- Член од
- 3 мај 2012
- Мислења
- 534
- Поени од реакции
- 1.662
Овој дел од срцепарателниов текст особено ми е интересен. Откако некако успеав да ги сопрам солзите, еве да пишам во врска со овој емоционален roller coaster.За сите вие кои ме прашувате до кога ќе трае окупацијата. -Не знам.
Би сакала никогаш да не мораше да се случи. Мислите дека ние вака си ја замислувавме младоста? Спиејќи по факултети, на душеци и во вреќи за спиење, на ладно, јадејќи храна донирана од нашите родители, пријатели, солидарни граѓани.. организирајќи алтернативни предавања, изложби, бојкот на настава итн
Читаме книги и мислиме со свои глави!
Јас лично познавам голем дел од луѓето кои спијат и седат во автономната зона. Ги знам од маало, средно школо, факултет итн.
Голем дел од оние гласните со мегафони се членови на опозицијата (не би ставал нивни имиња), ама ќе ги видите за неколку години на партиски прес конференции.
Луѓето си бркаат кариера, не ги обвинувам.
Има и такви кои уживаат во пишување вакви патетики, правејќи се себе жртви, борци за слобода. Поинтелегентни од останатите (затоа и напишаното "Читаме книги и мислиме со свои глави").
Ама затоа вие кои одите на предавања ќе мора да мислите со нашите глави и да ви ги прекинеме.
Хејтери на се и сешто кои ги е*е системот.
Сакаат да спијат по факултети и да слушаат алтернативни предавања и музика. Тие луѓе уживаат во ова, ги исполнува како личности.
Е сега, има и по некоја искрена душа. Ама тие се станати многу мало малцинство.
Работата отиде во погрешен правец поодамна. Од 10.000 луѓе на протест, по сите глупости сега се останати 200-300 души кои се дел од горенаведените категории.
Сето ова им е јасно на студентите. Затоа колку и да не се согласуваш со екстерното, во овие услови нема да одиш да создаваш нечија политичка кариера на одредени пленумци.