Дефинитивно!
Мора да се направи и ревизија на употребата на „црно“ и користењето на црната боја во негативен контекст/конотација. Примери на кои ми текнува во моментов како илустрација се:
-Во филмската уметност, филмот Црно Семе. Овде веројатно авторот под „семе“ мисли на некоја колективна судбина на еден народ или на проколнат корен/ќутук. Тоа дека семето е црно е контекстуализацијата, збор кој на гледачот треба да му го остави таквиот впечаток, а содржината на делото да му го зацврсти. Труло Семе, Проклето Семе или некоја друга креативна солуција, заедно со цензура на деловите во филмот(ако ги има, одамна не сум го гледал) каде некој во негативен контекст го употребува зборот „црно“ мислам дека е доволно.
-Во литературата, ликот Црна Арапина. Иако пишувањата за Крале Марко се повеќе митови и сказни, сепак со нив младото северџанче се среќава уште во најрани години. Овде и го запознава страшниот џелат и трговец со робови, а авторот решил тој џелат да биде Арап и да има темна боја на кожата. Тие карактеристики за дејството во приказната се небитни, ништо суштински не менуваат, освен што кај младото северџанче создаваат страв и нетрпеливост кон луѓето со темна боја на кожата и луѓето од блискиот исток. Затоа треба сериозна корекција. Мора да отпаднат расните и етничките карактеристики на ликот и да се задржи само функцијата битна за дејството. Злобниот Разбојник, Големиот, Силниот или Страшниот(ако Арапина треба да значи дека се работи за габаритен Арап).
-Во општествената свест, носењето црно на погреби. Ова е толку ноторно, нејќам ни да елаборирам. Преку носењето црно, симболично се манифестира еден сублимат од тага, несреќа, силно емоционално раздразнување како резултат на нечија смрт. Значи асоцијацијата која во даденава ситуација луѓето(особено ранливите категории - децата) ја прават е дека црната боја = смрт, нешто лошо, некоја несреќа, немил настан. Дека треба да се плашат од црната боја. Затоа тука треба и законодавецот да реагира, како што реагираше и порано, кога ги забрани поворките со мртовци по улици, проследени со музика, кои дотогаш беа дел од општествената нормалност.