Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Џабе му пишуваш ОК, ова е PR победа пред цела мак. јавност и тоа е факт. :)
Ако за нешто некој се сложил, тоа е ова. :)
Има многу работи за кои може да дебатираме како требало да бидат направени, ама ова што се случи денес е факт. Толку од нивната легитимност. :) Што и да пробаат од денес натаму, ова денес ќе им биде плескано во фаца.
Уште потрагично е што Студентскиот пленум никаде го нема. Разбирам празници и се, ама чекајте малце другари, водите борба со власт, не може да си зема никој одишка и одмор.
После вториот Студентски марш нешто стана труло. Што точно не можам да кажам, тоа пленумците треба да го одговорат.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
Е заради ова е премиер и сите можат само да му се пулат како телиња. Не викам дека правилно постапи, ама па никој неможе да ме убеди и дека СДСМ не ги искористи студентиве како најобични партиски војници за да си крене рејтинг со помош на нивни платеници помеѓу професорите. Грујо има мадиња од слон и знаење да секоја ситуација (и кога не е во право како сега, со насила истуркан закон, кој патем да бев сеуште студент би го подрдржал од една единствена причина што секој трет во државава е доктор на науки. Може не е најдоброто решение, ама е некакво) да ја добие во своја корист. За ваков потег заслужува респект, па кој сака и како сака нека го нарече потегот, во еден збор BALLS
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Овој брз потег на владетелот спречи одлив на дополнителни гласови во иднина. Можеби спречи меѓу народот да продолжи да се шири суштината на глупите реформи во образованието и вистината за повеќегодишното самоволие. Студентите веќе го кажаа својот став. Тоа што професорите се избламираа денес нема да го промени ставот на мнозинството студенти. Владетелот денес направи магариња од професорите и со тоа ништо посебно не покажа зошто реформите се добри. Барем јас не видов ништо со што би ме убедил дека е во право. Ванковска се збунила, професорите не се појавиле на дебата... Чекај бе, па они се пички, а тоа значи дека владетелот е во право = реформите се позитивни. :tapp:
Денешната негова победа, не е како минатите победи. Иновативна, но не доволно триумфална.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Џабе му пишуваш ОК, ова е PR победа пред цела мак. јавност и тоа е факт. :)
Ако за нешто некој се сложил, тоа е ова. :)
Има многу работи за кои може да дебатираме како требало да бидат направени, ама ова што се случи денес е факт. Толку од нивната легитимност. :) Што и да пробаат од денес натаму, ова денес ќе им биде плескано во фаца.
Уште потрагично е што Студентскиот пленум никаде го нема. Разбирам празници и се, ама чекајте малце другари, водите борба со власт, не може да си зема никој одишка и одмор.
После вториот Студентски марш нешто стана труло. Што точно не можам да кажам, тоа пленумците треба да го одговорат.
Не се натпреварувам за да чуствувам победа. Јас мојата победа ја гледам со тоа што она што го зборувам на темата се остварува, а тоа е дека после вториот протест беше јасно дека ЈАДРОТО на студентскиот пленум е строго политички контролирано и опозиционерски настроено. Денешното СИНХРОНИЗИРАНО одбивање на дебата од страна на студентскиот и професорскиот пленум со буквално исто образложение неможе да биде случајно и јасно е дека е пишувано централно.
Мене искрено навистина ми е жал за оние студенти кои беа за дебата и кои со искрени намери излегоа на протести за денес да се соочот со вистинската позадина на оние кои ги организират.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Овој брз потег на владетелот спречи одлив на дополнителни гласови во иднина. Можеби спречи меѓу народот да продолжи да се шири суштината на глупите реформи во образованието и вистината за повеќегодишното самоволие. Студентите веќе го кажаа својот став. Тоа што професорите се избламираа денес нема да го промени ставот на мнозинството студенти. Владетелот денес направи магариња од професорите и со тоа ништо посебно не покажа зошто реформите се добри. Барем јас не видов ништо со што би ме убедил дека е во право. Ванковска се збунила, професорите не се појавиле на дебата... Чекај бе, па они се пички, а тоа значи дека владетелот е во право = реформите се позитивни. :tapp:
Денешната негова победа, не е како минатите победи. Иновативна, но не доволно триумфална.
Никој од тука не го промени своето мислење, сите што бевме против државен испит вчера сме со истиот став и сега, тоа не е проблемот. Проблемот е што како шо кажав и во некои постови претходно според мене самите пленуми свесно создадоа слика дека се една целина, дека дејствуваат заедно, така што тоа што денес едните беа направени магариња фрла црна дамка на целото движење. Како што кажа и @Crazy in Love СП некако после вториот марш како да се изгуби, а после ова денес не знам дали е вистинскиот субјект да ја води оваа битка, зошто премногу лежерно си ја водеа биткава. Од нив сум слушал зборови „ја преценуваш власта“, ама од денешна перспектива не изглеа така и испаднаа сите магариња. Да не збориме дека веќе и од оние кои излегуваа на маршот или не излегуваа но сепак ги поддржуваа, а не се студенти, ја немаат довербата.
Ете тука настанува проблемот, а не во менување на нашите ставови према „реформите“.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се натпреварувам за да чуствувам победа. Јас мојата победа ја гледам со тоа што она што го зборувам на темата се остварува, а тоа е дека после вториот протест беше јасно дека ЈАДРОТО на студентскиот пленум е строго политички контролирано и опозиционерски настроено. Денешното СИНХРОНИЗИРАНО одбивање на дебата од страна на студентскиот и професорскиот пленум со буквално исто образложение неможе да биде случајно и јасно е дека е пишувано централно.
Мене искрено навистина ми е жал за оние студенти кои беа за дебата и кои со искрени намери излегоа на протести за денес да се соочот со вистинската позадина на оние кои ги организират.
Не реков дека ти си остварил победа, реков дека е PR победа, мислев на Владата. Освен ако не си Влада, не знам како се пронајде. :)
Сакав да кажам дека тоа што Саше Политико го пишал е точно, тоа што ти друго си сфатил е твое, не се мешам тука. :)
Вториот протест си беше чист ко солза, ти сега што сакаш можеш да пишеш, ова денес можеш да го користиш, пак нема да успееш.
Термини како “опозиционерски настроено“ користи со луѓе кои не ги разбираат термините, со мене не ти успева терминологијата, ама ме мрзи да се расправам и да пишувам, празници се ближат, пошто и Студентски пленум гледам се одмараат и јас можам да не се расправам на долго и широко.
Опозиција е многу поширок термин од политичка партија која не е на власт. Е сега многу луѓе во државава не го сфаќаат тоа, па затоа и се е хаос кај нас, ама јас немам намера да исправам криви Дрини, се експерти се во државава.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.265
Поени од реакции
4.497
ЈАДРОТО на студентскиот пленум е строго политички контролирано и опозиционерски настроено.
Ако било така зошто не излегоа барем 30 000 луѓе? Шо се бламираа со 5-6 000?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.841
Поени од реакции
10.209
Не реков дека ти си остварил победа, реков дека е PR победа, мислев на Владата. Освен ако не си Влада, не знам како се пронајде. :)
Сакав да кажам дека тоа што Саше Политико го пишал е точно, тоа што ти друго си сфатил е твое, не се мешам тука. :)
Вториот протест си беше чист ко солза, ти сега што сакаш можеш да пишеш, ова денес можеш да го користиш, пак нема да успееш.
Термини како “опозиционерски настроено“ користи со луѓе кои не ги разбираат термините, со мене не ти успева терминологијата, ама ме мрзи да се расправам и да пишувам, празници се ближат, пошто и Студентски пленум гледам се одмараат и јас можам да не се расправам на долго и широко.
Опозиција е многу поширок термин од политичка партија која не е на власт. Е сега многу луѓе во државава не го сфаќаат тоа, па затоа и се е хаос кај нас, ама јас немам намера да исправам криви Дрини, се експерти се во државава.
И Првиот и вториот протест верувам дека биле иницирани од искрени намери на студентите кои ен го поддржуваат законот, ама беа до крајност политички искористени од опозицијата (као што велиш која не е само сдсм и другите политички партии, да не го забораиме и сорос).
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
:D
Ajде како беа до крајност политички испористени од опозицијата и сорос?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не реков дека ти си остварил победа, реков дека е PR победа, мислев на Владата. Освен ако не си Влада, не знам како се пронајде. :)
Опозиција е многу поширок термин од политичка партија која не е на власт. Е сега многу луѓе во државава не го сфаќаат тоа, па затоа и се е хаос кај нас, ама јас немам намера да исправам криви Дрини, се експерти се во државава.
ОК не сме се разбрале за првото, јас помислив дека покрај на владата се однесува и на мене.
Околу поимот опозиција го упоребив затоа што несакам да употребувам називи за партии а со оглед на тоа што македонскиот блок е бипартиски повеќе од јасно е на кој мислам.

Ако било така зошто не излегоа барем 30 000 луѓе? Шо се бламираа со 5-6 000?
Какви 30 илјади. Нив силата им е околу 1000 луѓе до 1500 со се платените автобуси од другите градови. Ова со студентите им дојде како кец на десетка и они да се ирадуват на малку побојна критична маса. Само еднаш можеш да глумиш , максимално два пати. Денес се фатија сами во стапица така да како што се гледа и од форумот мотивацијата за подршка на политички подржани здруженија не е баш сјајна. Јас пишав и порано дека би се радувал ако од пленумот излезе некоја нова млада и прогресивна критична маса. На крај ништо од тоа не бидна. Така што на некој нови струења веројатно ќе треба да чекаме некоја наредна прилика.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И Првиот и вториот протест верувам дека биле иницирани од искрени намери на студентите кои ен го поддржуваат законот, ама беа до крајност политички искористени од опозицијата (као што велиш која не е само сдсм и другите политички партии, да не го забораиме и сорос).
Секаде опозицијата користи момент да се докаже на вакви протести, тоа е сосем нормално во демократска држава.
Опозицијата требаше да е најгласна за овие работи, ама зафатени се со бомби, не можат да се замараат со вакви битни прашања....( индивидуалци од опозиција не се важат, зборам за структура) На структурирана опозиција (политичка партија вклучена во процес на донесување на одлуки) местото на борба и е во парламент и нивното отсуство не може никако да се оправда и точка, колку сакаат нека се жалат.
Опозиција е коректив на власта. Вон институциите, целокупната јавност (треба да) е опозиција! Сите граѓани треба да дебатираат и дискутираат за тоа што не им се допаѓа! Тоа е опозиција. СДСМ треба да се опозиција во Парламент и таму да си ја вршат работата, а останатата јавност да си ја врши работата надвор од институциите. И да врши јавен притисок. И доста више со Сорос. Не значи дека ако се напаѓа одлука на влада дека Сорос стои зад тоа.
Реков еднаш - насилници + неспособни = државава.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.192
Поени од реакции
8.394
Што назив добиваш ако дипломираш на безбедност и мир? Безбедник? Мировник? Штрумф?

Кога више се одлучил Гвујо да ја земе метлата, ова е одлична катедра да ја отпише од државната цицка. Ванковска како глобално признат авторитет, сигурно ќе најде работа во свецка реномирана институција.
Добиваш долг стаж под бирото за вработување. Од кога е отворена катедрата (а пројде време од тогаш), само двајца дипломирани нашле работа по струката, другото...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
И ќе помине законот, и сите ќе го прифатите, како и екстерното, нема да има никакви резултати, како и екстерното, сега оценувањето е многу понереално од претходно, заради екстерното.

Ова е уште една реформа само ради реформа, нема никакво подобрување да донесе, можете да ме цитирате за 5-6 години, исто како и реформата за отварање факултети, чии последици се токму сегашниве нови реформи.

Ниту студентите ќе станат попаметни и поспособни, тие што минуваат со протекции пак ќе минуваат, ниту професорите ќе бидат нешто поквалитетни, а јас тврдам дека ниеден професор нема да има објавено повеќе трудови со фамозниот „импакт фактор“ отколку што има досега.

Освен дополнителна обврска за студентите, ништо друго нема да се смени, тоа е реалноста и тоа го знаете сите, и тие што се против и тие што се за овие реформи.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809

Со Баба Ванѓа имате по кафиња идено, а?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Со Баба Ванѓа имате по кафиња идено, а?
Не мора да е Баба Ванѓа, ниту Нострадамус, ниту да одел со нив по кафиња.
Ова што денес се случи стави печат на секакво сомневање дека нема да се донесе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom