Иницијатива за изградба на Џеди храм на плоштадот Македонија
Џеди храм на плоштадот, покрај замислената црква и џамија- бара група на граѓани на интернет страната за дружење Фејсбук. Иницијативата за изградба на храм налик оние од серијалот Војна на Ѕвездите засега е само неофицијална, но е вистински хит. Студентот по право на Јустинијан први и основачот на групата, Дино Николовски, вели за една недела успеале да соберат речиси 1600 потписи.
Џеди религијата е вистински феномен во развиените земји и од 2001 па до денес како нејзини приврзаници се изјасниле над половина милион луѓе. Целта, насекаде е речиси иста- на сатиричен начин да се шегува со властите и нивните политики кон религијата.
Покрај изградбата на храм на плоштадот Македонија во Скопје, групата бара поставување на споменици од серијалот Војна на Ѕвездите долж улицата Македонија. Иако нивната иницијатива засега е потсмев на урбанистичкото украсување на центарот на Скопје, во иднина не исклучуваат и граѓански собири за да ги потсетат надлежните, да размислат двапати пред да изградат или постават нешто во центарот на градот.
Линк
Домино ефект