[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]СТАТИСТИКА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Секоја трета бременост, абортус[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Абортусот е најпопуларна метода за прекин на несакана бременост меѓу Македонките. Наместо да побараат контрацептивни средства или на друг начин да се заштитат од непланирана бременост, девојките и жените во земјава забременуваат, па потоа бараат начин да ја сменат таквата состојба.
Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита покажуваат дека во 2005 година се регистрирани вкупно 6.436 абортуси, што претставува 28,3 абортуси на 100 породувања. Бројката за прекини на бременост минатата година е речиси приближна, но точните статистики се уште не се готови.
Од РЗЗЗ велат дека во 2005 година во советувалиштата за планирање на семејство се издадени вкупно 12.286 контрацептивни средства, од кои 56 отсто се за орална контрацепција, а 28 проценти се други локални средства.
Она што загрижува е дека само 9,9 отсто од вкупно регистрираните први посети на гинеколог се од девојчиња на возраст до 19 години. Тоа значи дека жените над оваа возраст на гинеколог одат дури кога ќе имаат некаков проблем или дури откако ќе забременат.
Некористењето на услугите за планирање на семејството во рамките на диспанзерите за жени на адолесцентната популација укажува на фактот дека за оваа популација ваквите сервиси се недоволно атрактивни или несоодветни за користење.
Во 2005 година, објаснуваат од РЗЗЗ, стапката на смртност на мајки - родилки изнесува 13,3 на 100.000 живородени.[/FONT]