Не верувам дека ќе ги забранат, а и сметам дека не би требало(иако ми се крева коса на глава од нив) треба да се намалат количински, по извесно време луѓето и така ќе се заситат,(како што се случи со шпанските серии) само се прашувам што ќе следува после тоа.
Што ми пречи мене кај турските серии:
Синхронизацијата е ужас, од кога почнаа да ги даваат на тв видов по некој епиозда да видам што е и се прснав од смеење, викам кој нормален оваа ке го гледа без смеење и се изненадив кога видов колкава гледаност има,разбирам дека гледаат и постари луѓе што не гледаат убаво ама не знам дали е толку до глумците или до едитирањето ама стварно ко воопшто напор да не вложуваат.
Друга работа што ми пречи кај синхронизацијата е што барем со шпанските серии научивме шпански да збориме, со турскиве синхронизирани серии само гориме мозочни клетки се чини.
Единствентата позитивна работа што можам да ја видам кај турските серии е што барем содржината не е толку предвидлива како кај шпанските серии. (главната хероина е најдоброто суштество што газело по земјата, таа е најубава затоа ја сакаат сите мажи и ја мразат сите жени, таа или некој друг од главните ликови е сиромашен ама ќе се докаже дека уствари потекнува од богато семејство, сите се исповедаат на слугите, секогаш има некоја заводничка што ќе го лаже главниот машки лик дека е трудна да ги раздели од девојката во главна улога, секогаш има некој ненормален лик, некој има амнезија, на крај лошите ликови си го добиваат своето, а добрите живеат среќно засекогаш и слични предвидливи глупости.) Турскиве серии некако како повеќе па да маваат на трагедии и не секогаш имаат среќен крај.
Side note: како и од муабет за турски серии луѓе навлегуваат во политички дебати is beyond me.