Добро, значи да резимираме, без да навлегуваме во ,,кај се институциите,, ,,одговорност на ебачите,, и слично. Да зборуваме од аспект на ембрионот, а не од аспект на оној кој го создал.
Прво расчисти си една работа, само на форумов тролаш како тоа ќе родиш дете плод на силување. Во реалноста тоа нема да го направиш, а дали веруваш или не, не можам да докажам, но од студиите на случаи (кои се дел од моето образование) сум се сретнала со повеќе од еден случај на силување, и реакциите после истото. Жената се одлучува да роди, само ако е присилена во тој случај (од семејството, на пример) но никогаш по сопствена волја.
Второ, расчисти си тоа ,,фетус со проблем,,. Има разлика меѓу фетус со 4 прсти што ќе се роди, и фетус кој кога ќе се роди, никогаш нема да стане од кревет, да прозбори збор, или сам да се нахрани. Ќе биде билка. Малце прочитај на таа тема, пред да делиш памет. Едукацијата е убава работа.
Замисли еден фикус, и замисли еден човек (не личност, личност и човек не е исто) кој има еднакви способности како тој фикус. И речи ми дека ќе родиш фикус.
И трето. Ич не е важно како стигнало до 12 годишно девојче бремено од татко и. Зборуваме од аспект на ембрионот. Треба да се роди тој плод, или не?
Сосема е неважна тука ,,одговорноста,, на оние кои го направиле. Ниту еден од овие ембриони не е виновен за начинот на кој е направен. Факт е дека е направен и е тука.
Дали треба да се роди плодот на инцест или треба да се абортира? Дали треба да се роди плод кој има способности колку фикус или треба да се абортира? Дали треба да се роди плод на силување (а притоа не знаеме што ,,материјал,, пренел оплодувачот, и со какви психофизички маани може да се роди плодот? Дали жените со СПБ треба да раѓаат? Дали жените болни од СИДА треба да родат плод кој најверојатно ќе биде болен од СИДА?
И што добиваме? Дека ако е направен од ,,ќеиф,, треба да се роди, ама ако не е од ,,ќеиф,, не треба?
Епа што погрешиле овие, од ,,неќеиф,, направените?
И немој за џабе да се инаетиш, реалноста не ти оди во прилог.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:00 ---
И ти и твојот син сте неважни за темата.
Жал ми е.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:02 ---
Друго нешто, на кое не добив одговор. Велите, важно е само да се роди.
Е добро, го раѓа и го остава во дом. Не го сака тој плод.
Што правиме ние сега со тоа дете во дом, кое нема ШАНСИ, значи НЕМА ШАНСИ да се развие (психички) правилно освен ако не е посвоено? А шансите (барем во РМ) се минимални некој го посвои најдоцна до 18 месеци по раѓањето. Или тука завршува вашата грижа? Се родило. И што правите сега?
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:04 ---
Не е бебе. Ембрион е.
Знаењето е сила, знаењето е моќ.
--- надополнето: 24 март 2012 во 14:07 ---
Не е различно, ако си зигот.
Што потрешиле 5 зиготи, за само еден од нив да заврши во матката?
Се убиле 5 потенцијални животи, за само еден да преживее!
Лицемерна си, родителите сакале дете, демек. Па што ако сакале, зошто убиле други 5 зиготи, за само 1 да родат?!