Македонија го имаше и билетот за НАТО во ЈАТО,ама испадна “грдото пајче“ па не го качија во возот,а па камо ли во првиот вагон.Изјавите на владините представници и по некој маргиналец од ЕУ парламентот никој не ги смета за озбилни,затоа што се со очигледно популистички намери,без аргументи и со крајно тенденциозен пристап,само за да ја зашеметат малку Македонската јавност,во време кога внатре во државава се трошат енормни пари за мегаломанскиот буџет,досега невиден на овие простори.
Граѓаните пак,лесноверни како и досега,со Шведмилк,НАТО,музеи,или скулптури но и цркви со џамии а сега со визнава либерализација многу полесно ги примаат ударите од сопствената власт,со надеж дека ќе добијат малку слобода од ГЕТОТО,најпрвин за 2009та,што се пролонгира за 1 Јануари 2010,за сега да се помести таму некаде кон Март или средината на 2010та,а доколку се одлучи да ги почекаме Србија,Црна Гора,Албанија и Босна,визната либерализација ќе стигне во 2012 година,а можеби и во 2014 за кога е реално да се очекува дека половина од земјиве веќе ќе бидат во ЕУ,вклучително и Македонија.Нешто слично беше и со пристапот за во НАТО кога нашите лажливи политичари ни брмчеа секојдневно,дека пристапот во НАТО е веќе завршена работа ама испадна “ништо од бизнисот“ и покрај нашата кооперативност и сервилност.