1. Плод на инцест велиш, кај им бил паметот и на двајцата? Значи пак доаѓаме на она што го кажав- неодговорност.
Тука ке го поврзам ова и со плодот кој има аномалија, затоа што општо е познато какви деца се раѓаат кога се работи за инцест.
Ти можеш да родиш здраво дете и подоцна да се разболи, за некои од можните дефекти може да се интервенира со операции и лекови за време на бременоста, на крај краева повеке ке го сакаш своето дете ако здраво, апомалку ако е болно?
Имам таков случај во моето семејство, нема да навлегувам што и како, на мајката на детето и беше кажано дека нема да биде здраво дете, таа сепак го роди и секојдневно прави се што може за да му го олесни животот на своето дете и и се восхитувам, му даде право на живот, му даде шанса да го види светот... Па се е минливо бе срцка, јас сум минлива, ти си минлива, животот е минлив, ама дајте му шанса на тоа малецко да си го помине својот ред.
Плод на силување. Хм, ја не гледам зашто не би родила, не се сите деца зачнати со љубов. Тоа ти е исто као да се сексала доброволно со некој што прв пат го гледа, останала трудна, тој ја оставил на цедило, таа го мрази цел живот... исто ти е
А ова за керката и таткото... па има институции кои се борат против семејно насилство, тоа дете има и мајка да предпоставиме можело да каже, да бара помош, бидејки мала е веројатноста од прво силување да ја забремени. Одговорност злато мое, одговорност им фали на сите овие ликови од твоите примери и на насилниците и на жртвите. Оодговорност спрема себе прво, спрема своето тело, спрема партнерот со кој ја прават онаа работа. Во денешно време срамота е да неможеш да се заштитиш од несакана бременост, силување и семејно насилство, срамота!!
Ај да ги убиеме неодговорните, така и абортусите ке бидат спречени
и на вас ке ви биде светот по кеиф и на мене!
Добро, значи да резимираме, без да навлегуваме во ,,кај се институциите,, ,,одговорност на ебачите,, и слично. Да зборуваме од аспект на ембрионот, а не од аспект на оној кој го создал.
Прво расчисти си една работа, само на форумов тролаш како тоа ќе родиш дете плод на силување. Во реалноста тоа нема да го направиш, а дали веруваш или не, не можам да докажам, но од студиите на случаи (кои се дел од моето образование) сум се сретнала со повеќе од еден случај на силување, и реакциите после истото. Жената се одлучува да роди, само ако е присилена во тој случај (од семејството, на пример) но никогаш по сопствена волја.
Второ, расчисти си тоа ,,фетус со проблем,,. Има разлика меѓу фетус со 4 прсти што ќе се роди, и фетус кој кога ќе се роди, никогаш нема да стане од кревет, да прозбори збор, или сам да се нахрани. Ќе биде билка. Малце прочитај на таа тема, пред да делиш памет. Едукацијата е убава работа.
Замисли еден фикус, и замисли еден човек (не личност, личност и човек не е исто) кој има еднакви способности како тој фикус. И речи ми дека ќе родиш фикус.
И трето. Ич не е важно како стигнало до 12 годишно девојче бремено од татко и. Зборуваме од аспект на ембрионот. Треба да се роди тој плод, или не?
Сосема е неважна тука ,,одговорноста,, на оние кои го направиле. Ниту еден од овие ембриони не е виновен за начинот на кој е направен. Факт е дека е направен и е тука.
Дали треба да се роди плодот на инцест или треба да се абортира? Дали треба да се роди плод кој има способности колку фикус или треба да се абортира? Дали треба да се роди плод на силување (а притоа не знаеме што ,,материјал,, пренел оплодувачот, и со какви психофизички маани може да се роди плодот? Дали жените со СПБ треба да раѓаат? Дали жените болни од СИДА треба да родат плод кој најверојатно ќе биде болен од СИДА?
И што добиваме? Дека ако е направен од ,,ќеиф,, треба да се роди, ама ако не е од ,,ќеиф,, не треба?
Епа што погрешиле овие, од ,,неќеиф,, направените?
И немој за џабе да се инаетиш, реалноста не ти оди во прилог.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:00 ---
Јас семејството не го базирам на дигитрон, дефиниција од медицински учебник и член од закон. Син ми не го нареков Касио во чест на дигитронот кој ми израчуна дека се исплаќа да го имам.
Има тука нешто подлабоко и повозвишено и пошироко и потопло, нешто што се уште не си го открила и почуствувала.
И ти и твојот син сте неважни за темата.
Жал ми е.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:02 ---
Друго нешто, на кое не добив одговор. Велите, важно е само да се роди.
Е добро, го раѓа и го остава во дом. Не го сака тој плод.
Што правиме ние сега со тоа дете во дом, кое нема ШАНСИ, значи НЕМА ШАНСИ да се развие (психички) правилно освен ако не е посвоено? А шансите (барем во РМ) се минимални некој го посвои најдоцна до 18 месеци по раѓањето. Или тука завршува вашата грижа? Се родило. И што правите сега?
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:04 ---
Да де, несакаат деца, контрацепција потфрлила и ајде нека го убијат, нека го шутнат, гајле им е, нивната желба е побитна од животот на нивното бебе. А и шо ке им е, шо ке му прават, да им го троши парите само, да им ја јаде храната, па и како капак на сето тоа и да им се спротиставува во понатамошниот живот. Бебе??? Што е тоа, не разбира, нечувствува, нема право на избор, зошто да им биде гајле!
Не е бебе. Ембрион е.
Знаењето е сила, знаењето е моќ.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:07 ---
Се прават по желба на двајца потенцијални родители, кои свесно и одговорно се нафакаат на таква работа.Сосема е различно
Не е различно, ако си зигот.
Што потрешиле 5 зиготи, за само еден од нив да заврши во матката?
Се убиле 5 потенцијални животи, за само еден да преживее!
Лицемерна си, родителите сакале дете, демек. Па што ако сакале, зошто убиле други 5 зиготи, за само 1 да родат?!