Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

P

Peaceful Anger

Гостин
Поздрав до сите !

Јас подолго време го следам кајгана форумот и читам од време на време, иако до сега не сум пишувал или коментирал поради тоа што доста сум ограничен со слободно време а и динамиката на животот не ми дозволува многу време да одвојувам за седење пред ПЦ.

Имам јас еден конкретен проблем, ако може така да се нарече. Потребен ми е конкретен совет. Имено пред неколку месеци почнав да посетувам курс во приватно школо за странски јазици. Таму ми предава една професорка што е едвај постара од мене 2 години.
Мене многу ми се засвиѓа професорката, со нејзе немаме класичен однос професор - ученик, туку едноставно се однесуваме како другари значи не се персираме, слободно по име и се обраќаме и сето тоа . Сепак таа си држи една линија на не преголема блискост со "учениците" на работа, што е нормално . Нашиот однос иако понекогаш е другарски се сведува само во врска со предавањата и часовите.

Како што реков девојката многу ми се допаѓа, обично јас со девојки сум директен. Меѓутоа овој пат не е така, можеби чуствувам нешто повеќе спрема неа, па и затоа повеќе е присутен кај мене стравот од одбивање. Знаете кога и понудувам на девојка што само ми се свиѓа или не сакам ништо сериозно со нејзе веднаш идам и и понудувам, знам дека немам што да изгубам и баш ми чуе и ако ме одбие, гајле ми е. Но, овој пат не е така јас колку што можам да ја проценам ситуацијата знам дека сега ако и понудам или да се обидам нешто тоа ќе заврши со корпа , барем до толку знам да проценам ситуација дали кај некоја имам шанси или не.

Мене од секогаш ме привлекувале постари девојки 2 - 3 години постари од мене ( што нон стоп еден другар се шегува со мене ми вели : си бараш искуство :D :D ) . Реално никогаш не сум имал искуство со таква девојка, можеби затоа сега имам мали потешкотии околу дотичната. Работава е ако знам дека при нормален обид ќе ме одбие и немам шанси на таков начин, како да успеам постара девојка ( во конкретниот случај за девојката погоре) да заведам "изманипулирам" или било што за да биде работава ? Добродојдени се совети од двете страни ( машки и женски ).

Ви Благодарам
оОУ баце.. гадна ситуација... ако си бил до сеа директен биди пак директен и можеш да си бидеш ок и со корпата, а и пази ако ти дае една корпа може да биде баш ради тоа шо ти е професорка иако има нешто... така да и да ти дае корпа може да не значи корпа.

Ејј и не се затрескувај многу у неа пред време!
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
ја пак со проблем ако може да се нарече воопшто проблем...Сега ми искочи ваква ситуација другарките на мојава и пушкаат чудни статуси на фб и и велат 10 грешки што жените ги прават во почетокот на врската...Врската не треба наеднаш да ви стане единствен приоритет. Ако покажете дека имате свој живот кој си го сакате, тогаш за него вие ќе бидете поинтересна личност. Нешто вакво и сега логично е да се каже дека сигурно сакат да и кажат да прекине со мене демек она од врксата со мене ги заборавила нив така нешто..мене ми е гупо јас лично не сакам да се замарам ама де кажете шо да правам ...
Друже..од искуство да ти кажам. Ако ти значи личноста, не дозволувај да ти се мешаат. Објасни и ги работите на девојката, прави како што мислиш ти дека е правилно, а ако таа испадне глупава и потпадне под нивно влијание, не вредела.
 
Член од
8 април 2011
Мислења
17
Поени од реакции
3
оОУ баце.. гадна ситуација... ако си бил до сеа директен биди пак директен и можеш да си бидеш ок и со корпата, а и пази ако ти дае една корпа може да биде баш ради тоа шо ти е професорка иако има нешто... така да и да ти дае корпа може да не значи корпа.

Ејј и не се затрескувај многу у неа пред време!

Знам друже, работава беше за совет да не дојде до корпа.
Ама тоа е јеби га . :/

А баш би сакал да слушнам и женско мислење .
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Знам друже, работава беше за совет да не дојде до корпа.
Ама тоа е јеби га . :/

А баш би сакал да слушнам и женско мислење .
Maче слушај ваму.Оди на ризик,пробај си ја среката,ако те прифати кул,ако ти даде корпа не е една и единствена.Не е крај на светот ако не те прифати.Барем ке знаеш дека си пробал,а не да се стискаш овде што ке биде што нема да биде.Покани ја чисто онака на кафе.И тогаш пробај си ја среката.

Гуд лак.:smir:
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Kaко да го заборавам?Всушност меѓу нас и немало нешто.Само една вечер дружење,муабет,шегување,и ми остави голем впечаток па не можам да си го извадам од мислите,но за него најверојатно тоа веќе е минато определено свршено време.Мислам дека сеуште ја сакав бившата..........Дотогаш јас живеев за себе,за мојот сон,за она што сакам да бидам.И,сега се се смени.Како што велат.-Еден кажан збор може да те смени целосно :)И не можам вака да продолжам.....Сакам да си бидам старата јас.....Всушност,што правите за да не мислите на некој?
 
Си живеела порано за себе и за својот сон,епа продолжи го тоа патување кон исполнување на тоа што го сакаш.
Не дозволувај некое момче за кое мислиш дека ја сака бившата се тоа да ти пропадне.Лесно е да се каже но тешко е да се изведе но обиди се.
А од кај си сигурна дека ја сака бившата?или тоа е само твоја претпоставка?
 
Moja претпоставка.....Разбрав дека заедно биле околу 4 години. Исто така по фб неговите статуси,песни-сите се посветени,со таква содржина ко демек му фали и најверојатно се упатени кон неа....Така ми вели интуицијата,што знам,или можеби до песните е.....Згора на се,4 години?Мора доста добро да се познаваат и тешко е сепак да заборавиш нешто што станало речиси твое секојдневие.Животот навистина е кучка....Ти дава надеж,а знае дека нема да ја добиеш среќата.....Вчера се сретнавме во град и ништо,само погледи разменивме......И крај со крај,таа женската на другар му постојано ме ремчи.Мислам дека му мести некоја другарка......Дефинитивно пред еден месец не би си верувала дека вакво нешто ќе ми се случи и дека ќе седам тука и ќе дискутирам за вакво нешто.....Ова не сум јас.....А,верувај тешко е......Мене не ме страв од ова што се дешава.Мене ми е страв дека за еден момент кој не дал никаков резултат сето она што цел живот го планирам ќе ми пропадне,....
 
Штом е претпоставка не значи дека мора да е така.Ехеее и по 7 години оделе 8 ама сепак успевале да ги заборават.А статусите и песните не мора да значат ништо исто така.Ете и ти го кажа тоа и се согласувам во потполност.Интуицијата може некогаш да не излаже и се да се протолкува погрешно и да се донесе лоша одлука па после да те натера да си маваш глава во зид.Сум била во потешка ситуација пред подолг период,незнам,пред 3-4 години,ама сепак не сум дозволила се да ми пропадне во вода заради некое момче.Тоа си е твој живот и не треба да прекинеш се само затоа што си се заљубила.Утре во животот можеби ако дозволиш ти самата да ти пропадне ке биде лош чекор и ке посакаш да го вратиш времето назад.Океј сега некој ке рече љубовта е поважна што до некаде и се согласувам но ако сепак ти мислиш дека не вреди да ти пропадне сето тоа што си го планирала,исполни го сето тоа што го посакуваш.На твое место би постапила така.
А имаш и други опции.Не знам колку си спремна на ризик и да му признаеш што чуствуваш без разлика на резултатот,па можеби ке ти се исплати на крајот,а девојката на неговиот другар игнорирај ја.Таа не игра никаква улога,ако сака да му мести некоја девојка нејзино право но негово е дали ке прифати.
Одлуката е твоја сега, дали ке ризикуваш или ке продолжиш со исполнување на сонот.А и не ми е јасно,зошто би ти пропаднало?со силна волја верувам дека ке постигнеш се.

Почекај и друг совет на темава.Ова е само мое мислење.:)
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Kaко да го заборавам?Всушност меѓу нас и немало нешто.Само една вечер дружење,муабет,шегување,и ми остави голем впечаток па не можам да си го извадам од мислите,но за него најверојатно тоа веќе е минато определено свршено време.Мислам дека сеуште ја сакав бившата
Сум била,па...во скоро иста ситуација, се запознавме и остана на тоа. Бев ммногу срамежлива и не сакав да разговарам со него отворено, а после се каев...а го сакав, прва љубов. Но, денес ко ќе размислам и подобро што ништо не се деси, сега имам дечко кој е даааалеку подобар од него.
Ако навистина сметаш дека дечкото вреди и дека е за тебе, јас би те советувала да разговараш, така ќе знаеш на што си, наместо да претпоставуваш што би можело да биде...претпоставувањето ти е залудно губење време. Некогаш можеби ќе се каеш, а можеби и не, но сигурно никогаш нема да се запрашаш "што ќе беше ако се потрудев повеќе" :) . My opinion :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
не треба човек да кука по испуштените прилики секогаш ќе се појават нови прилики, сепак има судбина сакале ние да признаеме или не
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Twenty eight and still a re-tard.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.410
Поени од реакции
25.292
Kaко да го заборавам?Всушност меѓу нас и немало нешто.Само една вечер дружење,муабет,шегување,и ми остави голем впечаток па не можам да си го извадам од мислите,но за него најверојатно тоа веќе е минато определено свршено време.Мислам дека сеуште ја сакав бившата..........Дотогаш јас живеев за себе,за мојот сон,за она што сакам да бидам.И,сега се се смени.Како што велат.-Еден кажан збор може да те смени целосно :)И не можам вака да продолжам.....Сакам да си бидам старата јас.....Всушност,што правите за да не мислите на некој?
Moja претпоставка.....Разбрав дека заедно биле околу 4 години. Исто така по фб неговите статуси,песни-сите се посветени,со таква содржина ко демек му фали и најверојатно се упатени кон неа....Така ми вели интуицијата,што знам,или можеби до песните е.....Згора на се,4 години?Мора доста добро да се познаваат и тешко е сепак да заборавиш нешто што станало речиси твое секојдневие.Животот навистина е кучка....Ти дава надеж,а знае дека нема да ја добиеш среќата.....Вчера се сретнавме во град и ништо,само погледи разменивме......И крај со крај,таа женската на другар му постојано ме ремчи.Мислам дека му мести некоја другарка......Дефинитивно пред еден месец не би си верувала дека вакво нешто ќе ми се случи и дека ќе седам тука и ќе дискутирам за вакво нешто.....Ова не сум јас.....А,верувај тешко е......Мене не ме страв од ова што се дешава.Мене ми е страв дека за еден момент кој не дал никаков резултат сето она што цел живот го планирам ќе ми пропадне,....
Како можиш да не мислиш на некого? Не знам на крајот на краиштата зошто сакаш да го заборавиш? Била само една вечер, а како велат старите "една ко ниедна". Плус ништо не се десило.

Јас мислам дека ќе почниш да размислуваш за заборавање тек ко ќе го добијаш првиот шамар, ако го добијаш. Види, тоа е исто како да си во 4то одделение и се скараш со некого поради девојка. Двајцата сте се заљубиле во иста девојка. Е кога ќе го добијаш првиот шамар од посилниот кој е заљубен во неа, тек тогаш ќе помислиш како можиш да заборавиш најлесно. Ама не девојката, туку да го заборавиш шамарот што си го примил. Тек кога ќе преминиш преку тој "шамар" ќе си олесниш, и на него нема да се сеќаваш на истиот начин како претходно. Тоа е до негде и пракса и искуство.

А иначе кажи ми, каков тип е тој шо постира песни на фејсбук со посвета? Чим тоа го прави денес излезен од 4 годишна врска, тој истиот сигурно пред да си легне навечер ја сурфа фемина, натформен, кафепауза и обично чита статии - Десет начини да заборавиш девојка, 5 начини за преболување, 3 начини како бившата девојка да не ја бараш во други, итн итн....
А тоа е многу лошо.
И уште една работа. Што подолго траела врската, толку се поголеми шансите друг пат таа да се обнови.
А реченицата "Еден збор менува се", не важи за сите. За да смениш маж, потребно е друго. Колку повеќе количини - толку полесно за менување.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Kaко да го заборавам?Всушност меѓу нас и немало нешто.Само една вечер дружење,муабет,шегување,и ми остави голем впечаток па не можам да си го извадам од мислите,но за него најверојатно тоа веќе е минато определено свршено време.Мислам дека сеуште ја сакав бившата..........Дотогаш јас живеев за себе,за мојот сон,за она што сакам да бидам.И,сега се се смени.Како што велат.-Еден кажан збор може да те смени целосно :)И не можам вака да продолжам.....Сакам да си бидам старата јас.....Всушност,што правите за да не мислите на некој?
Може да се примети дека си неискусна, сеа не се навредувај, ама ќе видиш дека со текот на времето, ова ќе го заборавиш и исто ќе ти биде ситница. И после ти ако имаш прилика исто да се запознаеш со некој неискусен што те свиѓа, а ти да си со љубезно/флертувачко понашање, ќе бидеш на местото на типов, а неискусниот ќе пишува за тебе по форуми.
Колку што ти е побогат животот, толку помалце се замараш со вакви ствари, така да почни да излегуваш почесто. Нема што да бараш со типов, се глеа дека е емоционален тип што врти таков љубезен насмеан муабет со секоја. Тоа што ќе си попуштела со животниот сон или не знам што, ми укажува дека премногу учиш. Додека си дома цело време учи ако сакаш, ама навечер често излагај за да станеш фраерка што лесно заборава ко типов. :)
 
S

StormRage

Гостин
Ова и не е баш некој љубовен проблем... Се скарав со добра другарка (пијана работа) и сеа буквално нејќит ни збор да ми речит, бегат од моја близина... како да се извинам ако воопшто вредит...?
 
Ауч.Малку повеке информации?Ја навреди?Или нешто друго е во прашање?: )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom