Симптоматично е тоа со трудови-плагијати со оглед дека нели функционира системот за проверка на плагијати, нели?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Друга ствар, пријателиве од Влада мислат многу е лесно да се издаде труд во списание со импакт фактор, а вложуваат ебени 8 милиони евра годишно за наука (којзнае кај кого одат и за што одат тие пари). На страна ова, главна тема тука ми е државниот испит.
Ние знаете кога баравме дебата? Во месец ноември. Не не' рецкаа два посто. После као демек сакаа да разговараат за модалитети. Какви модалитети човече, ние ти го имаме побиено „проектчето“ во корен, ти сакаш за модалитети да зборуваш. Затоа одбиваме секаква дебата, најмалку до моментот додека не се повлече предлог-законот. За професорскиот пленум е слична ситуацијата, сабајлето излегоа со соопштение дека нема да учествуваат, па Ванковска нешто се збуни, искрено, се изглупира али тојето. Сепак, генералниот став на Проф.Пленум е да нема дебата се' до повлекување на предлог-законот. Така да, не спинувајте дека сме барале дебата, сеа ни понудиле и сме одбиле. Ние баравме, т.е. понудивме, беа поканети на една трибина господата Груевски и Адеми, не се појавија (ок и Иванов).