Поздрав до сите !
Јас подолго време го следам кајгана форумот и читам од време на време, иако до сега не сум пишувал или коментирал поради тоа што доста сум ограничен со слободно време а и динамиката на животот не ми дозволува многу време да одвојувам за седење пред ПЦ.
Имам јас еден конкретен проблем, ако може така да се нарече. Потребен ми е конкретен совет. Имено пред неколку месеци почнав да посетувам курс во приватно школо за странски јазици. Таму ми предава една професорка што е едвај постара од мене 2 години.
Мене многу ми се засвиѓа професорката, со нејзе немаме класичен однос професор - ученик, туку едноставно се однесуваме како другари значи не се персираме, слободно по име и се обраќаме и сето тоа . Сепак таа си држи една линија на не преголема блискост со "учениците" на работа, што е нормално . Нашиот однос иако понекогаш е другарски се сведува само во врска со предавањата и часовите.
Како што реков девојката многу ми се допаѓа, обично јас со девојки сум директен. Меѓутоа овој пат не е така, можеби чуствувам нешто повеќе спрема неа, па и затоа повеќе е присутен кај мене стравот од одбивање. Знаете кога и понудувам на девојка што само ми се свиѓа или не сакам ништо сериозно со нејзе веднаш идам и и понудувам, знам дека немам што да изгубам и баш ми чуе и ако ме одбие, гајле ми е. Но, овој пат не е така јас колку што можам да ја проценам ситуацијата знам дека сега ако и понудам или да се обидам нешто тоа ќе заврши со корпа , барем до толку знам да проценам ситуација дали кај некоја имам шанси или не.
Мене од секогаш ме привлекувале постари девојки 2 - 3 години постари од мене ( што нон стоп еден другар се шегува со мене ми вели : си бараш искуство
) . Реално никогаш не сум имал искуство со таква девојка, можеби затоа сега имам мали потешкотии околу дотичната. Работава е ако знам дека при нормален обид ќе ме одбие и немам шанси на таков начин, како да успеам постара девојка ( во конкретниот случај за девојката погоре) да заведам "изманипулирам" или било што за да биде работава ? Добродојдени се совети од двете страни ( машки и женски ).
Ви Благодарам