- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
„ЕУ Обсервер“: Македонија, Србија и Црна Гора на „белата шенген листа“ до крајот на годинава
17/06/2009 09:13:00
Големина на фонт:
По одлуката на Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, се отвори можноста до крајот на годинава да се завршат сите фомалности за укинување на шенген визите за граѓаните на Македонија, на Србија и на Црна Гора, објавува бриселскиот интернет сајт „ЕУ Обсервер“.
Шефовите на дипломатиите на ЕУ побараа од Европската комисија да подготви предлог за безвизен режим со земјите од Западен Балкан кои ги исполнија условите. Еврокомесарот за проширување Оли Рен најави дека тоа ќе се случи во јули пред летните одмори. Останува да се добие мислење од Европскиот парламент и од државите членки на ЕУ. Штом се добие зелено светло од нив, Министерскиот совет ќе донесе и формална одлука за укинување на визите.
Македонија, која е кандидат за членство во ЕУ, е најнапредна во процесот на визна либерализација и ги исполни сите неопходни услови. Србија и Црна Гора исполнија повеќето од критериумите и се очекува да ги завршат преостанатите обврски до крајот на годинава, пишува „ЕУ Обсервер“.
ALSAT-M
Иако досега само негативни вести ни стигале од ЕУ мислам дека визната либерализација е се по извесна...
Ова ќе биде голем чекор за сите нас и мислам дека на основа на тоа кај многумина ќе се променат ставовите и перцепцијата за промена на името...
Јас сум оптимист по оваа прашање и мислам дека по ветото за прием во НАТО каде што апсолутно го заслуживме своето место, по постојаното наметнување на нови услови за отпочнување на преговори со ЕУ , за визната либерализација ќе нема изговор...
Единствено што може да не сопне да сакат да не бутнат во пакет со Србија и Црна Гора...Иако мислам дека и овие две држави ќе добијат либерализација...Тоа би било добро за регионот..