Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Пред да се начукувате еден со друг, мислам дека бар треба да начнете муабет со другата особа дали воопшто има во план дете некој од вас. И тука треба да сте на иста бранова должина, не може едниот или другиот да сака, па ајде сега после ќе се расправаме што и како.

Јас како и да ја вртам на темава, сум за избор. Но, лично никому не би му посакала да мора да се решава на тој чекор. Не сметам дека е лесен и едноставен, па колку и некој да не се замара.
Сфаќам дека тоа сексуалната слобода е емпоуверинг за некои, поготово за жените, али од друга страна, мислам дека секоја треба на прво место да го става здравјето и да се грижи за него. Али да не заборавиме дека кај нас имаш 20+ годишни девојки/жени на кои им е покул да ја практицираат таа слобода, дур им е срам да појдат на гинеколог за редовен преглед. Е тоа не е во ред, и ни малце не е емпоуверинг.
 
C

CoolIris

Гостин
Оправдувам и сум ЗА жената да има законски право на безбеден и сигурен абортус. Постојат мал милион причини зошто една жена не сака да има дете. Здравствена состојба, финансии, услови на живеење итн.

Сум ПРОТИВ абортус како мерка за контрацепција.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.703
Поени од реакции
19.754
Мислам дека треба да се запрашаме кои се причините поради кои би стигнале до абортус. Тргам ситуации на силување настрана, зборувам за consentual sex.

Пред се има проблем со начините на кои во модерната култура се сфаќа сексот. Луѓето се охрабруваат да спијат со многу луѓе пошто така се "oPeN MiNdEd". Сексот е материјализирана форма највисокиот степен на интимност. Материјалното не е сфатено доволно сериозно, самиот збор материјално не остава голем впечаток и се сфаќа како нешто банално, а напротив, има многу голем импакт врз нас и нашиот психички, физички и социјален живот.

Значи пред да зборуваме за абортус да зборуваме за сексуална одговорност. Едноставно е - не спиј со некој ако не си спремен да преземеш одговорност од можните последици за тоа. Да, постои контрацепција и тоа е супер, истовремено со тоа многу луѓе се лишат себеси од одговорноста што следува со сексуалниот акт и последиците што следуваат ако се случи некој пропуст. Преземање одговорност се состои од следново: сфаќам дека примарната функција на сексуалниот акт е размножување, сфаќам дека ако направам пропуст во контрацепцијата имам должност и одговорност да го родам (за жени) и изгледам тоа дете (за двајцата).

Тоа носи до следната точка што е општата дисфункционалност на партнерските врски. Пред да се има секс потребно е да се има солиден степен на емоционална интимност и познавање на другата личност, со цел да се процени дали таа личност би била соодветен партнер за нас. Пожелно е воопшто да не се доведеме себеси до ситуација на имање секс со личност која има контрарни потреби за својот живот (пр. тој сака дете, таа сака кариера). Ако имате различни фундаментални потреби, тогаш најдобро е да се раскине и да се најде компатибилен партнер.

Абортусот сам по себе е екстремно трауматичен настан за секоја жена. Фетусот е дел од жената. Живо битие, личност во развој. За жените уште од самото зачнување постои емоционална поврзаност со плодот кој се развива. Абортусот не можам да го оправдам. Се пушта наоколу аргументот дека тоа е тело на жената и дека таа може што сака да прави со него. Тоа е точно, додека ничиј туѓ живот не зависи од тоа што прави жената со своето тело. Нашата слобода е до таму до каде не ја нарушуваме слободата на некој друг - особено не правото на живот. Секоја постапка во нашиот живот води до некоја последица. Со давањето на абортусот како опција (освен за екстремни случаи) се пренесува пораката дека луѓето се лишени од одговорност за својата сексуалност.
Мене муабетот ми е дека секоја страна која сексуално е возрасна сноси одговорност за бременост, како што Маја кажа погоре, сакате интеркорс ама мора да знаете на кој до што му е, а не после ама јас не сакав, не мислев.
На крајот на денот жената е таа која во многу случаеви е оставена во небрано, што од партнерот, што од фамилијата, и без екскјузес што не мислела со време, а каде е мушкава страна да размисли со горната глава во дадената ситуација, ама битно сите сакаат да начукаат некоја.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811

Да да јасно, апсолутно важи и за двете страни. Одлуката ја носат двете страни, значи и одговорноста паѓа на двете страни. Затоа тука има голем удел општата дисфункционалност на врските. Треба да се обезбеди што е можно повеќе едукација и услови за емоционален и финансиски развој на луѓето, за да не се доаѓа до такви ситуации каде жените ќе остануваат сами, без поддршката од мажот и/или остатокот од средината.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
... кога веќе со некој/а се има сексуален однос, мора да постои барем малку љубов или барем симпатија за да биде чинот со некоја иднина... и најчесто тогаш никој не внимава толку на контрацепција, доколку дојде до бременост, значи се создаде нов живот во утробата и доколку е без аномалии, деформитети (или силувана) жената, а и мажот не смеат да го лишат од живот нероденото дете и двајцата доколку не го сакале тој „нов живот“ требале предходно да размислат и испланираат да не дојде до несакана бременост, а денес има различна можност да не дојде до бременост со различен начин на контрацепција (хемиски средства, интрутеринска и хормонска, природни и механички методи),
„абортусот не може де биде мерка за контрацепција“
... контрацепција е заштита да не дојде до оплодување и бременост -абортусот веќе преставува метод на прекинување на веќе присутна бременост, метода кога се убива и насилно се остранува неродениот плод од утробата на жената која веќе е бремена,

giphy.gif raw.png

...доколку мажот и покрај тоа што се “грижел“ да ја заштити жената од бременост со користење на кондом, а жената поради некоја причина не се сложила со тоа, тогаш доколку дојде до бременост, а мажот не сака одговорност, жената не сме да го условува, а најмалку да абортира, одговорно однесување мора да има од двете страни, ама посебно од жената која најчесто ја води ситуацијата,
 
Прегледај го приврзокот 273115 Прегледај го приврзокот 273116

...доколку мажот и покрај тоа што се “грижел“ да ја заштити жената од бременост со користење на кондом, а жената поради некоја причина не се сложила со тоа, тогаш доколку дојде до бременост, а мажот не сака одговорност, жената не сме да го условува, а најмалку да абортира, одговорно однесување мора да има од двете страни, ама посебно од жената која најчесто ја води ситуацијата,
Најмалку да абортира? Wtf, ако тој нејќе и она под дифолт не смее да нејќе на ист начин?
И да прашам ако абортус е убиство, машка мастурбација е гноцид?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
Најмалку да абортира? Wtf, ако тој нејќе и она под дифолт не смее да нејќе на ист начин?
... жената ?? требаше „да нејќе“ во сексуалниот чин и да превземе мерки, а не опуштена... ајде све слободно ... а потоа мажот крив и се бара одговорност што тој можеби не сака да ја даде! ...тоа е мое мислење! не знам колку бракови се направени „под принуда“ поради бременост, прашање дали ненамерна од женска страна!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.703
Поени од реакции
19.754
... жената ?? требаше „да нејќе“ во сексуалниот чин и да превземе мерки, а не опуштена... ајде све слободно ... а потоа мажот крив и се бара одговорност што тој можеби не сака да ја даде! ...тоа е мое мислење! не знам колку бракови се направени „под принуда“ поради бременост, прашање дали ненамерна од женска страна!
Затоа треба да се има опција на абортус, за да нема намерни бракови поради “несакана” бременост.
 
C

CoolIris

Гостин
Абортусот е лично право на жената. И ниту една жена нема да донесе таква одлука лесно, со ќеф и со радост. Мажот има право на мислење, ама конечната одлука е на жената. Таа го носи, таа го раѓа. Нејзино тело, нејзина одлука. Откако ќе се роди, тогаш двајцата носат одлуки за детето.

И многу е глупаво што ставате знак еднакво кај абортус и убиство. Дали ако убијам некој, значи дека сум го абортирала?! Првото е многу полошо од второто.

Уште поглупаво е на сентиментална база да се даваат секакви коментари. Ако веќе толку сте загрижени за животот на фетусот, треба да посвоите некое напуштено детенце, или барем да се потрудите да помогнете колку можете на деца кои растат во токсична средина, затоа што тоа се веќе оформени луѓе со разум и чувства, за разлика од фетусите. За нив треба да ви биде жал. Тие се за греота.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Сите се за гревота. Го цениме човековиот живот врз базата на тоа колку мајката го вреднува животот на бебето! Тоа значи дека не секој човечки живот вреди исто.

Не се работи за сентименталност, се работи за факт. Кога запопнува животот? Со зачнувањето. Каде е тука правото на живот кое е прво, основно и елементарно човеково право. Од една страна се оди со аргументот "мое тело, мој избор", но тој аргумент не важи кога станува збор за вакцинирањето. Што ќе каже СЗО за тоа? Ако бараме сентименталност, треба малку сентименталност и за бебето. Некаде може да се абортира до скоро последниот ден! Што да се каже за тоа?

Едно време бев и за смртната казна и хемиската кастрација, сега сум изразито против двете. Двете концепции не лежат на здрави основи односно некогаш и се брза со одлуките, каде штета трпи тој поединец. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
Затоа треба да се има опција на абортус, за да нема намерни бракови поради “несакана” бременост.
... :neetaka: ,
не смее да се одземе здрав и прав живот во утроба за еден или два оргазма после неколку пива, жената мора да го роди, а негова звезда ќе биде можеби во подобра средина како посвоено дете, радост за повеќе луѓе, ако неговата биолошка мајка не го сака,
... и како секогаш природата ќе се погрижи за таква мајка да не биде веќе мајка, нели? штом толку лесно го убива своето чедо со разни оправдувања, немала финансии, немала подршка, немала ова она... вистинска мајка све ќе направи за своето чедо, пак ќе кажам тоа е мое мислење,
растење на плод во утробата е света работа, нов живот се раѓа, доколку нема аномалии пак ќе кажам, силување, деформитети, наследна болест тогаш е само оправдано абортусот,
треба да посвоите некое напуштено детенце, или барем да се потрудите да помогнете колку можете на деца кои растат во токсична средина, затоа што тоа се веќе оформени луѓе со разум и чувства, за разлика од фетусите. За нив треба да ви биде жал. Тие се за греота.
... токму тоа го кажувам, доколку нема абортус, ќе се роди право и здраво и такво дете нека биолошката мајка која не може поради кариера, поради финансии, поради Х причини, го даде во таа „токсична средина“ и веднаш ќе биде „спасено“ од некој брачен пар,
...конкретно да кажеме за МКД, кои деца чекаат посвојување? како пишуваш со разум и чувства? е не би рекла дека е така... ама тоа е веќе друга тема!
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Го цениме човековиот живот врз базата на тоа колку мајката го вреднува животот на бебето!
Аха, значи мајка го раѓа своето дете и го напушта. Дали тоа е вреднување на животот на бебето од страна на мајката?! И пази, има разлика измеѓу бебе и фетус. Помалку боли абортусот на фетусот, отколку напуштање на бебето!

Кога запопнува животот?
Моментот кога суштеството во утробата на мајката е способно за самостоен живот надвор од телото на мајката.

Од една страна се оди со аргументот "мое тело, мој избор", но тој аргумент не важи кога станува збор за вакцинирањето.
Апсурдна споредба. Зошто тогаш одиш на лекар? Твое тело, твој избор. Зошто докторот тебе да ти кажува што треба да пиеш за да не те боли твоето тело?! :D
Автоматски споено мислење:

... токму тоа го кажувам, доколку нема абортус, ќе се роди право и здраво и такво дете нека биолошката мајка која не може поради кариера, поради финансии, поради Х причини, го даде во таа „токсична средина“ и веднаш ќе биде „спасено“ од некој брачен пар,
Не. Затоа не треба АБОРТУС. Затоа треба сексуална едукација.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Можеме за морал до утре да кажуваме, ама нејзина утроба нејзино право. Сигурно не и било лесно на ни една жена што го направила до сега тоа, а ни од сега. Верувам дека умира некој дел од секоја што го направила тоа. Ама треба да се гледа како на сопствена сестра или ќерка, и нема саглам човек кој што не би ја подржал било која од овие две опции.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Аха, значи мајка го раѓа своето дете и го напушта. Дали тоа е вреднување на животот на бебето од страна на мајката?! И пази, има разлика измеѓу бебе и фетус. Помалку боли абортусот на фетусот, отколку напуштање на бебето!

Моментот кога суштеството во утробата на мајката е способно за самостоен живот надвор од телото на мајката.

Апсурдна споредба. Зошто тогаш одиш на лекар? Твое тело, твој избор. Зошто докторот тебе да ти кажува што треба да пиеш за да не те боли твоето тело?! :D
Автоматски споено мислење:
Нема ништо апсурдно. Види, според СЗО, јас и да сум на смртна постела имам право да одбијам лекување. Плус и да ми каже, останува на мене дали ќе го земам лекот или не. Да, сум го читал Уставот и на тој член на кој можеби алудираш.

Кога некоја е трудна, како и викаат? "Како е бебето?" Јас не правам компарација меѓу раѓање и напуштање, туку го земам основниот факт дека станува збор за човечки живот.

Дали бебето од еден месец е способно за самостоен живот? Не баш, нели? :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.848
... таа што го убива срцето што чука во својата утроба, само затоа што е „нејзино тело нејзин избор“, многу лесно ќе го напушти и кога е бебе, нема половични мајки или е мајка или не е!
... уосталом што ја прима спермата особата „нејзино тело нејзин избор“? нека направи тогаш избор, тогаш уште помалку боли да нема сперма во неа и од фетусот,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom