L
Ligeia
Гостин
Не знам што е толку сложено во темава...на ниво на општество кај нас е дозволен абортусот,така да кој сака има избор да абортира.На ниво на семејство-некој се за,некој се против абортирање и тоа е тоа.Некој си е либерален а некој конзервативен.Тоа е право на избор.Иако според мене да му наметнеш мислење на човек кој е конзервативен е исто како на баба ми да и кажам дека посакувам дете оплодено in vitro нормално првен ќе изреагира со:дете ај не си играј,глупости,што е тоа а потоа ќе ме ''отпише од живите''.Па не знам колку книги да и приложам колку е тоа позитивно и колку е добро за мојот организам.Конзервативните луѓе си одбираат да ги следат традиционалните вредности и тешко им се укажува на нови работи.Разбирливо.НО!Ако живееш во демократско општество,ако се продаваат кондоми и све и свашта имаш sex shop при рака-исто значи ок е,абортус е понуден како избор исто како што се понудени видови на кондоми.За секој производ следи упатство е сега дали јас ќе му го објаснам тоа на моето дете,дали само ќе си прочита и ќе се заинтересира да праша како што сум правела јас кога ми дошло време се зависи од разумот пак на моето дете а највеќе од моето воспитување.Јебига ако е без мозок,мој fail во воспитувањето.Либерално и амерички ќе се бунам дека не е мој проблем,не се замарам ова-она,тоа си е нејзин проблем арно ама и јас конзервативно првен ќе си се нарадувам на внучето,ќе почекам да ми се породи глупата ми ќерка а потоа ќе ја скршам од ќотек.Мое право,малолетна е па некој нека ме пцуе каква гнаса сум од човек.Има 14 години нели,а секое дете заслужува 2 васпитни ако ја оплеска.Не велам дека нема да ги сакам и неа и нејзиното потомство туку не планирам да изигрувам мајка на идиот па сакам да биде ставено акцент на тоа дека е идиот.Исто така од премногу либералност боли глава.Не може ти да му објаснуваш на детето и да разговараш со него за секс непотребно,тоа е creepy и мое мислење треба детето да се почека само да пристапи со тие прашања.Бон-тон мајката.Барем во мојот дом тоа било табу и затворена тема но воспитана сум првен да речам оп! па да рипнам.Исто така можам да гарантирам за луѓе од мојата генерација кои еве од средно па наваму сите потекнуваме од најразлични семејства,сите си имаат планирани смејства.Тоа само укажува на фактот колку телевизијата ја расипува младината а интернетот ја докрајчува.Во наше време обрнувавме внимание на романтизмот и сонувавме да бидеме лик од романите на Толстој а сега они гледаат Големиот Брат.Секој со својата мака кога прогресот мава шамари и клоци кај ќе стигне.Јас сум за абортус од причина што постојат кутри жени и деца кои се жртви на насилство.Инаку најдобра превенција-памет у глава.Ако треба и со инка дотуран и со ќотек осигуран.