Епа вака значи : Изгледа, не викам сигурно - сум се заљубил во една девојка што учи со мене у клас, и не знам - стварно сум збунет - дали е тоа само некоја си фатална привлечност или што е, едноставно која ја гледам - одма се "топам" (да го наречеме тоа така некако..). Пред да ми се случи ова, зборувавме на Фејсбук секој ден, ми кажуваше се за себе, и јас на неа, но некако ми е чудна : На Фејсбук кога разговараме, разговараме отворено, а во живо едвај и дали ќе разговараме, некако ме игнорира - да кажам... И јас не знам, за да и го привлечам некако вниманието, и кажав да не зборуваме веќе (сега моментално и не зборуваме). И сеа, - таа сеуште не знае за тоа (дека ја свиѓам), ја и спомнав за тоа - но таа не знае дека Таа е ТАА всушност, и сеа : Ве молам за совет, како некако да можам да ја извлечам на страна (некои предлози) и да и го кажам тоа што го чувствувам (на кој начин би било најдобро)... И дали прво како прво, направив добро што се скарав со неа, на некој начин - и како да продолжи оваа "игра" понатаму.. Ве молам помогнете ми - збркан сум целиот.. Поздрав !