Почнав да читам на темава и видов дека многу од вас немаат позитивно мислење за господинот Георгиевски. Јас разбирам дека секој има свое политичко мислење но сите знаеме дека на начинот на кој вие го искажувате вашето мисљење е на многу сељачки начин, затоа ако имате аргументи кажете ги, ако не не морате да се понижувате самите себеси.
Инаку јас имам неколку прашања до вас:
1. Дали некој од Македонската јавност го има видено “мистеризниот“ бугарски пасош? А инаку кажете ми колку граѓани на Република Македонија и познати фаци имаат странски пасоши? Дали Срѓан Керим предавник затоа што има германски пасош? Иако секој граѓанин е загарантиран со право на избор на националност, некои пак го осудуваат, еве за сите тие да се потсетат што е домкратија:
http://www.un.org/Overview/rights.html#a15.
2. Кажете ми еден потег на Георгиевски, во неговото владеење од 1998 до 2002, со кој ја доближил Македонија до Бугарија?
3. Да се вратиме малку назад во историјата, во 1990 кој беше човекот кој го иницираше осамостојувањето на Македонија(додека сите други беа СРБИ)?
4. Кажете ми дали некој од вас има прочитано говор или мислење на господинот Георгиевски и дали знаете кои се неговите идеи за Македонија(малоумните пак ќе речат дека сака да не спои со Бугарија)?
5. Дали воопшто некогаш сте разговарале со Георгиевски?
6. Кажете ми колку историски обележја се обновиле од 2002 па наваму?
7. Еве сега кога Георгиевски не е на сцена, кажете ми дали сме понапред? Дали добивме покана за преговори за ЕУ? Дали имаме визни олеснувања? Дали стандардот ни е подобрен?
Ова е за сега, баш ме интересира каков ќе биде вашиот одговор!