Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Пак некое снежно невреме да не е на пат?
Сител со ваков наслов, МТВ со 3 минути вест за протестот во Велес
:eek::eek::eek:
http://www.sitel.com.mk/studentskiot-plenum-si-go-bara-univerzitetot-nazad

Друго, се си е по старо

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=194113A78E76C44A846F13645E8034B9
РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВОТО ДЕТЕ НА КОЕ МУ Е ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОЧАЈНО БАРААТ ПОМОШ

СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ И ГО ИЗЕДЕ ДОНИРАНИОТ БУБРЕГ

На 17 годишното девојче Дукадинка Рајчиноска од струшкото село Мислешево, првото дете на кое пред три години му е извршена успешна трансплатација на бубрег во Македонија, сега сиромаштијата и` се заканува повторно да и` го одземе донираниот бубрег.

Нејзините родители немаат ни скршена пара за нејзиното натамошно лекување. Дукадинка за да го сочува донираниот бубрег секојдневно, мора да прима скапа терапија, а на секои два месеци мора да оди на контроли во Скопје. Месечно само за лекови $ требаат околу 4000 денари плус трошоците за доаѓањето во Скопје. Двајцата родители не се вработени. Немаат ниту социјална помош. Нејзиниот татко од 2009 година волонтира во струшката болница. Месечно болницата му плаќа само 4500 денари кои не му стигаат ни за леб, а не пак за други трошоци.
Екипата на Вест завчера беше во нивниот дом во Мислешево. Ова петчлено семејство живее во мизерни услови. Тактото на Дукадинка низ солзи ни го раскажа пеколниот живот и упати апел до министерот за здравство Никола Тодоровски и до премиерот за да го примат за да ја слушнат неговата мака која неколкупати се обидел да им ја раскаже. Но неговите обиди завршувале пред портирниците на овие две институции.
Дукадинка е со мал раст, бидејќи нејзините родители немале пари да ја платат инекцијата за раст на детето. Но тоа како да не било доволно. По неколку години при операција на ногата Дукадинка во болница закачила бактерија која практично и ги изела двата бубрега. Детето поради бубрежната болест било на дијализа се до 2011 година кога лекарскиот тим на детска хирургија одлуил дека единствен спас за нејзината болест е трансплатација на бубрег. За да го спаси своето чедо од понатамошното страдање како донатор на бубрег се пријавила нејзината мајка. Трансплатацијата била успешна. И мајката и Дукадинка се чувствуваат доборо, но лекувањето на девојчето прдолжува понатаму. Од скапата терапија треба да прима уште неколку години за целосно да заздрави. Но пари се нема. Сиромаштијата ги истоштува деноноќно сите, а најмногу главата на семејството, нејзиниот татко Илче.
Во обид да го спаси девојчето и од болеста и од сиромаштијата тој како што ни раскажа неколкупати испратил писма и лично барал да се сретне со Министерот за здравство и со премиерот
"Кога и да отидев во Владата и во кабинетот на министерот никој не сакаше да ме прими. Не мораа лично да ме примат премиерот и министерот, доста ќе беше некој од нивните советници да ме сослуша и мојата мака да им ја пренесе. Но јас успавав да стигнам само до портирницата. А моето доаѓање од Струга до портирниците во Скопје за мене беше голем трошок. Постојано ми велеа напишти молба. Се сомневам дека некоја од моите молби се најде на нивните бироа
", плачејќи како дете раскажуваше Илче за патешествието низ институциите.
Тој во Медицинскиот центар во Струга работи како портир волонтер на влезот од болницата и го собира ѓубрето во болнчкиот двор. Досега неколкупати се обидел да разговара со директорот на болницата околу неговото вработување, но секогаш добивал одговор дека нема проблем тој да се вработи во болницата ама доколку за тоа даде зелено светло министерот Тодоров. А светлото никако да светне и да го огрее ова сиромашно семејство, кое освен со беспарицата се бори и со болеста на девојчето.
Илче вели дека не бара милостина туку вработување за да може да си ги намири основните трошоци и да го прехрани семејството.

Илче треба да ја врати и социјалната помош

Илче на Центарот за социјални работи треба да му врати 65 000 денари. Деновиве на негова адреса стигнало и извршно решение.
Како што објасни тој извесно време семејството примало социјална помош. Но бидејќи во меѓувреме неговиот син бил вработен како сезонски работник помошта му била укината и тој бил задолжен да ја врати. Покрај тоа што треба да ја врати помошта тој треба да плати и 100 евра за судскиот извршител
"Од каде да им најдам пари. Нека дојдат и нека ни ја земат душата, оти само тоа ни остана",
се јадосува Илче.

Преживуваме од милостината на стружани

За да прежиивее и да најде пари за да ја донесе Дукадинка на контрола во Скопје и да и купи лекови, честопати, како што вели Илче, принуден е да оди од куќа во куќа низ Струга и со лекарското досие на неговата ќерка да бара милостина .
"Луѓето се дарежливи. Даваат кој колку може. Разбирање имаат и превозниците од Струга. Честопати неможејќи да ја гледаат мојата мака не ми земаат пари за превоз. Но ова не може да трае до бесконечност", низ воздишка објаснува Илче.

Поради болеста одложено и школувањето

Иако има 17 години Дукадинка, поради болеста не е меѓу своите врсници средношколци во струшката гимназија каде што има желба да учи.
"Поради болеста, а и од страв нешто да не $ се случи, некој да не ја турне или пак повреди, одлучив да не ја пуштам одредено време на училиште. Отидов во гимназијата и им ја соопштив мојата одлука. Морав така оти знаете средното образование е задолжително, па и за тоа државата може да ме казни", вели Илче
Тој како што објасни чека раните на девојчето добро да заздрават, па да ја пушти на училиште.

ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА И` ПОМОГНАТ НА ДУКАДИНКА РАЈЧИНОСКА СО ДОНАЦИИ НА ЖИРО СМЕТКАТА:

Охридска банка
530-500011345853
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
@Peja989
Зошто не би била валидна причина? Со законот буквално секој е приморан да заврши средно, сакал тоа или не, заслужил тоа или не. Јас пред 2 години завршив средно и ситуацијата беше катастрофа, сега не можам ни да замислам како е по средниве училишта.

Конкретно, од лично искуство ќе ти кажам примери. 4та средно, школски мој станува да чита некоја поема и буквално се мачи да ги прочита сите зборови со повеќе од три слога. Најпрво треба да го прочита слог по слог, да го преработи, па потоа да го прочита како целина зборот. Друг школски исто, од 35 часа во неделата, на 10 секако беше отсутен и се со некои бош изговори, демек заб вадење, па настинка, па крв земање итн. Од 13 предмети, единствено по физичко немаше единица, до пролетното тромесечие се разбира. Крајот на мај/почеток на јуни, магично ги седеше сите часови и магично ги поправаше сите 12 единици со 2-3 прочитани реченици од учебник. Ниту еднаш не доби единица на крај на школска година по предмет, а не пак да повторува година, ниту еднаш не набилда 20 и колку таму треба изостаноци за бркање од училиште, ниту еднаш некој професор не кажа: - еј, преку курац веќе нема да се сожалувам со овој, ќе го оставам на полагање. Не, сите се вадеа со тоа дека и да му пишат и да не му пишат на крај единица, тој пак ќе заврши средно, само што професорите џабе ќе се мачат и ќе си трошат време со него. Крајно, ќе му прекурчи и него, па ќе се префли во друго средно каде уште помалце ќе го "мачат" од тие во моето средно.

Имав и уште 2-3 школски, што исто имаа по 10-11 единици до април и не им чуеше за тоа, знаеја дека ќе поминат година во јуни, па макар и со 2,00 успех. Кога завршивме средно две се вработија во фабрики, на работни места каде е занает потребен, а не средно економско, едната се мафта така на факултет, од 8 испити по 7 падна во прва година. Ајде оваа третава океј, ама на другиве две зошто им беше средното образование, кога уште од осмо беа решени дека нема да учат и дека нема да градат образовна кариера? Сето ова се случуваше во мојот клас, кој беше прв или втор најдобар од моја генерација. Којзнае како било по другите класови. Океј да, не учев во фенси гимназијата, ама не учев ни средно фризерско па да има секакви.

Затоа те прашав дали било задолжително средното кога ти си учел, пошто сигурен сум дека немало вакви падобранци во твоја генерација ако не било задолжително и не си видел од прва рака какви има :).

Прво и основно, нигде на светот јас верувам дека нема 99% запишани матуранти на факултет, како што има овде. Второ, не може во една држава да не постојат работни места што бараат само основно училиште (плус некој курс), колку и да е напредна таа држава. Мора да има некој што ќе работи земјоделие или некоја физичка работа. Пример, што ќе му е на некој земјоделец што има којзнае колку земја и механизација да го образова своето дете и да го тера да го чита Хамлет, ако детето не пројавува желба за тоа и си сака мирен живот, посветен на земјоделието. Да, звучи малку снобовски и дигнато, ама од искуство знам дека е таква реалноста.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Аман бе брат :)
Ајде сега, дел по дел :D

@Peja989
Зошто не би била валидна причина? Со законот буквално секој е приморан да заврши средно, сакал тоа или не, заслужил тоа или не. Јас пред 2 години завршив средно и ситуацијата беше катастрофа, сега не можам ни да замислам како е по средниве училишта.
Од каде знае 14годишен копук дали сака или не да заврши средно? :) Тоа што завршил средно не значи дека тој нема да биде радник или дека ако заврши средно ќе седне во директорска фотеља...
Средното те доописменува, те прави ук. И да си радник, ќе те научи дека не треба да потпишеш бланко договор кога ќе ти пикне претпоставениот под нос.

Конкретно, од лично искуство ќе ти кажам примери. 4та средно, школски мој станува да чита некоја поема и буквално се мачи да ги прочита сите зборови со повеќе од три слога. Најпрво треба да го прочита слог по слог, да го преработи, па потоа да го прочита како целина зборот. Друг школски исто, од 35 часа во неделата, на 10 секако беше отсутен и се со некои бош изговори, демек заб вадење, па настинка, па крв земање итн. Од 13 предмети, единствено по физичко немаше единица, до пролетното тромесечие се разбира. Крајот на мај/почеток на јуни, магично ги седеше сите часови и магично ги поправаше сите 12 единици со 2-3 прочитани реченици од учебник. Ниту еднаш не доби единица на крај на школска година по предмет, а не пак да повторува година, ниту еднаш не набилда 20 и колку таму треба изостаноци за бркање од училиште, ниту еднаш некој професор не кажа: - еј, преку курац веќе нема да се сожалувам со овој, ќе го оставам на полагање.
Ама ти со овие примери со ништо не покажуваш дека треба или не треба да се укине средното образованние. Ова сум го имал и јас во генерација, го имале твоите, моите и сите на форумо. Јас имам познаник кој и ден денес има проблем со течно читање а заврши државен (технички) факултет со семестар задоцнување а во средно одеше и на полагање. Имам познаник кој исто така технички факултет го заврши со 9.9 просек во рок, без паднат колоквиум а средно има завршувано како добар и многу добар, никогаш одличен. Можеби сакал да биде багериста ко копиљ на 14 па неговите требале да му кажат „ако бе сине, батали факс“?

Не, сите се вадеа со тоа дека и да му пишат и да не му пишат на крај единица, тој пак ќе заврши средно, само што професорите џабе ќе се мачат и ќе си трошат време со него. Крајно, ќе му прекурчи и него, па ќе се префли во друго средно каде уште помалце ќе го "мачат" од тие во моето средно.
Секогаш го имало ова, секогаш и ќе го има. Задолжително средно не ги зголемува ваквите случаеви. Задолжително средно само може да те натера кога ќе почнеш да зрееш на 17 години да сфатиш дека тоа ти е отскочна даска да бидеш нешто повеќе во животот. Ако и тогаш не си способен за факс или немаш поглолеми аспирации, биди си ти пак помошник багериста, никој не ти смета.

Имав и уште 2-3 школски, што исто имаа по 10-11 единици до април и не им чуеше за тоа, знаеја дека ќе поминат година во јуни, па макар и со 2,00 успех. Кога завршивме средно две се вработија во фабрики, на работни места каде е занает потребен, а не средно економско, едната се мафта така на факултет, од 8 испити по 7 падна во прва година. Ајде оваа третава океј, ама на другиве две зошто им беше средното образование, кога уште од осмо беа решени дека нема да учат и дека нема да градат образовна кариера? Сето ова се случуваше во мојот клас, кој беше прв или втор најдобар од моја генерација. Којзнае како било по другите класови. Океј да, не учев во фенси гимназијата, ама не учев ни средно фризерско па да има секакви.
Ајде сега кажи ми ти, што ќе прави дете од 14 години „на улица“. Нема право да работи, нема обврска да се школува. Што ќе прави тоа дете до 18 години? Ќе питачи на семафор? Ќе пере шофершајбни? (не мора да е ром, било кој). Демек другаркиве твои, соученички немале да запишат средно ако не било задолжително?

Затоа те прашав дали било задолжително средното кога ти си учел, пошто сигурен сум дека немало вакви падобранци во твоја генерација ако не било задолжително и не си видел од прва рака какви има :).
Секогаш го имало тоа бе брат, секогаш. Не знам како тоа не ти е јасно? Не можеш да генерализираш. Не моеш да кажеш дека сега го има тоа поради задолжително средно а го немало во мое време зошто тогаш не било задолжително.

Прво и основно, нигде на светот јас верувам дека нема 99% запишани матуранти на факултет, како што има овде. Второ, не може во една држава да не постојат работни места што бараат само основно училиште (плус некој курс), колку и да е напредна таа држава. Мора да има некој што ќе работи земјоделие или некоја физичка работа. Пример, што ќе му е на некој земјоделец што има којзнае колку земја и механизација да го образова своето дете и да го тера да го чита Хамлет, ако детето не пројавува желба за тоа и си сака мирен живот, посветен на земјоделието. Да, звучи малку снобовски и дигнато, ама од искуство знам дека е таква реалноста.

Тука веќе одиме на друга тема, факултет. Мислам дека имаме исти ставви, затоа не знам зошто би ти реплицирал со контра аргументи кои што ги нема. Се согласувам дека власта претера со кампањите „знаењето е сила, моќ“ бла бла од оддамна разбирливи причини, фиктивно намалување на невработеноста.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Некои нови соросоиди
Струга

Охрид

УКЛО Битола
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
Пак некое снежно невреме да не е на пат?
Сител со ваков наслов, МТВ со 3 минути вест за протестот во Велес
:eek::eek::eek:
http://www.sitel.com.mk/studentskiot-plenum-si-go-bara-univerzitetot-nazad

Друго, се си е по старо

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=194113A78E76C44A846F13645E8034B9
РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВОТО ДЕТЕ НА КОЕ МУ Е ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОЧАЈНО БАРААТ ПОМОШ
Ние си знаеме како ни е и колку само сме дискриминирани заради тоа што имаме трансплантација. Еве веќе 3 години сум трансплантиран и едвај ме примија на работа и тоа кажано дека сум со трансплантиран бубрег за да ме стават на полесна позиција за да можам да си го заработам лебчето и да сменам мисли затоа што сум бил 8 години на хемодијализа и поради тоа за 3 месеци да ме отпуштат. Сега ни мајка ми ни татко ми не работат и како што оде не е на арно работава, нешто размислувам за странство и азил ама немам сознанија како е покриено со терапијава што ја примам, поради тоа што е многу скапа а мораме да ја пиеме секој ден затоа што ќе ни откаже и тој бубрег што ни го имаат трансплантирано. Кај нас на никој не му се слуша кога одам да си побарам некои права поради тоа што немам никакви врски, а од една страна ти викаат дека си прав здрав, а пак од друга страна треба да се чуваш, да не фаќаш инфекции, да бидеш на чисто да не работиш физичка работа. Во Европа прекумерната тежина е прогласена за инвалидитет а кај нас ова тешко хронично заболување не ни даваат документ дека сме со инвалидитет, а те дискриминираат при вработување затоа што неможеш се да работиш и те одбиваат. Едноставно Македонија не е повеќе социјална држава и секој ден се повеќе и повеќе се губе човечноста ние тешко болните си знаеме како ни е во оваа држава и од прва рака имаме искусено многу работи во здраството.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.667
Поени од реакции
16.873
ако потрае окупацијава кој ќе трпи ?? децата на ситуираните студираат на приватни и во странство ; ако се успорат дипломирањата Завод за вработување ќе трие раце, помалку невработени... едино ќе има проблем ако дојде до Енорми странски вложувања а кадар нема, ќе мора да ни прати Субрата од Индија... а имаше такви барања од еден бизнисмен уште прд 15 години, сме немале доволно информатичари ( имало ама барале големи плати), да му дозволеле да увезе од Индија ... туку една студентка од Музички се закани дека ако државата не вложува пари ќе имало масовен одлив на музичари ?? ... незнам за музичари, ама од пеачи ми е преку тасета, 24/7 на ТВ некој таленти и антиталенти, а работници и мајстори нема...
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599

За музичари не знам, али ко шо се повеќе и повеќе квалитетни доктори бегаат, а тука остануваат татини и мамини мази, дечиња на професори и доктори и останати со врски....
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.

Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн
Жал ми е што живееме во недемократска држава, па ваквите методи ни се единствен начин да се избориме за правда, за автономија, за слобода!
Ако мислите дека тоа што има окупација е лошо затоа што се губело од редовните предавања, изгледа НЕ СТЕ СВЕСНИ КАКВА ИДНИНА ВЕ ЧЕКА И ГИ ЧЕКА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ доколку не се укинат новите законски измени за високо образование.
Пленумците се студенти со развиена свесност, граѓанска одговорност и солидарност.Ова што ние го правиме е борба за спас на универзитетот кој треба да биде матрица на образовани слободни умови, а сакаат да го направат матрица на полуписмени безрбетници.

Нашето барање е едноставно: САКАМЕ НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧИЕ СОСТАВУВАЊЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И НИЕ СТУДЕНТИТЕ!
Нашиот тим е подготвен! Ајде да направиме нов закон кој НАВИСТИНА ќе ги реши проблемите во ВО и студентскиот стандард! Овој кој си го изгласавте во 3 сабајле ви е грд исто како фасадата и нема да ви помине оти ние не сме експериментални глувци! Нема така лесно да ви поминат лагите и манипулациите! Ние не гледаме сител.
Читаме книги и мислиме со свои глави!

Преземено од фб :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Пошто знам од каде е преземено, само да напоменам дека е од личен фб профил, не од официјалниот пејџ на Студентски Пленум. (пошто тука постојано се спинуваат разно-разни информации, така да боље сега да пишам)

А еве го соопштението до јавноста од денеска (т.е. веќе вчера).

Во пресрет на утрешната средба на работната група, за која уште не знаеме време и место, Студентски Пленум инсистира претставници од Владата и Министерството за образование да дојдат конечно на академскиот простор.
Посочуваме дека од овој момент па натаму преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот. Студентски Пленум останува на ставот дека апсолутно е потребен целосно нов закон, и дека со целиот свој капацитет ќе учествува во работните групи кои ќе го изготвуваат. Ние не гледаме причина зошто претставник од Владата или Министерството не би покажал доблест да се појави на академско тло. Тоа не мора да биде автономната зона, тоа може да биде било кој факултет, Универзитетската библиотека, може да биде Ректоратот, но пред сé може да е студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој најдобро го одразува нивото на грижа за високото образование.
Потсетуваме, претставници на Студентскиот пленум не може да се заменат со претставник на студентскиот Парламент, затоа што мандатот на претседателот Кирил Спироски е истечен од октомври 2014 г. и тој не поседува никаков легитимитет да ги брани студентските права.
Бидејќи ректорот на УКИМ ја свикува средбата на која претставници од Владата и Министерството за образование прифатиле присуство, логично е тие за прв пат да нé посетат.
Универзитетските врати се отворени!
Студентски пленум 15.02.2015

Споделувајте!

Многу добро, лајк! :D :D
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.

Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн
Жал ми е што живееме во недемократска држава, па ваквите методи ни се единствен начин да се избориме за правда, за автономија, за слобода!
Ако мислите дека тоа што има окупација е лошо затоа што се губело од редовните предавања, изгледа НЕ СТЕ СВЕСНИ КАКВА ИДНИНА ВЕ ЧЕКА И ГИ ЧЕКА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ доколку не се укинат новите законски измени за високо образование.
Пленумците се студенти со развиена свесност, граѓанска одговорност и солидарност.Ова што ние го правиме е борба за спас на универзитетот кој треба да биде матрица на образовани слободни умови, а сакаат да го направат матрица на полуписмени безрбетници.

Нашето барање е едноставно: САКАМЕ НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧИЕ СОСТАВУВАЊЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И НИЕ СТУДЕНТИТЕ!
Нашиот тим е подготвен! Ајде да направиме нов закон кој НАВИСТИНА ќе ги реши проблемите во ВО и студентскиот стандард! Овој кој си го изгласавте во 3 сабајле ви е грд исто како фасадата и нема да ви помине оти ние не сме експериментални глувци! Нема така лесно да ви поминат лагите и манипулациите! Ние не гледаме сител.
Читаме книги и мислиме со свои глави!

Преземено од фб :)
le boo wreaking hoo...

Да не сакаат споменик да им се изгради?

Еве, се одложи законот на една година, и сега не се притиска кај професори, не се организираат студентите за да бидат слушнати.... се затвараат у зграда, пречат на предавања и изиграваат некакви жртви кои се борат за нешо притоа работејќи против студентите.

Дај не зезајте, жити се.

САКАМЕ НОВ ЗАКОН! И ЌЕ ГО ДОНЕСЕМЕ СО ТОА ШО ЌЕ ПОПРЕЧУВАМЕ НАСТАВА И ЌЕ СИ ПРАЕМЕ ИЗЛЕТНИЧКИ КАМПОВИ СРЕДЕ ФАКУЛТЕТИ И СО ЖУРКИ! ТОА ЌЕ ИМ ПОКАЖЕ!

Вака само губат подршка од студенти, партии почнуваат полека да го привлекуваат движењето за себе промоција, фаците шо се истакнуваат по тв демек ептен хардкор војводи и се преставуват како преставници на пленумот за некоја година ќе се влечкаат по партии и ќе се вметнат на високи позиции, и ова изигравање жртви.

Макар што е преземено од личен профил, преземено е од некој што се преставува себе си како дел од пленумот.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ок де, дел од пленумот, а не го искажува официјалниот став на Пленумот. Факт е дека кај многу од Пленумците се јави скепса (би рекол оправдано) од искреноста на власта и тоа попуштање и повлекување на Груевски и свитата. Заради тоа, верувам дека овaa автономна зона ќе трае додека не се потпише таа спогодбата со барањата во однос на роковите. (од сликите што ги поставив пред некоја страна)

Иначе, сега ми текна, пошто споменавте многу пати студентски домови. Тие колку што знам се во Закон за студентски стандард, кој исто така очајно треба да се прочешла убаво, па и целосно нов да се направи.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.

Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн
Жал ми е што живееме во недемократска држава, па ваквите методи ни се единствен начин да се избориме за правда, за автономија, за слобода!
Ако мислите дека тоа што има окупација е лошо затоа што се губело од редовните предавања, изгледа НЕ СТЕ СВЕСНИ КАКВА ИДНИНА ВЕ ЧЕКА И ГИ ЧЕКА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ доколку не се укинат новите законски измени за високо образование.
Пленумците се студенти со развиена свесност, граѓанска одговорност и солидарност.Ова што ние го правиме е борба за спас на универзитетот кој треба да биде матрица на образовани слободни умови, а сакаат да го направат матрица на полуписмени безрбетници.

Нашето барање е едноставно: САКАМЕ НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧИЕ СОСТАВУВАЊЕ ЌЕ УЧЕСТВУВАМЕ И НИЕ СТУДЕНТИТЕ!
Нашиот тим е подготвен! Ајде да направиме нов закон кој НАВИСТИНА ќе ги реши проблемите во ВО и студентскиот стандард! Овој кој си го изгласавте во 3 сабајле ви е грд исто како фасадата и нема да ви помине оти ние не сме експериментални глувци! Нема така лесно да ви поминат лагите и манипулациите! Ние не гледаме сител.
Читаме книги и мислиме со свои глави!

Преземено од фб :)
Само што не заплакав, ме трогна ова, готово...ќе запишам нови студии, само за да ја поделам маката на моите колеги, студенти.

Значи какви drama queen-ови станале, страшно нешто.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Во врска со државниот испит, како прво, штом е државен испит,државни ќе бидат и комисиите. А се што е државна комисија,е партиска комисија. Тоа е спојот на партијата и државата во ова земја денес. Компромитацијата на институциите најуспешно се врши со посредство на државните комисии.Последиците се катастрофални.Оттаму се јавува целата слика на владеењето на оваа власт,на затворениот круг на медиокритети кои не даваат шанса на вистинските способности на младите луѓе..
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Денес кога дојдоја, кажаа дека цела недела ќе нема предавања или да цитирам еден од тие со мегафоните "Цела недела ќе ви пречиме во наставата"

Најголема грешка е што не се излегува на улица. Вака на факултет освен самите на себе, на никој друг ништо не му попречуваме, па да си бараме некои права.
А, и секој ден некако гледам се помалку поддршка добиваат поради тоа.
Убаво се почна, ама она што го реков уште за вториот протест, од тоа што неко меџу нама није наш, ова ќе замине во спротивна насока.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom