MarthaGraham
Олд Скул
- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 673
- Поени од реакции
- 8
sagaqua напиша:Не секако дека не.... да си дозволи таква глупост како несакана бременост и тоа во 21-век!!!!!
Оф лелеееееее...да ја прави неписмена и тотално изгубена во време и во простор. Постои нешто кое се вика контрацепција, нека се едуцира малку, а ти можеш да и помогнеш во тоа нели .
П.С. не толку одамна жените раѓаа и повеќе деца па ништо не им фалеше:wink:
Епа замисли таква глупост во 21 век е и повеќе од можна!!! Распрашај се само по клиниките за гинекологија или посурфај по интернет па ќе видиш дека несаканата бременост не е само феномен на 20 век и порано од тоа. И покрај сите методи на контрацепција - се случува!
Тачно дека не им фалело ништо, ама пак, имањето/немањето деца е личен избор. Има луѓе што уопште не сакаат деца. Има такви што сакаат многу ама не можат финансиски да си дозволат да ги имаат по 7-8.
Ја сум за тоа - подобро едно, две деца на кои ќе можеш да им се посветиш со цело срце, душа и да им пружиш буквално се, отколку 8 деца од кои 5 се производ на несакана бременост. Не дека нема да ги сакаш, ама од Х причини нема да можеш да им ја пружиш истата љубов и внимание.
Еве чисто како пример, ја не планирам да родам второ дете најмалку 3 години после првото. Зашто? за да можам сосема да му се посветам на првото дете во периодот кога е најврзано за мајката и кога имањето на второ бебе, кое бара мноооогу внимание и грижа би значело макар и минимално запоставување на првото дете. Мали деца од 2-3 годинки често тоа го доживуваат како траума, љубоморни се и слично. Има уште многу причини ама ај да не забегувам сеа....