LordDragonII
Dr.Strangelove
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 10.995
- Поени од реакции
- 5.726
Во дворот имам кубик дрва, ти си моја љубов прва !- моја изрека е ова.
wowTaa bese devojka koja iskreno bez
izmami znaese da saka
Toj go unisti toa
Bese devojka koja ne znaese da
,mrazi i da bide luta
Toj ja nauci na toa
Bese devojka koja retko bese tazna,
i koja retko imase pricina da place
Toj ovaa retkost i ja
napravi sekojdnevie
Taa bese devojka koja
ne se sramese da go pokaze sreknoto dete vo nea
Toj toa dete go ubi
Bese devojka so custva
i ljubov kon site
Toj toa so eden poteg
go izbrisa
Bese devojka koja ne ja simnuvase
nasmevkata od svoeto lice
A toj tolku lesno i ja
simna.
Taa bese devojka na koja i mrakot
i bese svetol
Toj i denot i go napravi
temnina
Bese devojka koja go obozavase
zivotot i go ziveese vo sekoj
svoj zdiv
Toj,toj zdiv i go izgasna
Bese devojka koja vo srceto
imase toplina za site i go
topese sekoj led
Toj se i zamrzna .
Imase mok se da pretvori od loso
vo dobro so samo eden
nejzin poteg
Toj taa mok i ja odzema
Bese devoka koja cekorese tolku slobodno
sto se cinese deka leta.
Toj taa sloboda i ja
zarobi.
Sega taa e devojka koja izmamuva i koja zaboravi da saka.Devojka koja znae da mrazi i da se luti na sekogo za se.Sega taa e postojano tazna so pricini da se smee no sepak place.Devojka koja se srami od sebe,i koja deteto vo nea go zakopa vo najdlabokiot bunar.Devojka bez custva i ljubov kon nikogo.Nejzinoto lice sega poveke ne go krasi nasmevka,tuku nevina taga,Sega taa poveke ne go gleda denot.Za nea se e temnina.Devojka koja zaboravi deka e ziva i se izmori od borbata za pak da uziva.Sega e devojka so zamrznato srce koe nikogo ne topli i nikoj ne moze da ja stopli.Devojka bez sila a so mok se da unisti.Devojka zarobena od svojata taga,bez zelba da leta i kako nekogas slobodno da cekori.
I sto ostana od nea?
Devojka koja spie blagodarenie na nego.Saka a ne moze da se razbudi za pak da bide onaa starata.Takva e poradi nego,a toj e so nekoja nova zrtva koja e sega srekna ko sto bese i ona,no kako nea i taa ke bide mrtva.
...
Нешто ептен слично на причава погоре.Таа го заборави, тој неа не
Беа заедно, уживаа во блаженството на нивната љубов, но во текот на цела таа врска таа како да даваше секогаш повеќе дел од себе. Се трудеше да биде подобра за него, знаеше да премолчи кога тој ќе ги повреди нејзините чувства со некој неумесен коментар, а и знаеше да прогледа низ прсти кога тој ќе ја ставеше на второто или третото место на листата на неговите приоритети.
Таа го сакаше!
Го милуваше, го бакнуваше и го сакаше со сето свое срце. Тој никогаш не беше целосно задоволен, но таа несебично вложуваше време и труд во оваа врска. Секогаш беше инцијаторот на заедничките активности, неретко прва го креваше белото знаме после кавгата, знаеше да премолчи кога сакаше да вреска, знаеше да прогледа низ прсти затоа што го љубеше.
Тој за неа беше совршен, не му бараше маани, туку говореше наоколу за неговите доблести, во очите и блескаше сјајот кога велеше дека со него може да си замисли да го помине животот.
Тој не ја ценеше!
Таа за него никогаш не беше доволно добра, секогаш беше премногу слаба или премногу дебела, премногу комплицирана, бурна, на моменти напорна. Девојката по која мечтаеја половината од неговите пријатели тој ја имаше до себе, а никогаш не научи да ја цени. Се гледаше себе како да е над неа, но не затоа што навистина така беше туку затоа што таа му дозволи така да се постави.
Можеше да има повеќе!
Можеше да има многу помажествен и поугледен маж покрај себе од него, но таа уживаше во неговата несекојдневна убавина и тоа беше се што и е потребно.
Така минуваше времето, тие уживаа заедно, но проблемите и неговата тврдоглавост ја дотуркаа до крај оваа врска. Црвената граница беше помината, а битката изгубена.
Таа повеќе не можеше да биде носечкиот столб, потиснатите емоции прснаа како врел гејзер и со својата топлина изгореа многу спомени.
Помина некое време, а таа го заборави!
Но тој, тој никако не научи да живее без неа! Секогаш се сеќаваше на убавата девојка која душа даваше за него, која му дозволуваше да чекори по нејзината гордост толку време и која му подари неизмерна љубов.
И тој требаше да научи да живее со нејзините маани и да ја прифати целосно. Но предоцна ја сфати лекцијата, штетата беше сторена.