Види друже, срамежливоста е недостаток на храброст. Биди храбар, пријди и на девојката и заборави на срамот. Прво, се познавате лично? (ако не се познавате, мора да се запознаеш со неа и да и дадеш до знаење дека ти се допаѓа)
Второ и многу важно! Како разговараш со твоите пријатели? Девојката не е ништо посебно и таа е човек. Не се очекува од тебе да направиш којзае какви нешта за да влезеш во муабет со неа. Разговарај со неа како со другар што би разговарал. За секојдневни теми. пр. можеш да ја прашаш како и поминал денот? (обично девојките така се разборуваат и почнуваат да раскажуваат за тоа како се разбудиле, кај биле на шопинг и т.н. Тука ти е шансата, од сите нешта што ќе ти ги каже почнуваш да го развиваш разговорот) Најважен е разговор да си направите, нормален. Само без шмекерски финти, со кимнувања, праќање на бакнежи без врска и немој да ја зјапаш. Нападно е, а и не е културно. Немој многу да ја прашуваш за другарки зошто може да помисли дека се интересираш од некоја нејзина другарка а не од неа. Немој да развиваш муабет за училиште или за факултет, тоа во многу случаеви е лошо зошто кој сака да збори за оценки и професори кога излегол да се забавува. Со тие муабети влегуваш во групата на здодевни и обични машки.
Има една поговорка: Кој прв до девојката нему женска! Затоа не чекај многу, да не ти ја фати некој друг. Не се плаши и пријди.
За на крај да ти кажам, и да те корпира (што не ти го посакувам) подобро да речеш: пробав, отколку требаше да пробам!