Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
pearl напиша:
Си реков, ај доста ми е на темава, ама некако не можев да издржам.

Имам право на избор, право да одлучам!
Смачено ми е да слушам за изборот на жената која треба да го има. Најверојатно голем удел во тоа има Гарфилд кој не отече со ретардираната фраза.
Жените имале избор од почеток. Ако не сакала да забремени, требало да не се секса. Ако веќе се секса, тогаш треба да користи проверени и сигурни методи за контрацепција. И во двава случаи, вината е комплетно на страната на жената. Има една работа која се вика апстиненција и можеби е убаво жените да ја слушнат, научат и практикуваат, ако сакаат да избегнат да забременат во погрешно време. Жената е одговорна за тоа што забременила и треба да биде одговорна понатаму да ги прифати обврските кои евентуалната бременост ги носи. Ако детето не го сака после раѓањето, може да го даде на посвојување.

Разбирам дека има жени кои се жртви на силувања, сексуални малтретирања и не сакаат да се сеќаваат на она што се случило. Детето се разбира е огромно потсетување на она што се случило. Но размислете малку. Бебето не е виновно за тоа. Бебето не треба да биде убиено поради постапките на таткото. Повторно, ако после раѓањето не го сакате, можете да го дадете на посвојување.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Никола напиша:

Bravoooooo! Pa tebe ti e zivotot rozev,so ubavo!

Znaci ti ne se seksas? Ili jas ne sum te razbrala dobro? Za da ne ja zabremenis taa so koja seksas,mislam!?
Ti,izvini vaka,dodeka zenata zabremenuva,sto pravis? Posto neli ona sama bez tvoja pomos zabremenuva i tebe sto ti e gajle,ona si e sama odgovorna,cccc...bravoooo...:lud:
Deteto sekogas moze da go dade na posvojuvanje,a osobeno ako e od tebe. More,ne. Treba da go abortira,vo pravo si!!!
Eden kako ti, pomalku. Ako ne znae taa sto e so tebe,treba nekoj da i kaze,sirotica!
Kaj zivees be ti decki? Od koja planeta si?
Za takvi kako tebe vprocem ovde i se pravi muabet!:pishtoldz

So poslednovo se slozuvam,koga se vo prasanje site mazi,no nikako za onie tipovi od tvojot kalibar! Amin!:pop:
 
gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
Никола, ебење е многу повеќе од добро чувство. Кога не би било така не би се репродуцирале животињите на планетава и сеа ја и ти немаше да си се допишуваме.
Не дека ми е гајле дали ќе сватиш шо глупости си пишал, него се пиздам у каква средина живеам. Па иди бе брат дрогирај се и така ќе ти биде убаво, барем нема штета да праиш никому. Ме интересира дали ќе си толку кул кога некој ќе ја напумпа ќерка ти.
 
BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Jas licno ne go opravduvam abortusot-za toa trebalo da se misli na vreme!!!
Ako ne sakas deca fino-lepo ke si stavis kondom i gotovo,a koga vekje bidnalo nestoto bidnalo.Ne treba sega da patime i da se kaeme za toa nego da gledame na toa kako nasa idnina-taka polesno ke si pomineme vo zivotot(vazi za sve ne samo za abortusot)
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
bibika напиша:
Bravoooooo! Pa tebe ti e zivotot rozev,so ubavo!

Znaci ti ne se seksas? Ili jas ne sum te razbrala dobro? Za da ne ja zabremenis taa so koja seksas,mislam!?
Ti,izvini vaka,dodeka zenata zabremenuva,sto pravis? Posto neli ona sama bez tvoja pomos zabremenuva i tebe sto ti e gajle,ona si e sama odgovorna,cccc...bravoooo...:lud:
Deteto sekogas moze da go dade na posvojuvanje,a osobeno ako e od tebe. More,ne. Treba da go abortira,vo pravo si!!!
Eden kako ti, pomalku. Ako ne znae taa sto e so tebe,treba nekoj da i kaze,sirotica!
Kaj zivees be ti decki? Od koja planeta si?
Za takvi kako tebe vprocem ovde i se pravi muabet!:pishtoldz

So poslednovo se slozuvam,koga se vo prasanje site mazi,no nikako za onie tipovi od tvojot kalibar! Amin!:pop:

Основниот проблем и конфликт кој настанува е дали го сметате плодот како жив или не.
Има луѓе кои го сметаат еднаков на било кој друг човек (јас), а ги има и оние кои го сметаат како издркотина (ти).

Мене не ми е јасно како жената која била учесник, т.е. со нејзина согласност е направено такво "легално" убиство, може да живее самата со себе понатаму, знаејќи дека го убила сопственото дете.
Ќе одам и понатаму. Сметам дека абортусот треба да се третира на исти начин како и секое убиство. Значи, тотално исфрлање како можност од официјалните клинички центри (освен во случаи кога плодот е малформиран и опасност за животот на мајката), а секоја жена фатена како нелегално прави абортус, да се осуди на 10-20 години затвор, исто и докторот како соучесник во убиството.

gOJDO напиша:
Никола, ебење е многу повеќе од добро чувство. Кога не би било така не би се репродуцирале животињите на планетава и сеа ја и ти немаше да си се допишуваме.
Баш заради тоа што не е само уживање го напишав и погорното. Треба да постои и чувство на одговорност.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Ne se razbirame Nikola.Nisto strasno.:) Vo sekoj slucaj,ubavo bi bilo da si brz na vijuga kako sto si na tastatura. A i da procitase sto imas napisano ti,pa da videse na sto (boldirano e) ti replicirav jas,mozebi i ke se razberevme,ama ne e vazno. Odime ponatamu,sekoj so svojot pamet i sistem na vrednosti.:):):)
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
bibika напиша:
Ne se razbirame Nikola.Nisto strasno.:) Vo sekoj slucaj,ubavo bi bilo da si brz na vijuga kako sto si na tastatura. A i da procitase sto imas napisano ti,pa da videse na sto (boldirano e) ti replicirav jas,mozebi i ke se razberevme,ama ne e vazno. Odime ponatamu,sekoj so svojot pamet i sistem na vrednosti.:):):)
Ти немаше напишано ништо освен лични навреди кон мене.
Сепак, јас имав доблест да го занемарам тоа и да одговорам на тој излив на фрустрации, емоции, навреди и твоето намерно или немарно неразбирање на суштината на она кое го напишав. Но, манифестирањето на недостаток на култура и почит кон соговорникот од твоја страна продолжува и со тоа да, најверојатно нема зошто да продолжуваме;)
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Никола напиша:
претпоставував дека си по животните.. се издаваш од пост во пост..
али јариња? ееее, педофил бе..:)
Prepravka, zoofil :wink:

Abortus priznavam ako i dvete strani se soglasat. No samo ako fetusot e uste vo prviot/vteriot mesec.
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Има нешто во што се согласуваат и теологијата и модерната наука а тоа е дека животот започнува во моментот на оплодувањето.

Абортусот е најтежок вид на убиство бидејќи со него се лишува од живот едно човечко суштество пред и да има шанси да живее

Право на личен избор = звучи како да сте пошле во шопинг, па сега ако сакам ќе си купам ако не неморам.

Животот е светост, благословеност, божји дар и нешто кое треба да се почитува без разлика на причините за негово постоење.Тогаш кога со несебична љубов ќе се надминеш себе си и своите причини нема да има самољубие и саможивност во одлучувањето за нечиј живот (во борба за својот уништуваш туѓ живот).

Абортус-никако!
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Браво sagaqua!
Многу се согласувам со тебе, според мене сосема си во право, Нема оправдување на денешно време за абортус. При толку средства за контрацепција кои модерната медицина и наука до денес ги развиле, вистинско убиство е да се прибегне кон абортус како кон начин за планирање на семејството.:pop::cuc:
 
Daniela

Мијаааууу....гррр...
Член од
14 јули 2005
Мислења
302
Поени од реакции
3
Zivotot spored mene zapocnuva vo momentot na RAGANJE. Znaci ne za badijala e izmislen zborot "raganje". Nesakam da veruvam deka abortusot e ubistvo i deka treba da bide zabranet. Ama mnogu postiranja gore se za GOLEMO negativno mislenje. Koja losa sredina ne opkruzuva, da se zamislis dali vredi da sakas nekogo i dali voopsto treba da pravis nesto.
 
Член од
7 јануари 2006
Мислења
29
Поени од реакции
0
Абортус не е убиство туку е решение на проблем, не ги драматизирајте без потреба нештата само си комплицирате.

Несакана бременост и несакано дете се проблем кој треба да се реши, подобро да се спречи колку и да е болна и тешка одлуката, отколку цел живот подоцна тоа неасакано дете да пати.

Освен во случај кога партнерите планирале во иднина да стапат во брак, па непланираната бременост само ќе забрза тоа да се случи, тогаш и родителите ќе им помогнат на младите да се снајдат и прилагодат во новата ситуација.

Детето не е кукла и треба да се биде подготвен да бидеш родител за цел живот. Затоа абортус е решение за сите оние кои не сакаат да бидат родители од било која причина. И подобро да не донесуваат на свет деца за кои нема да се грижат.

Многу важна е едукацијата за заштита од несакана бременост, и секој и машко и женско треба да се пази заради себе за да не се доведат во таква ситуација денес кога има избор на контрацепција.
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Daniela напиша:

Го почитувам твојот став, сепак е индивидуална проценка и начин на гледање на нештата од твој личен аспект, ништо аргументирано.

Зборот раѓање не е бадијала измислен, нема дилема. Тој збор значи донесување на свет живот кој веќе е способен да продолжи да живее самостојно во друга, надворешна средина.

Според тебе не е воопшто лишување од живот невино суштество, ако на мајката од некои нејзе разбирливи причини и текнало дека на пример во 4,5,6,7 или 8 месец на бременост да изврши абортус!!! Толку е невин актот на абортус зашто и детето не е живо додека се роди????
Тоа живее, се храни, чувствува емоции пренесени од мајката,се движи во утробата на мајката!!!!

Очигледно си или многу млада, не си мајка или пак не си доволно информирана по прашањето за мајчинство и актот на абортус.
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
gloria напиша:
Абортус не е убиство туку е решение на проблем, не ги драматизирајте без потреба нештата само си комплицирате.

Несакана бременост и несакано дете се проблем кој треба да се реши, подобро да се спречи колку и да е болна и тешка одлуката, отколку цел живот подоцна тоа неасакано дете да пати.

Освен во случај кога партнерите планирале во иднина да стапат во брак, па непланираната бременост само ќе забрза тоа да се случи, тогаш и родителите ќе им помогнат на младите да се снајдат и прилагодат во новата ситуација.

Детето не е кукла и треба да се биде подготвен да бидеш родител за цел живот. Затоа абортус е решение за сите оние кои не сакаат да бидат родители од било која причина. И подобро да не донесуваат на свет деца за кои нема да се грижат.

Многу важна е едукацијата за заштита од несакана бременост, и секој и машко и женско треба да се пази заради себе за да не се доведат во таква ситуација денес кога има избор на контрацепција.
Реално размислување во секој случај и за поздравување.
Само ако добро приметив оваа тема е составен дел на Брак,семејство , деца , што мислам дека е непотребно да се дискутира за несакани бремености и други инивидуални случаи, кога абортусот е решение!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom