Љубовта нè менува?

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Па да, може на позитивно да ти го смени карактерот, начинот на однесување. Ако се погоди партнерот (девојката), да биде понежна,смирена, со добри навики, дефинитивно дел од тие нешта ги пренесува на мене и јас со задоволство ги прифаќам. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не менува и тоа како. Понекогаш дури ни самите не сме свесни за тоа затоа што во најголем процент и не се осеќаме нешто посебно сменети, но затоа пак другите уште од далеку можат да ја забележат нашата промена како што можеме ние нивната. Зборувам карактерно, значи се менуваме ние самите на некој начин за некого позитивно за некого негативно и сето тоа го правиме несвесно. Додека пак менувањето на стилот на облекување не го сметам за некое карактерно менување затоа што облеката може да се смени само свесно, не и несвесно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.138
Поени од реакции
163
Ne menuva, nekoi pomalku nekoi poveke, no vo sekoj slucaj prai nekoa promena kaj nas. Mozebi ponekad sami ne zabelezuvame deka sme promeneti, no nasata okolina go zabelezuva toa.
 

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Воопшто неможе да ме промени.Нормално , секогаш постои компромис , но тој не значи целосна или пак делумна промена на карактерот.Сите си имаме свое ЈАС и тоа не би требало да се менува заради особата со која сте.Точно дека неможете да се однесувате како претходно кога сте биле соло , но затоа пак не треба да се промените од корен...Нелогично ми е тоа...:helou:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Оу, yes it does change us. Ама ако, се е на позитивно. :pipi:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
WOOOOOW !! Темавва ...
Жив пример ејјј, имам треба некогаш да снимам. Другарми мој, си фати женска де, и чудо невидено. Се промени одеднаш, сега тоа е нормално дека имаш женска нели ти кај неа она кај тебе, и си тепаш време. И сега си седаме онака у маало и сите нели се договараме да слегнеме да прошетаме на доле, оп женската на другар ми му вели ''ти не одиш никаде'', сите зачудени помалку насмеани демек на шала. Помина време требаше да одиме надоле, уп другаров нејке да дојде, не што нејке туку ја слуши партнерката. ХАХА

Има уште многу примери сега мрзе ме да ги напишам, ама во овој пример партнерот да ми команди што да правам посебно кога сум машко, уф уф ма немој.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Нормално дека љубовта не' менува, дали во позитивна, дали во негативна насока, тоа е неминовно. Мене на пример чудно ми било некој да се заљуби и да биде во врска а притоа да не промени ни дел од себе, своето однесување или своите навики. Всушност во таква ситуација не станува збор за љубов.

Некои кажувате за крајности како промена на стилот на облекување, некои го променуваат и друштвото бидејќи на партнерот не му се допаѓа старото, некои слепо му веруваат на партнерот иако тој е веќе прочуен "варач" но сето тоа се негативни влијанија кои може да ги донесе една врска (затоа внимавајте да не влегувате во таква :wink:), меѓутоа доколку успееме да ги сите откриеме оние убави реперкурсии кои ги носи една врска- како поголема самодоверба, посветеност, сигурност, пријателство тогаш таа промена позитивно ќе се одрази и врз нашата личност и градењето цврст карактер:pipi:
 
O

Out Boy

Гостин
:helou: Менува! И тоа како. Посебно кога човек првпат вистински ќе се вљуби, онака, од дното на срцето. Мене толку многу ме менува на позитивно, што таа енергија им ја пренесувам на блиските. Е тоа не може да се сокрие :pipi:

Лошото е кога ќе се појават сомнежи...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
Да менува, но секако позитивно... се обидуваш да си подобар во секое поле. :smir:
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
па сега зависи личноста во која сме заљубени... има луѓе кои сакаат да прават глупости... има луѓе кои сакаат ептен чисту ( хигиенски) лица... има секакви лица... и според личноста која сме се заљубиле .. ние со цел да се покажеме ги правиме работите што таа-тој ги сака .. тиа можат да бидат позитивни или негативни:toe:
љубовта нема граници
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Не се сменив воопшто.

- порано, кога не бев заљубен, не ми беше значајно кој што мисли... сега има една друга личност која ја консултирам редовно за своите постапки, зашто сака да знае
- порано мислев дека никој не ме сака... сега знам дека некој ме сака, зашто е тука и тоа ми го покажува од време на време, за да не заборавам
- порано мислев дека сум невидлив... сега знам дека ме забележуваат, зашто така се однесуваат
- порано мислев дека ќе умрам сам и несреќен... сега мислам дека тоа нема да се случи, зашто барем една посебна личност сака да остане со мене
- ...

Јас се немам сменето воопшто. Само светот се промени околу мене, од кога се заљубив. Му текнало значи на светот... Добро де, секогаш може да се каже дека сега со други очи гледам, ама сè е релативно, нели? :smir:
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
Љубовта не менува и тоа многу иако понекогаш тие промени се полека дури невидливи за на крај да се покаже резлутатот.
Љубовта може да не смени и на подобро но може и на лошо во зависнот каков ние партнерот.Какви вредности крие, каков му е неговиот карактер неговите особини.
Понекогаш и кога се менуваме на полошо заслепени од љубовта можеме тешко да забележиме дека се случуваат промени кои водат кон пропаст.
 
O

Out Boy

Гостин
Драга,
пред 5 години, отидов да чекам превоз на старата автобуска. Чекав, и чекав... и чекав. Чекањето ме убиваше.

По некои 30-ина минути, застана едно такси. Од него излегоа дечко и девојка. Тој ја испраќаше, ама не сфатив на почетокот. Му плати на таксистот, ја гушна малечката и се приближија кон перонот каде најверојатно требаше да пристигне автобусот. Народ немаше, жива душа никаде. Почнаа да се гушкаат, да се бакнуваат. Од што ми беше непријатно, се свртев некое време.

Од кај ли излезе, еден препродавач на мали транзисторчиња со слушалки, а во другата рака држеше вага за мерење. Се приближи кон двајцата. Го свртев погледот... забележав дека се гушкаа и двајцата... плачеа...

Драга, јас тогаш не можев да разберам зошто тој плаче. Тогаш сето тоа ми изгледаше детски и несериозно. Се свртев и прокоментирав во себе “...сешто.“
Тој набрзина ги избриша солзите и ја прифати понудата на препродавачот да се измерат на вагата. Му плати 20 денари и откако одби да купи од џебните транзистори, се сврте кон Неа. И продолжија да се гушкаат со солзи во очите се’ додека не дојде комбе со охридски таблички, во кое Таа се качи. Се гледаа преку прозорецот, со рацете споени преку студеното стакло, кое не им’ даваше да ја почуствуваат топлината на другиот. ...и плачеа. Плачеа како деца. И не им беше грижа дали некој ги гледа.

Драга, не можев да сфатам што се случуваше тој половина час. Годините не ми го дозволуваа тоа. Се’ до денес... денес ми е јасно дека вљубените немаат посебна душа. Тие две души се споени во едно, совршенство на природата или на Бог, ако повеќе сакаш така. А кога телата на двајцата се разделуваат, нивната заедничка душа не знае што треба да прави. Поаѓа де кон едниот, де кон другиот... а ако разделбата е долга, тогаш почнува да се раздвојува на две. А тоа боли... Денес ја почуствував таа причина за солзите на нивните очи... И навистина боли...

Збогум драга,
се читаме во некои попријатни мигови
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
мислам дека секој се менува кога веќе одлучува да влезе во љубовна верска нормално самото време го преонтираме со други активности од што сме ги имале пред да бидеме во врска а лично за мене нормално дека се менувам и јас и се привикнувам на некои работи што ги сака мојот партнер но за одредени работи остануваат непроменети се работи за принципи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom