Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
11 јуни 2009
Мислења
44
Поени од реакции
23
ОВАА ГО ПРОЧИТАВ НЕКАДЕ И МИ СЕ ДОПАДНА ИАКО И ЈАС ИМАМ МИСЛЕЊЕ ДЕКА СЕКОЈ САМ ЗА СЕБЕ СИ ОДЛУЧУВА ДАЛИ САКА ИЛИ НЕСАКА ДА ИМА ДЕТЕ.....
Абортус

Една загрижена мајка отишла кај својот гинеколог и рекла:
“Докторе,имам сериозен проблем и очајно ми треба вашата помош! Моето бебе нема ниту една година а јас сум повторно бремена.Не сакам толку брзо бебе.“
Па докторот рекол: “Добро,што сакаш да сторам?“
Таа рекла: “Сакам да ја прекинеш мојата бременост,и сметам на твојата помош за ова.“
Докторот размислил малку,и по кратко време и рекол на жената: “Мислам дека имам подобро решение за вашиот проблем.Тоа е понеопасно за обајцата.“
Таа се насмевнала,размислувајќи дека докторот ќе го прифати нејзиното барање.
Тогаш тој продолжил: “Знаеш,бидејќи не сакаш да гледаш две бибиња одеднаш,ајде да го убиеме она што ти е во рацете.На тој начин,можеш да се одмориш малку пред ова другото да се роди. Ако убиваме едно од нив,не е важно кое. Нема ризик за твоето тело ако го одбереме тоа што е во твоите раце.“
Жената беше престрашена и рече: “Не докторе! Колку ужасно! Криминално е да се убива дете!“
“Се согласувам.“ одговори докторот. “Но тебе тоа ти изгледаше во ред,па си помислив дека можеби тоа ќе биде најдобро решемие.“
Докторот се насмевна, сфаќајќи дека таа ја разбра поентата.

Љубовта вели: „Се жртвувам себе си за доброто на друга личност.“
Абортусот вели “Го жртвувам доброто на другиот за моето добро .“
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
фино што ги напиша сите овие медицински факти, фино што ни укажа дека абортусот е убиство и ни под точка разно не е право на избор (иако е, барем во РМ) али ајде тебе да ти направиме reality check
Запознаваш девојка додека си искочен у сабота, спиеш со нејзе вечерта и после месец дена девојката доага со среќната новост дека останала трудна, а таткото си ти. Чисто колку да не оставам дупки во примерот, дури и DNK тест е направен и стварно си ти гордиот татко. Што се случува од тука? Ќе ја жениш? Ќе бидете мало, среќно семејство? Ќе има ли тоа дете шанса да расте и се развива во здраво, функционално семејство? Пошто може не се рабирам многу од медицина, али од развојна психологија се разбирам и таквото семејство е и те како важно во формативните години на твоето дете.И молим те, немој да ми даваш примери како познаваш деца кои израснале со еден родител и се успешни и среќни и така натаму, наспроти деца кои растеле со два родители и сега се наркомани, убици или не знам веќе што. Јас ова не го измислувам, постојат научни докази кои го подджуваат кажаново.
Или, многу поверојатно, ќе се задоволиш со тоа да го признаеш детето и да плаќаш издршка за него, да го гледаш повремено, ако и тогаш и целата одговорност во која и ти би требало да имаш еднаков удел да и ја префрлиш на девојката. Ти си го створил, ти си инсистирал да се роди и ти ќе си одиш без никакви или скоро никакви обврски или значајни промени во твојот живот, а девојката ќе заглави со дете од човек кој не го познава, кое не го планирала, нити сакала во моментот.
Не е право на избор,а? Да, секако
Тогаш дадениот дечко во примерот нема никакви морални вредности.
На грешен човек му го поставуваш прашањето „Што би правел кога вака, така?“.
Некој што е против абортус, ги има моралните вредности во велико.
Како што ги има секој културен човек на денешницата, за разлика од оние што се залагаат „за“ абортус..
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Боже, не ми е јасно само како со волку големи моралисти на светов,ситекултурни, сите со крстот на чело, светов ипак се наоѓа во хаос? Сигурно ја и Пума сами не го расипавме?
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Боже, не ми е јасно само како со волку големи моралисти на светов,ситекултурни, сите со крстот на чело, светов ипак се наоѓа во хаос? Сигурно ја и Пума сами не го расипавме?
Во право си за тоа, ама не и за абортусот :)
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Во право си за тоа, ама не и за абортусот :)
И те како сум во право за абортусот, а нарочито за примерот погоре.
Лесно е да глумиш морал на форуми, да се маваш во груди - ја никад не би ова, ја би вака, онака.
Али, реално е дека во таа ситуација 99% од момците кои така лесно осудуваат и се расфрлаат со животни поуки, ќе бегаат колку што ги држат нозете ако рандом цура им приреди такво изненадување. Во тој случај, набилданиот морал ќе падне на непостоечко ниво и абортусот ќе биде прва и единствена можна опција.
Ама, тогаш, нивниот задник е во прашање, нели? Може тогаш, нема проблем
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
правел кога вака, така?“.
Некој што е против абортус, ги има моралните вредности во велико.
Како што ги има секој културен човек на денешницата, за разлика од оние што се залагаат „за“ абортус..
Ова е дефинитивно Тинуле, ваква логика може да има само Тинуле и никој друг.:ROFLMAO:
Иначе, ептен си во право. Еве, на пример, Јозеф Фрицл ја киднапираше сопствената ќерка, ја чуваше со години во подрум, и испонапраи еден куп деца, ама со оглед на тоа што не и дозволил да абортира, сигурно има морални вредности „во велико“. А според бројот на исштанцани деца, Јоже најверојатно не користел контрацепција. Вистински католик, морален и богоугоден. (y)
Ама затоа оние кои поддржуваат право на избор, не абортус, туку право на избор, е тие се виновни за целото зло на светов.

Btw, темава фршти од лицемерие и лажен морал. Не ми е јасно како можете да си давате за право да одлучувате за други луѓе. Не одобрувате абортус. Океј, не абортирајте. Ама не можете на другите да им го одземете правото на избор. И онака е очигледно дека го жалите тоа бебе само додека е зигот, после тоа ич нема да ви чуе за неговата животна судбина.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Ова е дефинитивно Тинуле, ваква логика може да има само Тинуле и никој друг.:ROFLMAO:
Иначе, ептен си во право. Еве, на пример, Јозеф Фрицл ја киднапираше сопствената ќерка, ја чуваше со години во подрум, и испонапраи еден куп деца, ама со оглед на тоа што не и дозволил да абортира, сигурно има морални вредности „во велико“. А според бројот на исштанцани деца, Јоже најверојатно не користел контрацепција. Вистински католик, морален и богоугоден. (y)
Ама затоа оние кои поддржуваат право на избор, не абортус, туку право на избор, е тие се виновни за целото зло на светов.
Абе примери можам и јас да ти вадам од некој што спиел со некоја за една вечер, па после кога дознал дека има дете со неа, ја земал за жена and lived happily ever after. My uncle.
Џабе примери и дискусија. Се знае каде е проблемот со абортусот и таму сите ќе се сложиме.
Треба да се пази кога, како и со кого се спие :)
Така и вие и ние сме задоволни :)

Иначе, ја сум, гледаш како ме знаеш -.-
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.767
Поени од реакции
8.793
Во кој опсег те интересира биолошкиот/медицинскиот аспект?

Дека зиготот е генетски нов организам, неговиот геном/генотип е уникатен и различен од секој веќе постоечки?
Дека способноста да се дели уште пред да се вгнезди во ендометриумот на матката веќе укажува на неговата посебност?
Дека потенцијалот за нова личност го носи единствено зиготот, а не и секоја гамета одделно?
Дека нервниот столб од кој настануваат сетилата и мозокот се развиваат на самиот почеток на ембрионалниот развој?
Дека плодот не е дел од телото на мајката, за што говори и целисходноста на природата, па плацентата не е пропустлива за антитела (или барем не за сите) од крвта на мајката кои би можеле да го „маркираат“ плодот како туѓо тело и да предизвикаат имунолошка реакција?
(Затоа е можно Rh- мајка да роди Rh+ дете... на пример).
Дека, колку што ми е мене познато, во денешната Хипократова заклетва е исфрлена формулацијата „ќе го штитам животот од самиот негов почеток“?

Биди поконкретна за да бидам и јас...

Треба да пребарам малку низ интернет за да ја најдам книгата на еден американски гинеколог кој во текот на својата кариера извршил повеќе од 10000 абортуси, и тоа добро и уредно ги документирал, па и снимал на ехо, пишувал трудови во научни списанија, станувајќи водечки авторитет во областа - кариера во процут, што да ти расправам...
.... за потоа да се претвори во еден од најжестоките борци против абортус, кога забележал (и снимил) дека плодот (макар и во големина на палец) е „свесен“ за тоа што му се случува во текот на извршувањето на абортусот, дека реагира и „испушта безгласни крици“, па дури и се бори...
Си видела ли како изгледа абортиран плод?

Oh, no, dear... немој да ми се возбудуваш.... јас само инсистирам нештата да се нарекуваат според нивните вистински имиња....

Секој може да си ги пресече ушите, на пример, и тоа е негово право (може што сака да си прави со своето тело, иако е голема веројатноста дека ако реши да си ги пресече ушите, содржи материјал за на психијатрија, ама да не забегуваме...).

Ама дека абортусот е просто отстранување на дел од своето тело, па уште и да се сведе на право на избор.... мислам, е претерано.

што е со правото на избор на нероденото дете?
или уште повеќе, со неговото право на живот?

И да... Не сум прочиталА ништо, сум прочитаЛ.
Поздрав.
Jaс убаво си ги нарекувам нештата со нивно име, пролајфериве малце забегуваат, кога зигот за нив е дете. Бластоцита е дете. Ембрион е дете. Првиот облик кој има карактеристики (освен генетски (ако гледаме генетски и сперматозоидот носи половина генетски материјал, и јајце клетката)) е фетусот. Се пред него е КЛЕТКИ кои немаат карактеристики на човек.
Точно, и јас сакам да се користат вистинските имиња. На пример, кога е некој против абортус, место да стави 6 месечно бебе и да рече - не го убивај (а кој овде зборува за убивање на живи бебиња?), нек си стави навистина една слика од 7-8 неделен ембрион и нека рече - не го убивај. Има разлика.

Медицинскиот аспект е јасен, и е објаснет поназад, повеќе од еднаш. Ако те мрзи да читаш, не прашувај.

И со тоа што си маж, некако, немаш доволно права да зборуваш за нешто што никогаш нема да биде дел од твоето тело. Ако си против абортус, внимателно складирај ги сите сперматозоиди што ги произведуваш, донирај ги во банка, барем тие таму ќе бидат одговорни ,,кој ќе живее, а кој не,, , ти твоето си го завршил.
И ако вие зборувате за абортус, ајде ние жениве да си позбориме за кастрација малце.
Некогаш добро би ви дошла...
--- надополнето: 24 март 2012 во 10:05 ---
Абе примери можам и јас да ти вадам од некој што спиел со некоја за една вечер, па после кога дознал дека има дете со неа, ја земал за жена and lived happily ever after. My uncle.
Џабе примери и дискусија. Се знае каде е проблемот со абортусот и таму сите ќе се сложиме.
Треба да се пази кога, како и со кого се спие :)
Така и вие и ние сме задоволни :)

Иначе, ја сум, гледаш како ме знаеш -.-
А кој сака вие да бидете задоволни за било чиј, освен вашиот живот?
Демек, мене многу ми е гајле, или на останатите колку ВИЕ (пролајферските лицемери) сте задоволни од нас?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
На пример, кога е некој против абортус, место да стави 6 месечно бебе и да рече - не го убивај (а кој овде зборува за убивање на живи бебиња?), нек си стави навистина една слика од 7-8 неделен ембрион и нека рече - не го убивај. Има разлика.

Медицинскиот аспект е јасен, и е објаснет поназад, повеќе од еднаш. Ако те мрзи да читаш, не прашувај.
А ти носи транспарент со вистинска слика на 7 неделен ембрион со натпис УБИЈ!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.767
Поени од реакции
8.793
А ти носи транспарент со вистинска слика на 7 неделен ембрион со натпис УБИЈ!
Тоа е глупаво Лет.
Јас викам ,,право на избор,, а не ,,абортирајте сите,,.
Нека абортираат оние на кои тоа им одговара, на тие што не им одговара, нека раѓаат.
Не е тоа мој проблем, кој што сака нека прави со своето тело.
Или ете, нека го извадат 8 неделниот ембрион од телото на мајката, па ако преживее.. супер.
Никој нема да ми каже како да се однесувам со моето тело.
МОЕ Е.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Во кој опсег те интересира биолошкиот/медицинскиот аспект?

Дека зиготот е генетски нов организам, неговиот геном/генотип е уникатен и различен од секој веќе постоечки?
Дека способноста да се дели уште пред да се вгнезди во ендометриумот на матката веќе укажува на неговата посебност?
Дека потенцијалот за нова личност го носи единствено зиготот, а не и секоја гамета одделно?
Дека нервниот столб од кој настануваат сетилата и мозокот се развиваат на самиот почеток на ембрионалниот развој?
Дека плодот не е дел од телото на мајката, за што говори и целисходноста на природата, па плацентата не е пропустлива за антитела (или барем не за сите) од крвта на мајката кои би можеле да го „маркираат“ плодот како туѓо тело и да предизвикаат имунолошка реакција?
(Затоа е можно Rh- мајка да роди Rh+ дете... на пример).
Дека, колку што ми е мене познато, во денешната Хипократова заклетва е исфрлена формулацијата „ќе го штитам животот од самиот негов почеток“?

Биди поконкретна за да бидам и јас...

Треба да пребарам малку низ интернет за да ја најдам книгата на еден американски гинеколог кој во текот на својата кариера извршил повеќе од 10000 абортуси, и тоа добро и уредно ги документирал, па и снимал на ехо, пишувал трудови во научни списанија, станувајќи водечки авторитет во областа - кариера во процут, што да ти расправам...
.... за потоа да се претвори во еден од најжестоките борци против абортус, кога забележал (и снимил) дека плодот (макар и во големина на палец) е „свесен“ за тоа што му се случува во текот на извршувањето на абортусот, дека реагира и „испушта безгласни крици“, па дури и се бори...
Си видела ли како изгледа абортиран плод?

Oh, no, dear... немој да ми се возбудуваш.... јас само инсистирам нештата да се нарекуваат според нивните вистински имиња....

Секој може да си ги пресече ушите, на пример, и тоа е негово право (може што сака да си прави со своето тело, иако е голема веројатноста дека ако реши да си ги пресече ушите, содржи материјал за на психијатрија, ама да не забегуваме...).

Ама дека абортусот е просто отстранување на дел од своето тело, па уште и да се сведе на право на избор.... мислам, е претерано.

што е со правото на избор на нероденото дете?
или уште повеќе, со неговото право на живот?

И да... Не сум прочиталА ништо, сум прочитаЛ.
Поздрав.

Баш си се запотиЛ со постов. Таман се фасциниравме со тоа колку супер ти оди жонглирањето со зиготи, геноми, ЕрХа плус па минус, ти мораше да го уфрлиш моментот со Докторот и 10000-те абортуси...И да, ова последново ти падна врз глава (баш како живо јајце кога некој би ти заџапал у фаца).

Зошто, зошто морал да убие точно 10000 'души', па да сфати дека греши? Сам кажа, во младоста му идела кариерата нагоре, пари, женски, моќ, пријатели (и све друго што со парите оди). Сега кога е стар, професионално издишан и неприметлив (да не речам, близу до Пеколот), одеднаш се сетил на 10000-те и нивните 10000 безгласни крици...Дечко, ако овој твој доктор е вистинска личност (а верувам дека е, бидејќи делата му се ко за вистинска личност), тогаш да ти кажам дека не се работи дури ни за неговата совест (бидејќи ја нема), туку само за желба да биде приметен и да ги направи работите онакви какви што биле порано. За него, да му биде поарно (на земјата, а покасно и на небото), да сме на јасно. Да, од чисто себични причини. И да, од СТРАВ-за себе и за вечноста на неговата душа...При тоа, баш му пишти за бројот 10000, за ембриони и за жените меѓу чии нозе ја правел кариерата...

И, можеш работите да ги викаш со нивните вистински имиња, никој не се плаши од тоа-повеќе се плашиме од лицемерни 'ставови' и лажен морал...И по 10000-ти пат: никој не вика дека абортусот "е просто отстранување на дел од своето тело", тоа НЕКОЈ ОВДЕ сака да се заебава со сите, па упорно го вергла тоа па тоа-и пошто мене ми е здосадено од овие циклуси во темава, ќе скратам МНОГУ: ние викаме дека ТРЕБА ДА ПОСТОИ ПРАВО НА ИЗБОР. ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР...ПРАВО НА ИЗБОР! х 1,000,000!

Да бе, тоа сакам да кажам: дека оплодената јајце клетка во периодот кога може да се изврши абортус НЕМА ПРАВО НА ИЗБОР! Бидејќи не знае ништо, не знае за себе, за светот, све едно би и било дал ќе ја има или не (ако има некакво наговестување на противење (што лично се сомневам), реакција на 'плодот' ко што вика твојот Доктор, тоа е чисто инстинктивен трзај-животот да се одржи во живот :) )...така викаат доктори бе, кои својот став го запечатиле со Закон...и знеш што, ја им верувам...:coffee: Така да, погодуваш, правото на избор им останува на живите луѓе кои работат, јадат, спијат и се е*ат секојдневно и редовно и (иако генерално се водат од инстинкти) понекогаш размислуваат за својата иднина, правецот во кој сакаат да им оди животот, размислуваат за опциите што ги имаат, за оноа што можат некому да му понудат...за разлика од животните. Тие не размислуваат и не планираат-тие јадат, се*ат и се множат колку можат! ;)
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Гледам темава е се по популарна, повекето се расфрлаат со својот рационализам.
Каде е тука одговорноста луге?
Сосема се слозувам со Let 3, дека има милион начини за заштита од несакана бременост, а една сексуално активна особа како прво треба да биде одговорна спрема себе и да се информира и заштити на време. Во случај на несакана бременост најлесно е да отидеш на гинеколог и да абортираш ко ништо да не било, али пак ке прашам каде е тука одговорноста? Секоја неодговорна девојка кога ке се најде во таква ситуција треба да си се соочи со последиците, да признае дека згрешила и да биде одговорна спрема бебето кое се зачнало.

Ми се гади од жените кои абортираат, ми се гади од мажите кои ги тераат жените да абортираат, ми се гади од родителите кои ги присилуваат ќерките да абортираат.

Строго сум против абортус и точка, крај!!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Тоа е глупаво Лет.
Јас викам ,,право на избор,, а не ,,абортирајте сите,,.
Нека абортираат оние на кои тоа им одговара, на тие што не им одговара, нека раѓаат.
Не е тоа мој проблем, кој што сака нека прави со своето тело.
Или ете, нека го извадат 8 неделниот ембрион од телото на мајката, па ако преживее.. супер.
Никој нема да ми каже како да се однесувам со моето тело.
МОЕ Е.
Право на избор е во ред додека не забремениш. Сакаш спирала сакаш пилула сакаш дијафрагма сакаш орална, анална завршница... имаш избор дали ќе забремениш или не.
“ЈАС“ имам избор дал да забременам или не, па ај ако забременам “ЈАС“ сакам избор дал да родам или не, па ај ако родам “ЈАС“ сакам избор дал да го чувам или дам на посвојување.... цело време ЈАС ЈАС ЈАС...

Те мислев многу почуствителна, поемотивна.. со секој напишан пост се одлечуваш од мене... стануваш личност која не ми одговара... Ладна си, се ти се сведува на дефиниции од учебници и математички пресметки.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Баш си се запотиЛ со постов. Таман се фасциниравме со тоа колку супер ти оди жонглирањето со зиготи, геноми, ЕрХа плус па минус, ти мораше да го уфрлиш моментот со Докторот и 10000-те абортуси...И да, ова последново ти падна врз глава (баш како живо јајце кога некој би ти заџапал у фаца).

Зошто, зошто морал да убие точно 10000 'души', па да сфати дека греши? Сам кажа, во младоста му идела кариерата нагоре, пари, женски, моќ, пријатели (и све друго што со парите оди). Сега кога е стар, професионално издишан и неприметлив (да не речам, близу до Пеколот), одеднаш се сетил на 10000-те и нивните 10000 безгласни крици...Дечко, ако овој твој доктор е вистинска личност (а верувам дека е, бидејќи делата му се ко за вистинска личност), тогаш да ти кажам дека не се работи дури ни за неговата совест (бидејќи ја нема), туку само за желба да биде приметен и да ги направи работите онакви какви што биле порано. За него, да му биде поарно (на земјата, а покасно и на небото), да сме на јасно. Да, од чисто себични причини. И да, од СТРАВ-за себе и за вечноста на неговата душа...При тоа, баш му пишти за бројот 10000, за ембриони и за жените меѓу чии нозе ја правел кариерата...

И, можеш работите да ги викаш со нивните вистински имиња, никој не се плаши од тоа-повеќе се плашиме од лицемерни 'ставови' и лажен морал...И по 10000-ти пат: никој не вика дека абортусот "е просто отстранување на дел од своето тело", тоа НЕКОЈ ОВДЕ сака да се заебава со сите, па упорно го вергла тоа па тоа-и пошто мене ми е здосадено од овие циклуси во темава, ќе скратам МНОГУ: ние викаме дека ТРЕБА ДА ПОСТОИ ПРАВО НА ИЗБОР. ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР.ПРАВО НА ИЗБОР...ПРАВО НА ИЗБОР! х 1,000,000!

Да бе, тоа сакам да кажам: дека оплодената јајце клетка во периодот кога може да се изврши абортус НЕМА ПРАВО НА ИЗБОР! Бидејќи не знае ништо, не знае за себе, за светот, све едно би и било дал ќе ја има или не (ако има некакво наговестување на противење (што лично се сомневам), реакција на 'плодот' ко што вика твојот Доктор, тоа е чисто инстинктивен трзај-животот да се одржи во живот :) )...така викаат доктори бе, кои својот став го запечатиле со Закон...и знеш што, ја им верувам...:coffee: Така да, погодуваш, правото на избор им останува на живите луѓе кои работат, јадат, спијат и се е*ат секојдневно и редовно и (иако генерално се водат од инстинкти) понекогаш размислуваат за својата иднина, правецот во кој сакаат да им оди животот, размислуваат за опциите што ги имаат, за оноа што можат некому да му понудат...за разлика од животните. Тие не размислуваат и не планираат-тие јадат, се*ат и се множат колку можат! ;)
Право на избор, право на избор дрн, дрн...
Зиготот, ембрионот..., да, неможе да каже кој е неговиот избор, ама ај предпостави кога би можел што би избрал, што мислиш ти?
Жените треба да бидат пред се одговорни за своето тело, а тоа значи и да се заштитат при сексуални односи, а не кога ке останат трудни да кажуваат дека они си се одговорни за своето тело, а всушност се работи за туѓо тело.
Да си го убиеш сопственото дете бе, жал ви е за циганчињата, за силуваните девојки, за жртвите на серијските убијци..., а не ви е жал за животот на сопствените деца!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.767
Поени од реакции
8.793
Право на избор е во ред додека не забремениш. Сакаш спирала сакаш пилула сакаш дијафрагма сакаш орална, анална завршница... имаш избор дали ќе забремениш или не.
“ЈАС“ имам избор дал да забременам или не, па ај ако забременам “ЈАС“ сакам избор дал да родам или не, па ај ако родам “ЈАС“ сакам избор дал да го чувам или дам на посвојување.... цело време ЈАС ЈАС ЈАС...

Те мислев многу почуствителна, поемотивна.. со секој напишан пост се одлечуваш од мене... стануваш личност која не ми одговара... Ладна си, се ти се сведува на дефиниции од учебници и математички пресметки.
Не ми е важно како каква ти ме мислиш, апсолутно ирелевантно во дискусијава, а и во животот.
Судиш многу пред да знаеш зошто е некој ваков, или онаков, но тоа си е твое право, зар не?
И да, за мојата матка јас одлучувам, во било кое време. Законот ми дава 3 месеци да размислам дал да го родам или не. А тебе тоа ти се допаѓало или не, апсолутно е неважно.
Не темава сум само заради неширење на лажни информации од ваша страна.

Посебно ти Лет3, убедуваш дека плодот од силување треба да се роди... ама зиготите смеат да се убиваат (епрувета, спирала). Прво самиот среди си ги мислите, потоа кажувај кој каков е.
Не знам зошто воопшто дискутирам со тебе на темава. Можеби зошто си повозрасен, па од почит.
Но тоа што го зборуваш, не е објективно и не е важно.

Како што кажав, тоа што мене ми е морално и етички, тебе не ти е.
Тоа што ти е на тебе, на некој друг не му е.
Не можеме да се повикуваме на морални и етички правила, кога секој има различни.
--- надополнето: 24 март 2012 во 11:37 ---
Гледам темава е се по популарна, повекето се расфрлаат со својот рационализам.
Каде е тука одговорноста луге?
Сосема се слозувам со Let 3, дека има милион начини за заштита од несакана бременост, а една сексуално активна особа како прво треба да биде одговорна спрема себе и да се информира и заштити на време. Во случај на несакана бременост најлесно е да отидеш на гинеколог и да абортираш ко ништо да не било, али пак ке прашам каде е тука одговорноста? Секоја неодговорна девојка кога ке се најде во таква ситуција треба да си се соочи со последиците, да признае дека згрешила и да биде одговорна спрема бебето кое се зачнало.

Ми се гади од жените кои абортираат, ми се гади од мажите кои ги тераат жените да абортираат, ми се гади од родителите кои ги присилуваат ќерките да абортираат.

Строго сум против абортус и точка, крај!!
А замисли, некој срцка, те силува? Со љубов и нетрпение ќе го чекаш раѓањето на тоа суштество?
Да, бе, да.
Тебе не те чувме, ајде и тебе. До сега никој не го одговори прашањето за милион можеби ти ќе одговориш:

1. Ако не треба да се абортира плодот на двајца, кои имале доброволен сексуален однос и не се во крвна врска, што правиме со:
- плод на инцест
- фаличен плод
- плод на силување
- плод во матката на 12 годишно девојче, кое ја силувало татко и?

? ? ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom