Ова ти серизен си? :nesvest:
Како бе на маж и да ми каже дека е заљубена во друг...
Стави се во негова позиција... ќе бидеш фраер и ќе одиш да се запознаеш со колегата...
Може и совет да му даде како да ја освои...
аман... :nenene:
„Дека се заљубила во друг“ е малку јако... Веројатно дека е несигурна.
Ај да се ставам во негова позиција...
<НеговаПозиција>
Ако жена ми ми каже дека се заљубила во друг, ќе ја прашам што е тоа што јас не го правам како што треба.
Значи, ако таа е со мене, а бара друг, значи јас нешто не работам како што треба. Значи, имаме проблем.
А бидејќи сме во брак, треба да го решиме заедно. И отвореноста е клучна.
Ќе било поарно ако ваквите муабети се направеле додека сме биле во врска, а не земени, зашто тогаш дури и да настанало раскинување, ќе било побезболно и поевтино, а сега ако дојде до развод, ќе треба да се плаќаат и судски трошоци. Нејсе, секоја грешка се плаќа - ако не сме правеле разговор за овие теми порано, и јас сум виновен; можеби сакала да ми каже, а јас не сум ја поддржувал да ми се отвори.
Како и да е, меѓу мене и неа има сериозен недостаток на комуникација. И нејзината иницијатива да разговараме за тоа е за секој поздрав.
А ако сум сељак и и понатаму се нервирам за тоа што таа ми го збори, значи не ги почитувам нејзините чувства и дури и не се обидувам да ја разберам. Па тогаш дури и ако ме остави, си имам сопствена вина во тоа.
</НеговаПозиција>