Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не си се нашол во реалниот живот во ваква ситуација кога од ведро небо ти паѓа лик кој ти влага во ребра. Значи остануваш без текст. Не си подготвен едноставно на средбата, едноставно си запрепастен. Се споредувам човечки, они реагираа човечки.

Зошто не отишле во Сбрание уште немам сфатено, јас зборам за првичната реакција на професорите фатени рафално во теснец. Тука нема ни текст ни зборови. А зошто не отидоа во Собрание еве ти објасни ми ? Јас незнам до сега не прочитав зошто не отишле.
Ок изглеа не сме се разбрале, ја мислев дека твојот пост е да ги браниш за тоа што не отидоа во Собрание.
Нека се здткала и нека останала без текст Ванковска, тоа не е проблем. Проблем е што вика ќе дојдам во Собрание, а не отишла. И после глеам текстови на курир „професорите се збунети, чекаат инструкции од сдсм“.
После таков потег да викаш дека ти смета местото каде ќе биде дебатата, па даваш предлог каде да биде таа дебата, ти го усвојуваат предлогот, а ти на крајот не се појавуваш на дебатата иако 3 месеци викаш „сакаме да седнеме лице во лице и да дебатираме“, и ја не знам више во што да верувам и каков став да имам, а камоли па тоа да го барам од некој кој директно не е засегнат од ова...
И еве после 4 саати ја уште не знам зошто не отишле, а не верувам ни дека има некое логично објаснување за тоа...

Држи вода, НО, пак се сведува на болдираното. Те игнорира некој цел месец и те фаќа на препад. Да, они мора се да очекуваат и ова им беше голем пропуст, но стојам на тоа дека колку и да си експерт, мора да има ден подготовка. Професор што 30 години има искуство по некој предмет, мора да се подготви за предавањето наредниот ден и да прочита пред да излезе на предавање, истото е и за ова.

Константин супер се бранеше, ама и покрај подготовките, Боцевски на неколку пати го пресече и го изврте така добро, што ни самиот не беше свесен шо му се деси. Тука и искуството си имаше удел, ама сакам да кажам дури и на подготвена дебата, се дешава да се лизнеш и изгубиш, а не па некој на штрек да те фати.

Не ги оправдувам, самите се заплеткаа и дозволија Груевски да ги тресне од земја, ама колку и да си интелектуалец, мораш да се подготвиш за дебата од ваков тип.

Груевски победи денес и тоа е тоа.
Подготовката ја имаат правено бар 1 месец, толку има поминато од трибината која ја организираше Студентски пленум и на која беа поканети професорите. Од тогаш па наваму цело време држат пресови професорите, што значи не можеш да кажеш дека не биле подготвени зошто и за на прес мора да бидеш подготвен.
Знаеја дека ќе има дебата уште пред 2-3 дена, значи ете ти уште еден аргумент дека не се фатени баш на спиење. Имале време да се спремат, имале време да спремат тактика, ама никој од нив изглеа не си ја сфатил работата сериозно. Мислат ќе излеземе ние на прес, ќе кажеме вака и вака, власта е глупа не може ништо да ни направи. Епа не се глупи изглеа ти од власта, изглеа треба сериозно да с размислува, треба да се гледаат сите можни ситуации и да се спремат како да реагираат ако дојде до нив. Имале доволно време за тоа.
Тешки нека отидеа па да им урнеа некој аргумент, ама они воопшто не се појавија на дебатата на која сами се согласија дека ќе одат.

Груевски ја доби војната, не битката. Идиотскиов Професорски пленум ја уништи целата иницијатива на Студентски пленум. Зошто ?
Студентски пленум го поддржа генералниот пленум што го иницираше Професорскиот пленум на 29ти декември, се појавија на тој пленум и излегоа со заедничко соопштение. Значи дефакто рекоа дека се една иста организација. После овој потег денес, оди и објасни како Професорски и Студентски пленум се две различни работи, а па кога ќе ги додадеме текстовите на курир, работата е готова. Никој веќе нема да ги сфати Професорски пленум сериозно, а истото ќе се однесува и за Студентскиот.
Сакам да грешам, и да има пак нови масовни маршови/протести, ама ако грешам треба да се прекине било каква комуникација со овие професорски пленумци !
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ова пастирот си играл мижи-татара па ѝ кажал на Билето дека за пола саат она треба да го најде?

Што е бре ова од пастирот? Се договара за дебата за реформи или за да пијат кафе у собрание? Ова не доликува на премиер да го направи. Се приближи кроце па и уште не довршила оваа со изјавата извикува ко второ одделенче „Професорке, професорке...“ Требаше да му каже „Николче крени рака првин.“ И сеа демек он е многу јак и дури по улиците излегува да го реши проблемот со народот. Па и Ванковска се здрви кога го виде, а и како да не се здрви кога овој буквално никнува пред неа.
Очекувам сега да се испофали пастирот како он е подготвен да го слушне гласот на професорите и студентите ама овие знаат само по улици да скитаат.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.024
Поени од реакции
7.121
:pos:

Го погоди ораторот.
Не се согласувај со неговата политика и идеологија и јас не сум еден од тие али дека човекот е оратор невиден неможеш да му оспориш.Да зборуваш 1 саат и 30 минути без да читаш од лист пред тебе и тоа течно и поврзано е тоа тие ораторство.Дади ми еден говор било кој каде Љубчо чита те частам кригла пиво.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Значи сама му се намести на волеј на Груевски.Можам цел реферат од типот на Коњаникот да ти напишам тоа колку згреши и како можеше да реагираше али ме мрзи а и така никој нема да го чита.А да беше оратор од типот на Љубчо мислам Грујо ќе не знаеше да бекне.

Уште ли се палите на оратори? Груевски не е оратор не е ни филозоф туку човек кој е конкретен и прецизен. Во случајот немаше место за оратори затоа што прашањата на Груевски беа прецизни и јасни. Сакате дебата ДА или НЕ? И каде сакате да има дебата?
Јас тука не гледам никаков простор за ораторство и млатење на празна слама.
Умре времето кога политичарите се мера по тоа кој имал поубав говор за уво. Умре времето кога најголем предизик на политичарите им беше да излезат на јавна дебата и по тоа се мереше кој е подобар политичар.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Три месеци да бараш дебата, да се силиш дека ќе ја „растуриш„ владата со факти и контра аргументи за потоа кога јавно ќе ти понудат да бидеш дел од дебата да се уцвикаш. Ако поради ништо биди доблесен и изнеси ги јавно на дебата твојте аргументи поради оној дел од јавноста кој те подржал како студентски пленум или како професорски пленум.
Дали ти е тебе јасно дека Студентски пленум и Професорски пленум се различни движења (првото е сочинето од студенти, второто од професори, првото почна да се активира кон средината на октомври, второто пред 2 недели). Прави разлика, да не морам веќе да ти објаснувам. Плус, отпосле се поправија Професорски пленум, и јасно е дека ова е грешка прво на Ванковска, како да се збуни буквално, изненадена беше, како и да е. Тоа е работа на Професорскиот пленум и ние не се мешаме во нивните интерни работи.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Не се согласувај со неговата политика и идеологија и јас не сум еден од тие али дека човекот е оратор невиден неможеш да му оспориш.Да зборуваш 1 саат и 30 минути без да читаш од лист пред тебе и тоа течно и поврзано е тоа тие ораторство.Дади ми еден говор било кој каде Љубчо чита те частам кригла пиво.
Груевски зборуваше 20 секунди денес. И во тие 20 секунди направи се што сакаше да постигне со законот. Го урна кредибилитетот на институциите кои професориве ги претставуваат.

Љубчо, со саат и пол романтизам без читање, успеа да изгуби власт за година дена. Ораториште.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ок изглеа не сме се разбрале, ја мислев дека твојот пост е да ги браниш за тоа што не отидоа во Собрание.
!
Не ни се толку различни ставовите ко што ти делува на прв поглед. Јас сакав и друг аспект да покажам од она што се случи.
Иако ќе кажам, после ова денес, џабе и на Студентски пленум, кои со активирањето на Професорскиот пленум некако заспаа, веројатно очекувајќи дека авторитетот на професорите ќе постигне нешто.
И Студентскиот пленум заспа, реално. Сега сакаме да ги браниме, на сите ни се симпатични, ама и они изгубија на кондиција малку.
Затоа сум против хоризонтални организации. Секое движење мора да има лидер и претставник. Она другото фино, филмски и идеолошки звучи, ама не може со машина и структура на власт да се бориш без јасно поставена структура. И они малку залутаа. :)

После ова денес, според мене, се е готово, толку беше. :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Оваа Ванковска се стопи кога го виде премиерот, како да животна желба и беше да го види премиерот на метро од неа па се сврза и незнаеше што зборува.. дури и прифати некаква си дебата за 1 саат :facepalm: како и да е настрана ова не гледам што толку ги закопаа студентските/професорските организации, и без ова законот ќе беше донесен и ќе поминеше во сообрание јасно ни е тоа.

Овие од ДУИ секое второ излагање во јавност им е епик фејл киксови па пак ете ги 2-3 мандата во ред во влада..
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Се трудиш да објаснуваш на човек што белото ќе го вика црно ако му кажат од штаб? Не се труди залудно.
Јбг, имам надеж дека луѓето можат да бидат разбрани ако им се објасни поубаво, али тешко иде.

Иначе @Bojan Van Buuren не знам како го спои тоа дека де факто се исто движење. Ако С.Пленум поздравил формирање на П.Пленум не значи дека е истото. Или подржал, сеедно.

До некаде ќе се сложам со @Атомската мравка. Зошто? Викате ова е поен за Грујо? Досега колку поени имаше Студентскиот пленум? И какво фајде видовме од тоа?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Оваа Ванковска се стопи кога го виде премиерот, како да животна желба и беше да го види премиерот на метро од неа па се сврза и незнаеше што зборува.. дури и прифати некаква си дебата за 1 саат :facepalm: како и да е настрана ова не гледам што толку ги закопаа студентските/професорските организации, и без ова законот ќе беше донесен и ќе поминеше во сообрание јасно ни е тоа.

Овие од ДУИ секое второ излагање во јавност им е епик фејл киксови па пак ете ги 2-3 мандата во ред во влада..
Ги делегитимираа и на јавноста и покажаа кој е главен и дека тие како професори не се воопшто организирани.
Законот ќе беше донесен секако, ама вака си испраа раце пред народ. Тоа си се стандардни политички финти на кои паднаа професорите денес.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Факт е дека правдајќи се законски одредби професорите нема ништо да постигнат. Факт е дека си пукаа во нога. Ако влада буткаат закон кој е противуставен дали мислат дека ќе им е гајле за некоја одредба за тоа каде и како се организирале дебатите. Факт е дека борбата за законот одамна се претвори во PR војна која денес ја доби Груевски за 20 секунди. Пред цела јавност ги покани на дебата, им дозволи да бираат место и колку и да тоа беше уличарски направено и несоодветно ниту за неогвата позиција ни за ситуацијата во која се наоѓаат, он излезе и им го понуди она што го бараа 3 месеци. И овие го одбија. Тоа е. Ме заболе да ти кажам искрено за професорите, нека им напукаат 10 трудови со имапкт фактори, заслужуваат ебате неписмените. Само ми е жал што им го уништија прогресот на студентски пленум кои толку чисто и толку пожртвувано го градеа сиве овие месеци. Пу.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Иначе @Bojan Van Buuren не знам како го спои тоа дека де факто се исто движење. Ако С.Пленум поздравил формирање на П.Пленум не значи дека е истото. Или подржал, сеедно.
Па кога заедно излегувааѕ на пленум пред Собрание, кога заедно настапуваат, кога излегуваат со заеднички соопштенија таков е впечатокот.
Муабетот ми беше дека самите во јавноста создадоа една слика дека Студенски пленум = Професорски пленум.
Може сеа да се убедуваме дека е или не е така, ама прашај некој рандом студент и ќе видиш дека студентски и професорски пленум ќе ги поистоветуваат. Никој друг не ја создаде таа слика, туку самите актери и тоа свесно.
Ако до сега Студентски пленум не потенцирал дека се различни од Професорски пленум, баш едно такво соопштение со кое ќе се потенцира разликата според мене би било обид да се спаси тоа што може да се спаси. Требаа да бидат паметни и одма уште при формирањето на Професорскиот пленум да се потенцира разликата.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.286
Поени од реакции
4.523
Викате ова е поен за Грујо?
Професорите можеа барем да ја направат дебатата колку-толку непријатна.
Не гледам и разбирам што имаат да дебатираат деканите, ако на пример од 100 професори на еден факултет 95 биле против овој закон? Сите факултети пратија дописи со објаснувања зошто се против.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom