Одлуката во различни ситуации ке ја донесеш или сама или со партнерот, но не тоа поентата дали некогаш ке ја понесат одговорноста исто како и женските деца, дали еден маж ке чуствува и ке сочуствува со девојката кога ке ја натера да абортира само да се ослободи од несаканиот и непланиран товар.?
Тоа е проблемот. Жените, барем некои, се уште не сфаќаат дека мажот не може да ја натера да направи абортус. Секогаш има избор. Може (барем денес) да застане во своја одбрана.
Исто како што сум видел примери (надалеку, но и еден домашен), каде таткото (мој постар пријател) после раѓањето на првото дете со партнерката, таа буквално го тера и форсира тој да изврши васектомија. Претпоставувам некој вид сигурносна мерка поради недостаток на доверба меѓу нив. Како и да е - поентата ми е, тука доаѓа она златно правило - "Мое тело - мој избор".
Жената би можела да сочувствува со мажот, во однос на таков зафат? Ако знае за што се работи и што се вклучува таа процедура детално, јас би рекол не - инаку на би побарала такво нешто од него. Истото и за жените - кога мажот би знаел што се, до најситни детали, се случува со жената за време на абортус, и каков емоционален ефект ќе има врз неа - не би ја терал да го прави тоа.
Мислам дека взаемната емпатија, како и довербата, се потребни за да има барем оптимално разбирање меѓу двата партнера. Солидна комуникација значи и подобри шанси за договор/компромиси. Тоа значи и добро планирање на иднината, и помалку зафрканции и грешки, па и тие наивните, кои се прават често на рана возраст.
Се додека се размислува на овој начин и жената е предмет на осуда секој пат ке добиеме лошо воспитани момци со искривена перцепција кон жената, со став дека само мајката нивна е светица се другото се курви. Па од таквата искривена перцепција можат да се изродат разно разни пореметувања на психата и сексуалната ориентација.
Океј, тука малку ја затера во некоја абстрактна екстрема. Каква врска има гледиштето на жената како предмет, со нивната сексуална ориентација???
Верувај, жените ама баш во никаков процент не влијаеле на тоа каква сексуална ориентација јас имам денес. Нити гледање на мајка ми како светиња (дефинитивно не), нити објектизирање на женскиот пол, или негово сведување на курви.
Скраја да е, последниот сум кој би ги свел жените на тоа ниво, но не знам теорииве од каде ги влечеш?
Од моето семејно окружување ке споделам едно искуство со вас, девојката има 16 год тој 21, двајцата се во врска 2 години она останува трудна, дома ништо не кажуваат на родителите, веста ја соопштуваат кога таа е во 5 месец на бременоста (веке неможе да се крие) и нормално сите сакаат абортус ама неможе ризично е и ајде свадба. Бракот им траеше 5 години, разводот 2 години, општ хаос, детето расте во хаос, изгубена младост, изгубено детство и тн. Дали по секоја цена мора да се роди, не, може и да се абортира, а Господ е тој што ќе суди за гревот а не некој јанко или станко.
Па што чекале до 5ти месец?
Мислам, ало, дечкото бил само две години помлад од мене, па имал ли тој мозок (ајде да речеме дека девојчево било па многу мало, демек, па он со повеќе памет да бил) ???
Сиромашно сексуално образование, лоша комуникација со родителите, плеткање во друштво кое одржува нездрави (барем според мене) вредности (џаболебојадарање, уличарење, пијанчење секоја втора вечер, секс на голо, "едукација е за лузери" итн.) е тоа што допринесува за вакви случаи. Да не биле присутни овие фактори, чисто се сомневам дека слична ситуација би никнала, не па идентична.