Не ми е важно како каква ти ме мислиш, апсолутно ирелевантно во дискусијава, а и во животот.
Судиш многу пред да знаеш зошто е некој ваков, или онаков, но тоа си е твое право, зар не?
И да, за мојата матка јас одлучувам, во било кое време. Законот ми дава 3 месеци да размислам дал да го родам или не. А тебе тоа ти се допаѓало или не, апсолутно е неважно.
Не темава сум само заради неширење на лажни информации од ваша страна.
Посебно ти Лет3, убедуваш дека плодот од силување треба да се роди... ама зиготите смеат да се убиваат (епрувета, спирала). Прво самиот среди си ги мислите, потоа кажувај кој каков е.
Не знам зошто воопшто дискутирам со тебе на темава. Можеби зошто си повозрасен, па од почит.
Но тоа што го зборуваш, не е објективно и не е важно.
Како што кажав, тоа што мене ми е морално и етички, тебе не ти е.
Тоа што ти е на тебе, на некој друг не му е.
Не можеме да се повикуваме на морални и етички правила, кога секој има различни.
--- надополнето: 24 март 2012 во 11:37 ---
А замисли, некој срцка, те силува? Со љубов и нетрпение ќе го чекаш раѓањето на тоа суштество?
Да, бе, да.
Тебе не те чувме, ајде и тебе. До сега никој не го одговори прашањето за милион можеби ти ќе одговориш:
1. Ако не треба да се абортира плодот на двајца, кои имале доброволен сексуален однос и не се во крвна врска, што правиме со:
- плод на инцест
- фаличен плод
- плод на силување
- плод во матката на 12 годишно девојче, кое ја силувало татко и?
? ? ?
1. Плод на инцест велиш, кај им бил паметот и на двајцата? Значи пак доаѓаме на она што го кажав- неодговорност.
Тука ке го поврзам ова и со плодот кој има аномалија, затоа што општо е познато какви деца се раѓаат кога се работи за инцест.
Ти можеш да родиш здраво дете и подоцна да се разболи, за некои од можните дефекти може да се интервенира со операции и лекови за време на бременоста, на крај краева повеке ке го сакаш своето дете ако здраво, апомалку ако е болно?
Имам таков случај во моето семејство, нема да навлегувам што и како, на мајката на детето и беше кажано дека нема да биде здраво дете, таа сепак го роди и секојдневно прави се што може за да му го олесни животот на своето дете и и се восхитувам, му даде право на живот, му даде шанса да го види светот... Па се е минливо бе срцка, јас сум минлива, ти си минлива, животот е минлив, ама дајте му шанса на тоа малецко да си го помине својот ред.
Плод на силување. Хм, ја не гледам зашто не би родила, не се сите деца зачнати со љубов. Тоа ти е исто као да се сексала доброволно со некој што прв пат го гледа, останала трудна, тој ја оставил на цедило, таа го мрази цел живот... исто ти е
А ова за керката и таткото... па има институции кои се борат против семејно насилство, тоа дете има и мајка да предпоставиме можело да каже, да бара помош, бидејки мала е веројатноста од прво силување да ја забремени. Одговорност злато мое, одговорност им фали на сите овие ликови од твоите примери и на насилниците и на жртвите. Оодговорност спрема себе прво, спрема своето тело, спрема партнерот со кој ја прават онаа работа. Во денешно време срамота е да неможеш да се заштитиш од несакана бременост, силување и семејно насилство, срамота!!
Ај да ги убиеме неодговорните, така и абортусите ке бидат спречени
и на вас ке ви биде светот по кеиф и на мене!