h?article=465ade78
 
Kajgana Shop

На врв Bottom