Само помислата е доволна за мене, само што мислам на ... ТЕБЕ ...
Тоа што мислиш на мене, треба да ти е убаво, тоа што го сакаш од мене, треба да ти е убаво, тоа што го имаш со мене, треба да ти е убаво, а најубаво треба да ти биде тоа што јас мислам на тебе секоја, секунда, стотинка, десетинка ... СЕКОГАШ ...
Ти си мојот сон, Ти си мојата илузија, Ти си мојата реалност, Ти си мојата вистина, Ти си мојата иднина, и сакам само да знаеш дека после тебе, нема после ... ТЕБЕ ...
Секогаш кога сме заедно, воздухот е за мене допир од тебе. Тоа било така отсекогаш, и тоа ќе остане така ... ЗАСЕКОГАШ ...
Каде и да си, ти си мојот копнеж, сон, илузија, реалност ... ВЕЧНОСТ ...
Секогаш ќе ти бидам тој што ти дава надеж, да се чувствуваш сигурна, секогаш заштитена, и да бидеш своја во своите одлуки, без разлика колку би биле, и се болни тие за ... НЕКОГО ...
За мене времето стои, и врви само кога ќе те слушнам, видам, допрам !!!
Додека постои место во твојот живот за мене, ќе бидам среќен, кога ќе посакаш да ме слушнеш, ќе бидам посреќен, а најсреќен, најсреќен сум секогаш, секогаш кога ќе те видам, само да те ... ВИДАМ ...
Сакам да уживаш во секој миг од животот, и пресреќен сум секогаш кога тој миг, сум јас !!!
Ако мојата близина те прави посреќна, ќе ја имаш секогаш кога ќе ја ... ПОСАКАШ ...
Секоја моја мисла, секој мој збор, секој мој сон, секоја моја илузија, мојата реалност, моето срце, мојата душа, во сите нешта си Ти, и само Ти !!!
--- надополнето: 11 декември 2013 во 05:14 ---
Никој не верува дека ќе успее, дали веруваат они? Не! Само што ви ја опишавме секоја супер успешна приказна. Вистинската љубов никогаш не умира.. Таа од ден на ден станува се поголема и појака
Само ти да бидеш крај мене друго ништо не ми е важно...
Постојано може да сретнеш луѓе кои те прават среќен за миг, но најважно е да сретнеш еден што ќе те направи среќен цел живот.
Да бидеш верен не значи да бидеш глупа личност , туку значи дека си зрел и дека ја сакаш искрено личноста по крај тебе и знаеш да ја цениш тоа што го имаш по крај себе си ...
Секогаш бидете насмеани, затоа што животот е нешто прекрасно и има толку многу работи за кои можете да се смеете
Љубовта не е само едно ТЕ САКАМ.. Покажи ги своите чуства, докажи ги.. докажи дека се дел од една вистинска искрена љубов. Се што треба да направите е да ги затворите очите и да се впуштите во прегратката на саканата личност. И се ќе е повеќе од јасно.. Чувствата, погледот, допирите, бакнежите се зборовите на љубовта, тие го градат говорот меѓу двете срца.
Тоа се викаше љубов, нешто постаро од луѓето и од самата пустина, а кое сепак секогаш со иста сила избликнува кога ќе се сретнат два погледи кога и да е. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи, сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под сонцето ги има испишано една иста рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи, што се одмора и што бара богатство под сонцето зошто без тоа ниту еден ден на човечката раса нема да има смисла.
Вистинската љубов никогаш не умира.. Таа од ден на ден станува се поголема и појака
Оние кои љубат созреваат во еден ден.
Никој не верува дека ќе успее, дали веруваат они? Не! Само што ви ја опишавме секоја супер успешна приказна.
Сметам дека човек може сета своја љубов да и ја даде само на една единствена личност. Можно е да се сака толку силно што не останува ниту трошка љубов за некој друг.
--- надополнето: 11 декември 2013 во 05:15 ---
1)Штом ноќта се спушти на прозорот твој низ небесната површина ти праќам бакнеж мој, нека стигне таму каде што не можам јас и нека ти каже те сакам најмила!
2)Ако погледнеш во сонцето ќе ја видиш светлината. Ако погледнеш во срцето ќе ја видиш љубовта. Ако ја слушаш поракава ќе слушнеш кој цело време мисли на тебе!
3)Понекогаш зборовите се премногу сиромашни за да го кажат сето она што се крие во срцето. Но во моето има две мали зборчиња. Те сакам!
4)Дали е грев што те сакам секој ден се повеќе и што ми е погледот заљубен. Ако е тоа грев, Господ нема му прости на срцето што цел живот чекаше некоја како тебе!
5)Никогаш не верував дека ќе те најдам, но кога те сретнав повторно почнав да живеам!
6)Некаде некој сонува за твојата насмевка и знае дека само со твоето присуство животот има вредност. Затоа, ако се почувствуваш осамено знај дека некој мисли на тебе!
7)Ако срцево и душава не се доволни за да ти докажам дека сум целосно твој, тогаш зароби ме засекогаш покрај тебе затоа што засекогаш ќе те сакам повеќе од себе!
8)Утрово разбуди се со бисерна солза која ќе ми покаже дека плачеш од среќа што си со мене, а јас ќе ти докажам дека животот не е ист без тебе!
9)Не би сакал да сум роза што венее во нечиј двор, не би сакал да сум капка роса што се суши на нечиј длан. Само сакам да сум мал дел од срцето твое!
10)Постојат зборови кои не се кажани, постојат усни кои не се излажани, постои болка која жешко пече и постои љубов која кон тебе ме влече!