Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.221
- Поени од реакции
- 18.360
Вака сега луѓе и јас како студент на дисперзирани студии се чувствувам навреден понекогаш поради тоа што честопати се потценуваат студентите од таму. Од почеток да кажам дека влегов со 97 и кусур поени од оценки во средно и матура. Она што не чини и за што сте во право се ниските критериуми за влез. Не знам како е во Скопје, но на УГД се запишаа и студенти некаде со околу 45 поени од оценки во средно и матура. Тоа реално е смешно и е крајно нереално. Но за тоа е виновна само државата и никој друг, бидејќи секој студент по семестар вреди барем 10 000 денари. Критериумите за влез мора да се зголемат и да не си прими секој матурант на факултет, бидејќи мора да се направи дистинкција помеѓу учениците/студентите и не може сите да се стават на исто рамниште.
Од друга страна не се лажете дека за да се помине месец во Скопје доволни се 100 евра?! Мислам не знам дали бладате или слично, но да ти стигнат 100 евра (за месечна рата во дом. храна и превоз) е крајно невозможно. Тоа што сите не можат да бидат во дом и што самите услови во домот се ужас е друга приказна. И не знам кој ви дава за право да осудите некој кој не е од Скопје, да се пресели во истото и со 100 евра да преживува без право ниеднаш да излезе од домот. Тоа е затвор, тоа не е живот. Замислите во најубавите млади години, вие да бидете присилени да не мрднете од прчварникот во кој живеете само за да студирате, додека некој кој е роден во тоа место да си ужива дома со фамилијата и пријателите. Па зарем не бевме сите граѓани исти во оваа држава?
Покрај тоа ги заборавате и тековните трошоци во врска со факултетот, како партиципацијата и книгите. Да студираш конкретно во Скопје и малку да си дозволиш да живееш (значи не да преживуваш) потребни ти се барем 200 евра месечно. На тоа додадете ги и 15-6 илјади потребни за факултет, поделено на 8 месеци да ги наречеме (колку што под претпоставка би поминал студент во Скопје во текот на годината) гледате до каква бројка се стига.
Е сега извинете, ама нема секој родител да издвојува 12-13 илјади месечно за едно дете. Замислете да имате две деца студенти. Така да во право сте кога ги критикувате ниските критериуми за влез, но не ги заборавајте децата кои имаат капацитет, а немаат пари да студираат во друг град.