Ќе добие ли Македонија визна либерализација до крајот на 2009?

Ќе бидат ли укинати визите до крајот на 2009?

  • Да

    Гласови: 66 48,2%
  • Не

    Гласови: 71 51,8%

  • Вкупно гласачи
    137

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Уште минатата недела ти пишав порака за извештаиве затоа што ми беше многу чудно,кај нас се скапаа од трубење за симнување на визите,додека во ниеден еу весник ,ниту пак на сајтот на еу имаше нешто за визната либерализација за Македонија.:toe:
Од овде произлегоа тие информации за укинување на визите:

Европската иницијатива за стабилност
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
визна либерализација за Македонија ?????? добро бе....до кога ќе се глупирате???? ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА...НЕМА ТАКВО НЕШТО.....за некоја друга "вештачка " времена творба...??? и за неа не верувам......ќе мора да се праат аншлуси...
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Тивко одлагање на одлуката за визите?:nerv: :nerv: :nerv: :nerv: :nerv:

Тивко одлагање на одлуката за визна либерализација во ЕУ. Европските земји членки на денешниот амбасадорски состанок го примија мислењето на Европската комисија за реформскиот напредок на земјите од регионот, но одлучија да го презакажат состанокот за 2. јуни.
Денеска тие требаше да дадат начелно свое мислење за визите, но од Европската комисија побараа уште време да оформат став, пренесува за А1 европски дипломат кој присуствувал на денешниот состанок.
Утрово Европската комисија се огради и од извештаи кои се појавија во медиумите минатата недела и кои ја оценуваа Македонија со 5-ка за визните реформи.
Портпаролот на ЕК енергично ги отфрли оценките и порача дека процесот се уште трае.
Мислењата кои беа објавени минатата недела се лична интерпретација на тинк тенкот „Европска иницијатива за стабилност“ (ЕСИ) за наодите на Европската комисија, и не претставуваат официјален европски став.
„Нема финален извештај на Комисијата. Не знам кој што известил или објавил, се објавуваат најразлични документи постојано, но тоа не се секогаш документи на Комисијата“, изјави Микеле Черконе, портпарол на ЕК.
„Официјалниот извештај попладнево ќе им го претставиме на земјите членки, ќе го слушнеме нивното мислење и потоа ќе добиеме финален извештај кој ќе и го доставиме на администрацијата на Советот“, додаде Черконе.
Дипломатите во Брисел велат дека извештаите не се конечни и дека се може да биде модифицирано во последен момент.
Иако е сигурно дека Македонија е најдобра во регионот, разочарувања се можни ако се форсираат точни датуми за укинување на визите, велат од ЕУ.
Топката е во рацете на земјите членки на Унијата, тие го имаат крајниот збор. Денеска тие побараа уште време за визната либерализација на Западниот Балкан.
Кој да биде крајниот исход од внатрешната дебата на ЕУ за визната либерализација, Македонија ќе биде меѓу првите кои ќе можат да патуваат без визи низ Шенген зоната.
Останува сега земјата да презентира навистина чисто кристално досие и да работи на последните недостатоци.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109063http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109063
 

illusioner

Happyrotter
Член од
20 јуни 2007
Мислења
774
Поени од реакции
15
Колку се само лукави,пуштија пробен балон или ко абер дека ке го скинаат визниот режим за да видаат како ке изреагираме...ние нормално со радост го дочекавме,видоја дека и на овој план може да не уценуваат и чичо Бранко им се јави на овие буљаши од Брисел и им рече На кого ке кинеш бе ти виза?
Кој ке го собори Грујо ајде баталете тоа кинење виза и така и бидна не треба да си посебно ителигентен да ги сватиш овие игри без граници
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
најнови вести:БЕЗ ВИЗИ НАЈДОЦНА ОД 1 МАРТ 2010 год, а можеби и по касно не се знае .......................
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
jas mislam deka ke bidat ukinati
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
најнови вести:БЕЗ ВИЗИ НАЈДОЦНА ОД 1 МАРТ 2010 год, а можеби и по касно не се знае .......................
Не сакале да создадат несакани политички или безбедносни проблеми, ако ги укинат само за Македонските граѓани.:pos2:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе си играте со умот “бајрам“ или што?Па визите за Македонските граѓани нема да бидат укинати и доколку станеме членка на ЕУ,зар им поверувавте на Боцевски и Јанкуловска?:tapp:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Без визи најдоцна од 1 март

Македонија е сигурен добитник на најбрза визна либерализација од сите земји во регионот, која би стапила во сила најрано на 1 јануари, а најдоцна на 1 март 2010 година, но ЕУ нема намера другите балкански земји да ги остави без визни подароци.На понеделничкиот состанок помеѓу Европската комисија (ЕК) и земјите-членки посветен на визите била спомната глобална одлука за визно ослободување за целиот регион со примена што би се приспособила на брзината на бараните реформи за секоја земја посебно. Македонија го има в рака билетот за првиот вагон на визната либерализација. Тука нема сомневање. Нејзината примена зависи делумно од фактот што ЕУ ја има предвид рамнотежата во регионот, која со укинувањето визи за само една земја би можела да биде нарушена - објаснува европски дипломат, кој уште тврди дека станува збор за значајна одлука, која ќе има влијание на целата ЕУ и мора внимателно да се донесува.

Продолжува текстот....
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
ama ako de ke odlu4at toa ne e problem hh :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За визната либерализација на 15-ти јуни

Одлуката за укинување на визите за земјите од Западен Балкан ќе биде донесена на идниот состанок на шефовите на дипломатиите на државите- членки на ЕУ на 15-ти јуни во Луксембург, јави австриската новинска агенција АПА. Реално е дека граѓаните на една до три земјии кон крајот на оваа или почетокот на идната година ќе бидат ослободени од визи, изјави за агенцијата неименуван дипломат од Европската унија, пренесе Танјуг. Според него, во моментот се водат дискусии дали ќе биде применето т.н. решение во пакетт или одделно. Засега е речиси сигурно дека на Македонија ќе и биде укинат визниот режим, а добри шанси имаат и Србија и Црна Гора, додава АПА.

Извор Вест....
Ајде малку позитивно расположение...

Според мене 96% е сигурно дека ќе ни ги укинат визите...

Конечно ќе можат да ми идат гости од Македонија...без бирократски срања , молење и плаќање..
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Без визи најдоцна од 1 март

Македонија е сигурен добитник на најбрза визна либерализација од сите земји во регионот, која би стапила во сила најрано на 1 јануари, а најдоцна на 1 март 2010 година, но ЕУ нема намера другите балкански земји да ги остави без визни подароци.На понеделничкиот состанок помеѓу Европската комисија (ЕК) и земјите-членки посветен на визите била спомната глобална одлука за визно ослободување за целиот регион со примена што би се приспособила на брзината на бараните реформи за секоја земја посебно. Македонија го има в рака билетот за првиот вагон на визната либерализација. Тука нема сомневање. Нејзината примена зависи делумно од фактот што ЕУ ја има предвид рамнотежата во регионот, која со укинувањето визи за само една земја би можела да биде нарушена - објаснува европски дипломат, кој уште тврди дека станува збор за значајна одлука, која ќе има влијание на целата ЕУ и мора внимателно да се донесува.

Продолжува текстот....
Македонија го имаше и билетот за НАТО во ЈАТО,ама испадна “грдото пајче“ па не го качија во возот,а па камо ли во првиот вагон.Изјавите на владините представници и по некој маргиналец од ЕУ парламентот никој не ги смета за озбилни,затоа што се со очигледно популистички намери,без аргументи и со крајно тенденциозен пристап,само за да ја зашеметат малку Македонската јавност,во време кога внатре во државава се трошат енормни пари за мегаломанскиот буџет,досега невиден на овие простори.
Граѓаните пак,лесноверни како и досега,со Шведмилк,НАТО,музеи,или скулптури но и цркви со џамии а сега со визнава либерализација многу полесно ги примаат ударите од сопствената власт,со надеж дека ќе добијат малку слобода од ГЕТОТО,најпрвин за 2009та,што се пролонгира за 1 Јануари 2010,за сега да се помести таму некаде кон Март или средината на 2010та,а доколку се одлучи да ги почекаме Србија,Црна Гора,Албанија и Босна,визната либерализација ќе стигне во 2012 година,а можеби и во 2014 за кога е реално да се очекува дека половина од земјиве веќе ќе бидат во ЕУ,вклучително и Македонија.Нешто слично беше и со пристапот за во НАТО кога нашите лажливи политичари ни брмчеа секојдневно,дека пристапот во НАТО е веќе завршена работа ама испадна “ништо од бизнисот“ и покрај нашата кооперативност и сервилност.:toe:

За визната либерализација на 15-ти јуни

Одлуката за укинување на визите за земјите од Западен Балкан ќе биде донесена на идниот состанок на шефовите на дипломатиите на државите- членки на ЕУ на 15-ти јуни во Луксембург, јави австриската новинска агенција АПА. Реално е дека граѓаните на една до три земјии кон крајот на оваа или почетокот на идната година ќе бидат ослободени од визи, изјави за агенцијата неименуван дипломат од Европската унија, пренесе Танјуг. Според него, во моментот се водат дискусии дали ќе биде применето т.н. решение во пакетт или одделно. Засега е речиси сигурно дека на Македонија ќе и биде укинат визниот режим, а добри шанси имаат и Србија и Црна Гора, додава АПА.

Извор Вест....
Ајде малку позитивно расположение...

Според мене 96% е сигурно дека ќе ни ги укинат визите...

Конечно ќе можат да ми идат гости од Македонија...без бирократски срања , молење и плаќање..
Финтите со неименувани дипломати на ЕУ можат да му ги продаваат на мали деца,и политички слепци.Толку од позитивното расположение.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom