По средните училишта во Скопје, влезните порти биле заклучувани со катанци од внатре за да се спречи средношколците да заминат на протест. Дежурале и професори и обезбедувањето и ги одвраќале учениците.
Сепак имало и примери каде поедини професори ѝм отклучувале задни влезови.
Ситуацијата како под нацистичка окупација...
4:20-5:40
http://24vesti.mk/video/vesti
За вакво нешто родителите треба да поднесуваат тужби доколку децата им се сеуште малолетни и им била оневозможена слободата на движење.
Доколку учениците се полнолетни, а најголем дел од матурантите се полнолетни, имаат секакво право, па ако треба и со употреба на сила, да ја напуштат наставата.
Доколку има нареден протестен марш и повторно на средношколците им биде оневозможена слободата на движењето, полнолетните средношколци со своите мобилни телефони, а по можност и со дигитални камери - доколку ги имаат - нека го документираат визуелно таквиот однос од професорите и директорите.
Бидејќи се полнолетни, никој нема право да им одзема лични предмети, освен ако се штетни за околината, а мобилниот телефон и дигиталната камера не спаѓаат во таквите предмети.
На средношколците од скопските гимназии Раде Јовчевски Корчагин и Ѓорги Димитров им беше забрането излегување за да не одат на студентскиот протест. Вратите, како што не известија револтирани родители, биле заклучени. Но, дел од учениците, кои биле цврсто решени да одат на протестот и покрај заканите и уцените, излегле од гимназиите уште пред да се стави катанецот.
Родители отишле да се побунат во „Ѓорги Димитров“ зошто се заклучени учениците и да не одат да дадат поддршка на студентите против државниот испит, кој ќе се однесува токму на овие генерации средношколци.
Како што вчера пишуваа учениците, професорите и директорите од многу средни училишта им се заканувале, доколку одат на протест, нема да положат матура или дека ќе им биде намалено поведението и оценките.
http://a1on.mk/wordpress/archives/421553
Затоа, доколку има нареден протестен марш, најдобро за средношколците од тие средни училишта ќе биде воопшто да не се појават на настава тој ден, па така никој нема да може да им ги ограничи слободата на движењето и правото на отворено и јавно изразување на револт и незадоволство.
А што се однесува до професорите и до директорите, ако треба и небото нека падне врз училиштата доколку тој ден средношколците не посетуваат настава, тоа си е нивни проблем, на дело покажуваат и докажуваат дека не се просветни работници, туку се исполитизирани и партизирани кадри недостојни за титулата наставник/професор.
Очигледно навистина ги заболе пвеводбениците за денешниов ден и веќе се мислат што понатаму, како да ја истуркаат нивната дегенска агенда при повеќе од очигледен револт од македонската младина.
Еве им мој предлог:
Нека воведат државен испит/екстерно тестирање, но нека почне да се реализира за 1000000000000000 години од сега - од 1000000000000014 година.
Лично мислам дека и студентите и средношколците ќе бидат задоволни од таквата одлука.